Wednesday, November 11, 2009

АКТО 4

Четвртиот АКТО оваа година се одржа од 12-ти до 16-ти Август во Битола и во ова издание покажа дека секоја година програмата е се поквалитетна и пообемна. Вклучувајки изведувачки уметности, музика и теорија на култура, една тема ги обединуваше понудените настани – ПОКОЛЕНИЈА. Како што стои и во пишаните материјали за фестивалот, целта на АКТО е отворање на културните рамки на едно современо општество преку нивно “репоставување” и дефинирање во нов контекст.

Во старото кафуле “Al Hambra” ден пред официјалното отварање на фестивалот, дел од битолската публика можеше да се запознае со претставата Разбојници од Shiler а во режија на Младен Вукиќ-Феџа од Хрватска и тоа како прв продукциски проект на екипата на АКТО. Учествуваа актери од Скопје и Битола, а содржината на претставата остро беше нагласена на поколенијата и со високи уметнички интерпретации иако во скромни сценски услови беше изведена во еден здив. Во рамките на изведувачките уметности гостите од театарот Рама Зеница од Босна и Херцеговина ја изведоа претставата Лубовта според Шекспир и тоа на соодветен простор на содржината на претставата на олимпискиот базен. Понудувајќи креативно решение за куклен театар инспириран од берлинската панк сцена во 90-те години, театарот “Das Helmi” настапи со претставата “leon” која беше адаптација на истоимениот култен филм на Лук Бесон од 1994 г кој ненајавено сменувајки ја предходно најавената локација се одржа во просториите на “Al Hambra”. Се добива заклучокот дека визуелните уметности а пред се театарот доминираа оваа година а музиката беше како придружен дел или едноставо кажано како забава помеѓу проекциите.
Во стилот на ланската практика каде за дел од настаните не беше наведена локацијата, се одржа мулти медијален перформанс кој потпишан од словенечката визуелна уметничка Пила Русјан беше наречен “We are all Big Brother and Big Brother is just one of us ”. Иако перформансот траеше само двесетина минути неговата ефективност беше доста голема, со мала напомена дека сепак како нешто ново и иновативно со оштра критичка порака кон споменикологијата која се случува кај нас. Во овај дел на визуелните настани на фестивалот, Ана Недељкович од Србија се претстави со цртачки перформанс а педесетина уметници од Бугарија во “Al Hambra” одржаа групна изложба. Како дел од последниот ден на АКТО фестивалот во заводот музеј и галерија беше прикажан и документарниот филм “Индустриски рај, 2009” од хрватот Мартин Црталич. Од изведувачките уметности беше изведено делото на Ана Јосифовска “In & Out” а во продолжение на целиот перформанс во напуштената фабрика Свилара своја групна изложба имаа уметници од Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Косово и Македонија како еден од пообемните и квалитативни настани на фестивалот.
Богатиот музички дел го започна минатогодишната гостинка на фестивалот, Илина Ангеловска со DJ SET наречен Видеодром, а во преполното култно кафуле Vissage свој DJ set одржаа битолчанецот Сашо Рејсид, Никола Кунич и Тони Димитров.
Голем број на патници кој од Скопје до Битола ги донесе озвучениот воз со Dj SET на неколку изведувачи. Овај настан, дефинитивно во манирот на фстивалот кој поддржува алтернативни изведувачки простори, оваа година беше продолжување на традицијата од предходните фестивалси изданија. Покрај патниците, исто така многубројна публика од градот, присуствуваше на промоцијата на новиот албум на Bei the fish кој се покажа как извонредна мешавина на акустични инструменти, современа електроника, македонски и медитерански зачини и привлечен поп звук. Оваа, 2009 година нивните засега живи настапи ги надополнува Владимир Настевски на електронски тапани кој носи нова енергија и свежина во составот. Долго најавуваното гостување на белграѓаните Репетитор кој се претставија со брутален панк сет а беа претставени како алтернативен состав не ги исполнија сите очекувања на битолско-скопската публика иако беа најавувани како најважен музички исчекор во српската популарна музика во новата историја. Свој DJ set одржа и Марупос од Fresh Union.Понатаму не сваќам која е поентата да изработиш рачно 500 или 1000 постери потрошиш време, труд и средства а се со цел место едноставно да биди сложено макар се работело и за имиџ на фестивалот.
Два дена по ред, во заводот, музеј и галерија, се одржа дебата на тема ПОКОЛЕНИЈА- архиви на идентитетот, каде куратор беше Славчо Димтров во која вметнувајки ја новонастанатата политичка стуација, се поврзаа поколенијата како дел од историјата односно поново воскреснатата антиквизација што е секако новина за фестивалот и полека можи да кажиме дека доби политичка димензија и ангажираност.
Добра иновативност на фестивалот се покажа и берзата на уметнички проекти каде се посочија идеите на многу млади уметници кои се надеваме нема да останат само како безповратно ехо во старата турска касарна а позната како Музеј
Затворањето на фестивлот се случи во зоолошката градина со мултимедијалниот перформанс типичен за современата уметност наречен “Fuck up dreamer” од Јаша Мревље и концертот на The John, како и Robotek од добропознатиот состав PMG Collective. Критика од наша страна за локацијата на концертот бидејќи според светските конвенции забрането е одржување на музички настани во ЗОО градини и се надеваме дека понатаму никој нема да организира концерти блиску до зоолошката градина.
За крај, наградата "Драгиша Наневски" за интердисциплинарност, која ја доделува фестивалот за современи уметности "АКТО ја доби визуелната уметница Мета Гргуревич од Словенија за делото "World don’t come easy”.
Наградата се доделува за "инволвираност во уметноста и културата која се карактеризира со искрено, перпетуално и постојано присуство, елоквентност, позиција, холистична поетска експресија, деликатно уметничко однесување и начин на работа".

No comments:

 

BLOK © 2008.