Wednesday, November 11, 2009

Национализмот како феномен на транзицијата

Растејќи во средина обременетa со проблеми од секаков вид овај феномен од поодамна е присутен и во нашата земја а посебно меѓу младите.Најекспонирани во минатото па се до денес беа момците со специфичен имиџ и избричени глави кои себеси се нарекуваат скинхедси.
Во Македонија а воедно и во Битола првите скинхедси се појавија во касните 80-ти години. Дечките својот имиџ го надополнуваа со спитфаер јакни, Др Мартинс чизми, тесни фармерки, трегери и секако избричени на нула.
Претежно беа фудбалски фанови кои како идоли ги имаа пред се Англиските а исто така беа под огромно влијание на Париските скинхедси, фанови на ПСЖ. Битно е да се напомене дека не се сите скинхедси националисти. Има голема разлика од првите скинси и денешниите кои се многу повеќе политички активни и се претежно екстремни националисти а мал број се С.Х.А.Р.П. ( skinheads against racial prejudice ) односно скинхедси против расните предрасуди. Во нашата земја најмногу можат да се сретнат во Битола, Скопје, Велес, Тетово, Кочани, Охрид... каде што впрочем и се случија различнии дејствија предизвикани од нивна страна.
Покрај кукастите крстови кои осамнаа во некои од овие градови, јавноста го памети и ланскиот инцидент кога во центарот на Охрид на тезги се продаваа маици со ликот на Адолф Хитлер кои беа повлечени откога медиумите ја информираја јавноста а никој од властите и одговорните официјално не реагираше.
Најсвеж е инцидентот кој најмногу ја потресе јавноста а се случи помеѓу Комитите и Албанското население од Нерези, при што беа повредени и преведени повеќе лица. Симптоматично во целиот случај е обвинувањето од одговорни функционери за политичка злоупотреба на инволвираните во инцидентот, а воедно сите демантираат поврзаност со агресивните екстремисти. Но таму каде што има чад има и оган и се поставува прашањето дали некој свесно манипулира со младите, со цел за остварување на некои свои интереси а притоа неводејќи сметка за општата безбедност ? Разгорувајќи ги меѓуетничките тензии и играјќи на картата на екстремниот национализам сите знаеме поучени од блиското миинато на овие простори какви се катастрофални последици можат да ни се случат.
Атмосферата инаку личеше како на бојно поле на мостот обединети нации Комитите и локалното население неколку минути се каменуваа меѓусебно а беа употребени палки метални шипки па дури и секири. Во целата гужва полесно беа повредени четири граѓани од Нерези пред почетокот на натпреварот а еден случаен минувач беше повреден после натпреварот од разгневената толпа која бараше одмазда. Жителите од Нерези изјавија дека без причина биле нападнати од Комитите кои дури и влегле во нивните домови и ги малтретирале жените и децата. Според верзијата на Комитите односно нивниот водач Мики инцидентот започнал пред натпреварот кога биле нападнати Комитите а од блиските куќи излегувале по десетина особи од една куќа и тие морале да возвратат односно да се бранат. Крајниот епилог од настанот е поднесени кривични пријави за осуммина Комити додека пак мештаните од Албанска страна кои учествуваа во инцидентот добија прекршочни пријави. Во врска со инцидентот ги пренесуваме и изјавите на претставниците на политичките партии кои беа крајно контрадикторни една со друга.
„Бараме од Владата на РМ и министерката за внатрешни работи да преземат итна акција за пронаоѓање на овие лица, било тоа да се Комити, било да се други хулигански групи, истите да се соочат со правдата“, вели Бесим Догани, Нова Демократија.„Вчерашниот случај, каде една група македонски хулигани ги тепаше Албанците сред Скопје, демолираа коли, малтретираа жени и деца, личи на Кристалната вечер во Берлин, каде Нацистите нападнаа се што не е германско, демолираа коли и домови, малтретираа и убија луѓе“, изјави Иљаз Халими, ДПА.„Надлежните во МВР морале да предвидат дека при ваков спортски настан постои висок ризик од инциденти и да ги преземат сите соодветни мерки тие да бидат спречени. Полицијата потфрли и не презема соодветни мерки“, вели Емилијан Станковиќ, СДСМ. Со писмено соопштение се огласи владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во него се вели:„Не би сакале да поверуваме дека можеби и ова е слично сценарио за злоупотреба на навивачката група Комити од страна на поединци со длабоко криминално и матно политичко досие, како случајот од пред скоро една година кога група хулигани предводена од т.н. командант Коки, близок на СДСМ и Бранко Црвенковски, се обидоа да исценираат напад врз едно дипломатско претставништво во Република Македонија“, се вели во реакцијата на владејачката партија.Најзагрижувачки во целиот настан е ненавремената реакција од полицијата која буквално бегаше во спротивна насока од инцидентот и само среќата придонесе да нема посериозно повредени.
Пред десеттина години нашата јавноста беше запрепастена кога за првпат имаше можност да дознае за инцидентите предизвикани од овие тогаш претежно малолетни лица. Помеѓу многуте нереди и инциденти најмногу прашина се крена за сквeрнавењето на еврејските гробишта во Битола кога сликите со искршени и со свастики ишарани сакрални објекти го обиколија целиот свет, потоа нападот на ромското население кога беа демолирани неколку автомобили и стамбени објекти, а пред се палењето на Албанските и Муслиманските куќи и дуќани за време на конфликтот во 2001 година. Неофицијално во јавноста тогаш се шпекулираше дека списокот на посочените објекти им бил даден од полицијата која впрочем и воопшто не реагираше додека Битола гореше. Како што напоменавме во овие инциденти покрај полнолетни учествуваа и малолетни лица.а согласно на законските одредби, против истите беа поведени малолетнички постапки и во рамките на истите им беа изречени соодветни воспитни мерки. Што се однесува до учеснииците во палежите, против истите беше поведена истрага меѓутоа согласно со законот за амнестија кој беше потоа донесен и се однесуваше за настани случени за време на конфликтот, сторителите на овие кривични дела беа амнестирани, заради што кривичната постапка против нив беше запрена. Оштетените го заджаа своето право на надомест на причинетата штета кое потоа го остваруваа во грагјанска постапка за ндомест на штета ни изјавија од Битолското обвинителство. Исто така од овластените лица кои постапувале по овие кривиично-правни настани добивме сознанија дека во одредени случаи е отежнато докажувањето на овие кривични дела а со тоа е отежнато и нивното санкционирање, од причини што често пати оштетените односно жртвите на овие девијантни однесувања како и сведоците кои се очевидци на настаните избегнуваат да дадат свои искази и да ги посочат сторителите. Причина за ваквото однесување е нивната заплашеност од агресивното однесување на сторителите и од можната опасноста да бидат ии понатаму изложени на малтретирање и напади од нивна страна.
После неколку години дивеење и десетици инциденти, беше осуден еден од лидерите на групата на казна затвор, кога веќе не им беше интересен на службите како што цинично ќе забележи Букарски на својот блог. Неонацистички симболи во повеќе наврати се истакнувани од страна на навивачката група Чкембари од кој најекспониран беше за време на финалето од ракометниот куп во Кавадарци пред неколку години каде се вееше свастиката односно кукастиот крст а полицијата беше само нем набљудувач и не превзеде буквално ништо. После тој настан беа поведени прекршочни пријави и сега ситуацијата е посмирена во однос на изминатиот период барем со јавното промовирање на националсоцијалистички симболи на јавни места.
За да ве информираме директно која е вистинската слика за оваа појава од прва рака ви ги пренесуваме размислувањата на еден наш млад сограѓанин кој се декларира како Македонски националист.
- Патриотите носат национални симболи се удираат вгради дека ја сакаат Македонија но не превземаат ништо ... За разлика од патриотите кој според нив е секој втор во државата тие превземаат нешто и имаат свои блогови, активни се на интернет а разменуваат и летоци како и книги со националистичка содржина. Понатаму ни изјави дека младите во иднина се повеќе ќе се свртат кон патриотизамот и национализмот како реакција на се што се случува во земјата а исто така владата со своето делување односно градењто на споменици придонесува за радикализирање на ситуацијата на национална основа. Покрај Македонскиот се повеќе се радикализира и Албанскиот национализам слична е и ситуацијата со Ромите и останатите националности кои живеат во нашата земја. Преку исламската верска заедница се радикализират Ромите кои тука наоѓаат чувство на припадност а сето тоа придонесува и ние да се организираме истакнува понатаму... Сиромаштијата, невработеноста и тешката материјална состојба на семејствата доведува младите се повеќе да се свртуваат кон национализмот и носат обележја од времето на националсоцијализмот како реакција на нефункционирањето на системот. Блокадата на Македонија односно изолираноста и неможноста за патуванје во други земји и размена на идеи и искуства, во период од околу 20 години сигурно е фактор плус за радикализација на ситуациијата помеѓу младите.
Екстремните националисти не се многу организирани и за разлика од екстремните левичари кои цела Битола со графити ја испишаја, свастики или кукасти крстови има многу помалку а нивни членови не се инволвирани во пишувањето, исто плакатите за бела Македонија кои осамнаа неодамна во Битола демантираше дека се нивно дело.
Од 2001 година, после воениот конфликт Македонците се радикализираја, а македонски националистички здружениија среќавам на интернет но не знам дали се активни а во Битола има едно здружение кое во својот статут го содржи зборот, радикален но не сум запознаен со некакво екстремистичко делување на истото чие име несакаше да ни го соопшти.
,,Денес во парламентот и во владата се терористите на ОНА кои на душа носат убиства и киднапирања на недолжни граѓани а бранителите кои ги жртвуваа своите животи бранејќи ја државата сега се на улица. На Македонците му е страв да поминат во срцето на Скопје односно низ чаршијата а во Тетово и цела западна Македонија се гетоизирани и смеат да се движат само во одредени кругови сето тоа доведува до развој на национализмот и кај Македонците и никој не треба да се чуди за настаната ситуација,, ни изјави нашиот соговорник.
Понатаму разбравме дека ретко кој од неговите истомисленици се членови на некои политички партии а некои се само симпатизери на партиите со префиксот ВМРО, односно ДПМНЕ и НП.
,,Ние радикалите сакаме радикална промeна на работите и целата политика и зато не ги сакаме многу партиите а во блиска иднина имам сознанија за формирање на нов политички субјект кој ќе ги обедини сите радикални сили од земјата,,. Во врска со нивното заедничко делување и соработката со политичките партии ни изјави:
Немам некои точни сознанија и најдобро е да ги прашатe директно партиите но одредени политички партии давале поддршка на некои акции но јас немам конкретни сознанија ама од никоја партија сигурно нема да признат дека поддржуваат екстремен национализам и исто така ако имаат бројни членови со радикални ставови во своите редови сигурно нема самите да одат против своето членство што би претставувало одење против самите себеси.
Покрај пропагандата преку летоци, плакати, интернет, свои блогови каде ги промовираат своите идеи а некои применуваат држење говори и јавни настапи додека најекстремните превземаат акции како дупење на гумите на колите со Грчки регистaрски таблички но јас би преферирал за ненасилни активности освен во краен случај ...
Во однос на интернационална поврзаност имаме соработка со Хрватските националисти а Македонските националисти имаат големи врски исто со Турските националисти за разлика од Европските националисти кои се главно антиисламисти. Никој не задоволен на Балканот ниту една нација и зато тоа доведува национализмот да не стивнува.
Македонските националисти не мразат никој сакаме да ни се вратат тие делови шо биле окупирани односно Егејскиот во Грција, Пиринскиот во Бугарија како и мал дел од Албанија и да бидиме во етногеогрсфските граници и воопшто немаме против никој кој што не не гиба. Грците да не ни ги праеа овие проблеми воопшто немаше да има некој нешто против нив. Ние Македонците сме мирен народ на никој ништо не му згрешивме а бевме нападнати воопшто без никаква причина во 2001 година. Се залагаме за национална слобода односно Македонскиот народ да биди господар во својата земја и социјална правда т.е намалување на социјалните разлики меѓу луѓето во Македонија како предуслов за напредок на целата земја. Не мразиме никој ниту црнци ниту евреи само несакаме утре да има неазда од било кој како во Београд што има кварт од 300 илјади Кинези. Ние самите си имаме одпојќе проблеми така да не ни требат и увозни од надвор. Доколку дојдат странци ќе се намали цената на работната рака и со евтината работна сила од надвор како прво ќе се побуниш ти или твоите родители или било кој што работи за минималец од 5 или 6 илјади денари и доколку тоа последно прибежиште биди загрозено и некој од надвор се понуди да работи за помалку сигурно ќе дојди до општо незадоволство не само кај патриотите и националистите тука кај целиот народ. Многу малку фали да се побуни народот потребна е една единствена искра или еден мал инцидент цело незадоволство да се прелее на улиците и ситуацијата да излези од контрола резимираше нашиот соговорник пред да се разделиме заминувајќи по различни патишта но со слично чувство на незадоволство и фрустрација од ситацијата во која се наоѓаме.
Оваа сторија беше поддржана од SCOOP и Данското здружение на новинарите истражувачи.

No comments:

 

BLOK © 2008.