Tuesday, November 10, 2009

Блогосфера

Блог? А што е тоа?


Блог, кратенка од изразот „web log”, е веб страна која обично е уредувана од еден човек која што содржи натписи, слики, видео и коментари за истите.
Тоа што еден блог го прави специфичен медиум, е слободата на изразување која што му ја нуди на авторот. Нема никаква цензура, никакви правила и можност за таен идентитет.

Дел од блоговите овозможуваат коментирање на вести од одредено подрачје, а додека други овозможуваат водење на личен дневник. Секако, дневник со случки и размислувања кои што би сакале да ги споделиме со јавноста, и за кои не би ни пречела критика или коментар од читателите.
Опцијата која што ни овозможува да коментираме и да примаме коментари за нашите постови е клучниот елемент на еден блог. Всушност тоа е и поентата на поврзувањето со останатите корисници.

Најголемиот дел од блоговите е текстуален, иако дел од нив се фокусираат на уметност (artlog), фотографија (photoblog), видео (vlog), музика (MP3 blog) итн.

Постојат различни видови на блогови, од кои како најзастапени се издвојуваат:

Лични блогови
Личен блог е дневник или место за коментирање на одредени случувања на една личност. Овој вид на блог, всушност е најзастапен на интернет мрежата. Секој блогер се гордее со својот блог, дури и тој што скоро и нема посетители. Самиот факт дека својот став го изнесуваш надвор од себе и го правиш достапен за секој жител на планетата влијае многу на самодовербата.

Бизнис блог
Иако се релативно ретки, бизнис блоговите имаат голема улога во промовирањето на една фирма. Бизнис блогот претставува врската помеѓу потрошувачот/корисникот на одреден производ /услуга и компанијата. Меѓутоа треба да се напомене дека за да се има бизнис блог не значи само да се следи трендот, туку да се има навистина квалитетен блог и кон него да се пристапува сериозно.

Блог за одговарање на прашања
Ваквите блогови најчесто служат како сервис на корисниците. Прашањата најчесто се испраќаат преку e-mail, а потоа одговорите се објавуваат на блогот.


Микроблогирање.
Претставува вид на блогирање, кој што произлегува од традиционалниот начин на пишување постови на блог. Моментално најпопуларен сервис од овој вид е Twitter.com. Суштината на ваквиот вид на комуникација е известување посетителите преку кратки пораки, објавени на ваша страна регистрирана на twitter, од било каде и да се наоѓате, користејќи разни уреди за комуникација (лаптоп, мобилен телефон, PDA...). Најсвеж е примерот со последните терористички напади во Бомбај, каде што најголемиот број од туристите го користеле сервисот на twitter за да ги известат своите најблиски дека ги преживеале нападите.

Блогосфера
е термин за означување на сите активни блогови и нивните врски.
Популарноста на блоговите ја следи Technorati, базирано врз линковите кои што водат до блогот. Според Technorati групниот блог Boing Boing е најпопуларниот блог според корисниците.

Популарноста на новата интернет генерација беше забележана и од светскиот магазин Time кој во 2006 година Wikipedia, YouTube, MySpace, Facebook, Digg, Second Life, the Linux Operating System, едноставно нарфечени „Ти“, ги прогласи за личност на годината.


Ризикување на работното место

Авиокомпанијата Delta Air Lines ја отпуштиле својата вработена Ellen Simonetti, поради објавување на фотографии на својот блог каде што се појавува во униформа, што за компанијата се било недолично
Mark Cuban, сопственик на Dallas Mavericks, беше обвинет за неговите критики кои што, преку својот блог, ги упатувал кон официјалните лица на NBA.
Mark Jen беше отпуштен од Google поради откривање на тајните на фирмата на неговиот блог. Имајќи го предвид фактот дека Google претставува синоним за добро однесување кој вработените, само времето ќе покаже дали неговата постапка се исплатела.
Кај нас, сеуште, нема некоја голема афера произлезена од исповед преку блог. Имало некои обидни, но не кренале голема прашина. Последно случување беше исповедта на еден маркетинг агент, кој како што вели “Работејќи во компанија која има потреба од ТВ рекламирање проследив барање за рекламирање во двете најпознати наши телевизии - А1 и Канал 5. Рекламирање пред вестите во 19 часот цената е 65 EUR по секунда или 3900 EUR за цела минута.
..
Разочаран, се јавувам кај агентите од ценетите телевизии да им соопштам дека не сум заинтересиран. Нормално, ме прашуваат зошто. Им ја кажувам мојата пресметка, и слушам од другата страна еден кратка и слатка насмевка..
...
Се враќам во мојот Inbox, и .....
Пишува убаво 90% попуст на цените?!
...
Не можам да не издржам, морам да прашам ... и ете така наивно кон него ...
Во ред, супер сте, цената што ми ја даде е фантастична, знам дека не е баш паметно да се прашува и полемизира на нешто што оди во моја корист, но зошто попуст ?!?
...
Од другата страна пак истата и слатка насмевка, кратка тишина и концизен одговор (просветлување). Таа цена не е за приватни Компании ?!
Аха, значи таа е за влада и владини компаниии ?! - Да, така ипаѓа, не потврдува но го дели моето мислење ...






Политички опасности

Блогирањето зане да биде доста опасно за некои политички чувствителни теми, бидејќи нивната контрола е далеку потешка за разлика од телевизијата.
За среќа кај нас, како држава со демократско уредување, сеуште не се има случено ништо што би ја загрозило слободата на изразување на блоговите, но во светот има повеќе примери каде што се осудивани и затворани блогери. На пример, во Сингапур двајца етнички Кинези беа затворени поради антимислимански забелешки на нивниот блог. Египетскиот блогер Kareem Amer е осуден на тригодшна казна затвор поради навреда на Hosni Mubarak и исламските институции.


Македонска блог сцена

Слободата на изразување што ни ја даваат блоговите кај нас, иако ретко, но засега задоволително, знаат да отворат тема која што на телевизија, како најзастапен медиум, дефинитивно би била цензурирана. Без разлика дали станува збор за лична промоција или изнесување на некој свој став кој што би можело да биде контрадикторен со ставовите на публиката.
Најдобар пример за тоа е блогот на бившата претседателка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Мирјана Најчевска.
Таа го има еден од најкотроверзните блогови кај нас. Самиот факт дека е јавна личност е доволен таа да има луѓе кои се, и луѓе кои не се на нејзина стана. Интересно е тоа што, на сите нејзини постови се “јавуваат“ голем број на читатели кои што во секој момент се спремни да ја негираат и да ја навредат. Нормално има такви кои што и даваат подршка, но сепак негативците можеби се побројни. Најинтересно за читателите е што не поставува никаква цензура. Од една страна го кажува она што го мисли (од многумина оценето како малоумно), а од друга страна ги остава и читателите да кажат што тие мислат (иако тие најчесто не се држат до темата).
Во овој контекст може да се спомене и блогот doluvlada. Уредуван од личност која е крваво настроена против минатата влада на СДСМ. За пофалба се неговата очајност и упорност, а и неговите способности со Photoshop. Но овој блог, доколку му веруваме на авторот, е пример за тоа колку може да се оди против некого кој што е над тебе, а притоа да останеш недопрен. За жал, и покрај неговата храброст да се спротистави кон нешто толку сериозно, како владејачка партија, не траеше многу. Поради заканите што му биле упатувани и тоа пред парламентарните избори во 2006 бил принуден блогот да му го препушти на друг автор, за кој се надева дека би бил похрабар од него.
Од друга страна, блоговите како оној на Femgerila, претставуваат место каде што се собират читатели и блогери да си помуабетат за сериозни и контоверзни теми, без препукувања. Чисто, интелектуално и мудро. Тоа се случуваше и со нејзиниот пост наречен “Беседа против мизогинијата“, кој што претставува одговор на текстот на митрополитот бргалнички г. Иларион, објавен во дневниот весник “Дневник“. Целата дебата, за жената, нејзините права и општо, третирањето на жената во општеството според иларион како машина за репродукција, која што недостига на ТВ екраните, беше пренесена на нејзиниот блог. Други, позитивно оценети од јавноста, блогови се: блогот на Алекс Букарски (кој го сметаат за татко на македоскиот блог), блогот на Ана Марија “македонското девојче од Полска“ (можеби и првиот вистински македонски блог), блогот komunikacii.net итн.


Што се однесува до блоговите на политичарите и нивната активност, не можеме да се пофалиме дека се многу застапени на оваа сцена, но и тоа што го имаме до сега е задоволително, на некој начин.
Блогот на Гордана Јанкуловска. Уште на прв поглед може да се забележи дека таа не го води него. Нема постови во прво лице, нема обраќање кон посетителите. Се на него е објавено во форма на известување. Сепак, добро е што постои.
Друг блог кој што го привлекува вниманието корисниците е блогот на Јани Макрадули. Еден од ретките политичари кој што блогот го користи како свој дневник преку кој што ги изнесува своите ставови.
Следни блогови кои што заслужуваат да бидат споменети се блоговите на Владимир Ѓорчев,Филип Петровски,Трајко Славески, кој што ги објавува само своите колумни и блогот на Антонио Милошоски кој што веќе неколку месеци не е “освежен“.


Правилник за блогираање поставен од Tim O’Reilly за да се зголеми цивилизираноста на блогерите:

1. Превземи ја одговорноста не само на своите збоови, туку и на коментарите кои што дозволуваш да се појават на твојот блог
2. Одреди го нивото на толеранција на навредливите коментари
3. Елиминирај ги анинимните коментари
4. Зборувај директно, разговорите остави ги за во други прилики.
5. ако познаваш некој кој што се однесува лошо, кажи му што мислисш
6. не кажувај ништо преку блог што не би го кажал и во живо.


Најпознати блог сервиси кои што можат да ви овозможат да влезете во светот на нецензурираната информација се Blogger.com и Wordpress во светски рамки, и blog.com.mk најголем македонски блог сервис.

Микроблогирање
Претставува вид на блогирање, кој што произлегува од традиционалниот начин на пишување постови на блог. Моментално најпопуларен сервис од овој вид е Twitter.com. Суштината на ваквиот вид на комуникација е известување посетителите преку кратки пораки, објавени на ваша страна регистрирана на twitter, од било каде и да се наоѓате, користејќи разни уреди за комуникација (лаптоп, мобилен телефон, PDA...). Најсвеж е примерот со последните терористички напади во Бомбај, каде што најголемиот број од туристите го користеле сервисот на twitter за да ги известат своите најблиски дека ги преживеале нападите.

No comments:

 

BLOK © 2008.