Tuesday, November 10, 2009

Социјална проблематика

Со самиот почеток на периодот на транзиција во Република Македонија , животот на македонските граѓани како да направи тотален пресврт.Од илузорниот мир и хармонија започнаа промените кои прокламираниот период на приватизација со себе ги поведе. Избраниот модел на трансформација на општествениот капитал иако неминовен, остави длабоки последици во животот на граѓаните.
Започна затворањето на фаб¬риките со кои започна да се губи и средната категорија на имотно население, а кои последици доведоа до оваа ситуација која ја имаме денес.
Нивото на невработеност како последица на непаборувачката на работна сила во Републиката денес е енормен .
Последиците се рефлектираат како врз сегашноста, така и врз иднината. Ова од причини што и голем процент од иднината на денешната младина е загрозен. Не од аспект на нивното идно вработување, туку и од аспект на елигибилноста на она што е нивни стремеж во однос на избирање на факултетот што го сакаат како нивна вокација и способноста воопшто да се запишат или реал¬ниот поттик и потреба да не се учи туку да се работи било што... Со ова како да се распаѓа ос¬новниот темел на хиерархиска поставеност и стабилност бидеќи доаѓа до дезорганизираност на функционалната поставеност на општеството. Но наспроти ова се појавува стремежот и волјата да се успее што го менува традиционал¬ното и со што како да се започнува една нова приказна која започнува да почива врз Макијавелските пос¬тулати а како резултат на соп¬ствената борба за преживување и борбата за напредок во општеството.

Социјалната категорија како да започнува и таа да се дели. Стремежи за подобрување на оваа состојба од страна на власта се започнати, нешто веќе имплементирани но сепак, остануваат уште многу социјални проблематики кои допрва треба да се разрешат. Во меѓувреме, правата кои ги уживаат социјалците се минимални а во однос на обврските во однос на давачки, скоро насекаде да се третирани како останатите граѓани и покрај нивната понеповолна состојба. Паричниот надоместок кој се до¬бива на име социјална помош е буквално недоволен само за задоволување на основната прехрамбена потрошувачка месечна кошничка, и далеку под нејзиниот лимит , а не за подмирување на некои граѓанскин обврски или како што би се рекло не дај боже заради здравствен проблем. Загрижувачка е и состојбата во однос на Ромското население, иако повторно морам да констатирам дека има забележителен прогрес и во однос на ова прашање што можеби започна како иницирана проблематика во однос на напорот што невладиниот сектор се обидува да го воспостави. Ваквиот пристап се обидува да реално се имплементира со помош на странски донаторски капитал кој на некаков начин се обидува да овозжи постепено работно оспособување, образование или давање на директна помош преку згрижувачки центри ; каков што е и примерот со новиот таков центар востановен во шуто Оризари во Скопје.
Невладината организација ,,Ромска ѕвезда,, од Битола, во соработка со ,,Форум на млади,, од Битола ,исто така се обидува да даде еден вид на ваква помош за што доколку биде прифатено, би било отворена тема во издание на Блок магазин.
Она што се јавува како реалност е дека сепак мора уште многу да се направи.
Моето правно становниште е дека за почеток мора да се одвои оваа категорија на население како прив¬илегирана и да и се до¬делат повеќе бенефиции, за да и преку даночно и општествено олеснување реално барем малку и се помогне, со што всушност би се олеснила нивната ап¬атија и борба за оп¬станок. Понатаму морална обврска е сметам да здравствено подобро ги згрижи бидејќи уставна обврска на државата е да се грижи за здравсатвената благосостојба на сопственото население. Добар поттик би било барем за младата попу¬лација да има стимул за вработување на начин што можеби вработувањето би било правно загарантирано за најдобрите и најталентираните или можеби каде возможно, барем вработувањето би се изведувало на начин што би се земало во предвид колкав број од бројноста на семејството е вработено, па каком примарни за вработување би се земале оние во кои што семејство би немало воопшто вработен. На овој начин би се намалил и бројот на корисниците на оваа социјална помош бидејќи каков услов за добивањето на овој вид надоместок е да нема вработеност во семејството односно секоја вработеност би инкриминирала невозможност за добивање на оваа државна обврска. Ова и би било совршено но Започна затворањето на фабриките со кои започна да се губи и средната категорија на имотно население, а кои последици доведоа до оваа ситуација која ја имаме денес доколку да е исполнет условот на доволна плата која пресметана во денарска противвредност да би ја задоволила месечната потрошувачка кошничка, како и обврските за совесно искористени давачки по основ на реализирани сметки. Во секој случај како што гореспоменав, остануваат уште многу проблеми кои треба да се разрешат. Фактот за енормниот степен на невработеност останува присутен и забележителен од секој аспект на живеење.
Наспроти ова, присутни остануваат и тенденциите за волја за промени но кои се рефлектираат да се правопропорционално зависни од објективната реалност. Присутни се и идеи за пристап кон разрешување но како да не е доволно развиен пристапот на комуникација и посредство помеѓу донесувањето на легислативата и начинот на кој што ова може да се изведе преку гласот на самиот народ.
И од овој аспект секако потебно е поседување на правна свест што доколку би била присутна можеби би значела промени.

No comments:

 

BLOK © 2008.