Tuesday, January 19, 2010

Лево контра Лево

Гледајќи на телевизија пред извесно време една млада активистка за човекови права образложувајќи кој е најдискриминиран во државата, односно која категорија на граѓани одма сватив шо ќе биди темата на мојата следна колумна. Според дотичната Плавуша инаку претставена како искусна активистка од уште поискусната новинарка, најдискриминирана група на граѓани во Македонија биле ЕлЏиБи популацијата !?! односно лезбејките, геј и бисексуалците ... тропна пред цела јавност и никому ништо. Понатаму констатира дека освен неколку про-левичарски групи како нивниот Плоштад слобода кој се прослави со протестот против изградбата на храм на плоштадот во Скопје, оксиморонската Ленка, анархичните Слободен индекс и пар други биле за респект ( а демек ние останатите шо лупаме по 10 – тина год.сме статисти ) и види чудо ! требало да ги поддржи власта и останатите државни институции кои младите левичари бездушно и со сите сили ги рушат. Искрено и малку наивно се надевав на реакција по повод небулозите изречени кој шо засегат не мал опсег на граѓани како ние активистите за човекови права а посебно сите дискриминирани категории во која спаѓаме сите Ние шо неможиме да си ги оствариме своите основни права на нормален живот. Категорија на граѓани која по моја слободна проценка опфаќа не помалку од две третини од целото население.
Покрај евидентната метастазирачка невработеност, официјално од 32 % која не прави европски лидер и масата од народ шо работи ама не заработува и не добива плата по неколку месеци кои немаат пари за основните потреби, како леб и млеко за своите деца, живеат без огрев за затоплување а немал број чмаат во темница !?! (само во мојот влез 2 семејства) ко небаре сме мрачниот 19 век ... Понатаму од многуте дискриминирани категории и групи на население од различни профили мора да ги споменам Ромите како најобесправена група со еден куп проблеми и никакви услови за нормален живот. Хендикепираните и лицата со посебни потреби за кои речиси и да непостојат средства и можности да опстанат без помош од своите најблиски ... Здрав и нормален чоек, активист за човекови права а воедно претставен ко лидер на својата генерација да изјави дека најдискриминирани од сите дискриминирани во Македонија биле педерите и лезбејките е појќе од дегутантно и говори за трулежот и пред се декаденцијата во кој длабоко заглибила нашата нација и држава. И од плавуша да е премногу е.
За среќа медалот има и друга односно и своја светла страна. Организирајќи работилница за основите на човековите права во Битола за претставнички од младински здруженија на граѓани од различни националности на прашањето каде ја гледаат најголемата дискриминација во Македонија сите одговорија дека тоа е сиромаштијата,огромната разлика помеѓу богатите и сиромашните, тие шо имат и тие шо немат односно немањето на финансии за нормална егзистенција и живот.
Како ретко кога бев појќе од пријатно изненаден.Полека ама сигурно младината класно се освестува, иако не се бунтува, ретко кој можи да ја манипулира како своевремено разните лажни месии и квазилидери.
Арно ама има и постои БОГ и некоја космичка енергија која за среќа неможи никој да ја контролира. Повратниот ефект младите левичари како бумеранг го осетија за време на протестот насловен Љубовта е Љубов со цела Ел Џи Би конотација и иконографија кога протестираја верувале или не Титовите ЛЕВИ сили !? И оти изостана реакцијата на младите против постарите левичари ??? кои им го оспорија правото на парадирање низ Скопје. Па нормално против кој ќе се бунат !? своите баби и дедовци од чија колевка се испилија нашите тогашни и сегашни псеудолевичари.
Накрајот треба на сите едно да ни е јасно, неможи никогаш левичари и борци за работничките права да бидат буржоаски деца на Директори, Министри, Доктори, Адвокати или разноразни транзициски профитери, разгалени и распредни до бесвест кои невиделе мака во животот а сега ќе се борат за правата на бедните и гладните.Деца шо невиделе како изгледа фабрички погон а да не прајме муабет за Рудник, Топилница или тутун за калапење. Господа и Другари левичарство не е само да се залагате за поголеми права на Педерите, укинување на веронауката и залагање за абортус .Без поддршка на експлоатираните текстилци или ограбените млекари можите само да се сликате и да си играте виртуелни Че Гевари и прајте филмој дека сте на страната на правдата и правото како основен постулат на левицата а светлосни години далеку од вас односно против авторитетите и безмилосните капиталисти ко добар дел од вашите родители шо мајката му ја расплачија на чесниот народот и не донесоја до ова дереџе ....Ах ќе забораев да спомнам дека слободно можите да си пејте и прајте хорчиња како најкреативно и најсимпатично нешто шо сум го видел од вас.


Александар Мишевски

Христијан Илиески – Кико - Најдоброто од Македонија

Во пријатна и опуштена атмосфера поразговаравме со сигурно најтрифејниот најнадежниот и најдобриот спортист во нашата држава,интервју кое сигурно секој сериозен медиум мора барем еднаш да го направи за своите читатели



- Кога се јави љубовта кај тебе за моторите и мотокросот воедно ?

Љубовта спрема моторот кај мене се разви уште од најрана возраст односно од 5 години кога почнав да настапувам низ Македонија а потоа и насекаде во соседството на трки во Србија и Бугарија. Побитни успеси од тој период ми се шампион на Југоисточна Европа 2001 год, во младинска конкуренција каде настапија повеќе од стотина натпреварувачи и беше вистинско изненадување дете од 10 години да победи а на второ и трето место зад мене беа 5 години постари од мене учесници и беше смешно на подиумот да бидат 2 глави над мене. Тогаш возев само за да возам и победам детски и со ентузијазам. Бев три пати по ред шампиион на Македонија и како награда ја добив златната кацига.

- Како се одвиваше понатаму твојата кариера ?

Потоа почнав да возам европски натпревари и сум возел во Италија, Словенија а сум бил прв на сите трки во Грција, Бугарија, Србија, Романија и Молдавиија а во Италија бев 6 ти и то речиси без никакви услови и без тимска поддршка шо ја имат останатите натпреваручи зад кој стојат еден куп на луѓе. Досега не сум се вратил без пехар и тоа најчесто сум бил прв на пиедесталот и од отприлика 200 натпревари на 150 сум бил прв а останатите 2 или 3 место а не сум освоил медал само кога сум бил без пласман а тое најчесто се случува од технички причини односно дефект на моторот или повреди кои сум ги доживеал а се работи за интернационални настапи.

- Си освоил и се можно во Грција ?

Процентуално имам најмногу трки извозено во Грција односно околу 50 трки од кои 40 победи и тоа е државно првенство и идат гости и од Бугарија и Србија и со минимални услови успевам да ги победам а тоа мислам се должи на мојот талент. Имам многу обожаватели во Грција каде стално се веј Македонското знаме после моите победи. Сум бил прогласен исто и за крал на патеката во Грција на елиминационен натпревар од различни дисциплини, односно комбинација од суперкрос и ендуро и се работеше за вкупно 16 трки во 2 дена односно возење по дрвја и камења и бев апсолутен победник. Победив на сите трки во конкуренција на повеќе од 100 натпреварувачи од целиот Блакан и ми доделија круна која се доделува многу ретко и само за најдобриот меѓу најдобрите.

- Како реагираја Грците ?

Имам многу обожаватели таму и нема врска политичката ситуација секогаш доаѓаат да ме бодрат многу гледачи и сум давал многу изјави и интервјуа за нивните медиуми, единствено ми е мака шо не ја свират Македонската химна но го вадат нашето знаме и некогаш го пишат само името на градот т.е Битола

- Имаше авантура и во Бугарија ?

Во 2005 година заминав во еден тим во Бугарија кој ми понуди многу убав договор пред се финансиски и услови за тренинг и мотори најнови во моментот кога никој во Македонија не ми нудеше ништо а сето тоа потребно за мојата кариера. Ама се вид дека целта му е да ме елеминират да не му пречам на нивниот фаворит. Стално ми давај зарибан мотор и праеја некој местенки да невозам. Се случи еднаш да се степат буквално Претседателот на Бугарија и Градоначалникот оти јас победив, немубеше јасно како можи нивниот возач кој е победва насекаде по Европа да биди победен од мене на сред Бугарија.


- Кажи ни за некоја случка шо ти оставила впечаток ?

Во Бугарија на европски натпревар бев во квалификациите 4 ти и трикратниот Светски првак Вандерберг од Холандија кого многу го ценам ми пријде и неможеше да свати како со обичен мотор го постигнав овај резултат а во оваа прилика беше тренер во мојата категорија до 15 год а само јас бев со обичен мотор а сите беа со специјализирани мотори пример мојот ако е 5 илјади нивниот е 30 илјади евра.

- Исто разбрав дека екипно САМ на Македонија му го донесе 3 то место екипно?

Беше екипен настап и јас сам бев претставник од Македонија и повторно бев најдобар. Пример имаше 20 тина натпреварувачи од Бугарија, исто румунците ко домаќини беа бројни и овие земји беа на 1 и 2 место а Македонија со мојот успех и бодиовите кој ги донесов се искачи на 3 то место. Посебно мило ми е шо позади нас беа една Србија и Грција кои настапија со по неколку шофери.


- Имаш сеуште понуди од странство ?

Имам ама сакам да возам за Македонија и моите успеси да бидат под македонско знаме, се осеќам дека одовде потекнувам и овде припаѓам. Да ги имам сите потребни средства шо ги имат моите конкурентни од другите земји ќе бидам сигурно најдобар во Европа и во Светот. Мојата победа сакам да биди и победа на Македонија.




- Кој е приватно христијан ?

Како и секој мој врсник малку слободно време шо го имам го користам за да играм фудбал исто тренирам кик бокс а сега на зима ко ќе има снег одам на скијање. Воопшто не ми сменила популарноста и славата ништо. Бев избран меѓу врсниците односно читателите на списанието Наш свет за најпопуларно дете.

- Планови за Иднина ?

Да ја потврдам титулата Шампион на Југоисточна Европа оти лесно е да победиш ама потешко е да ја зачуваш титулата. Да возам на Европски натпревари и најбитно да ме чува господ од повреди оти е опасен спорт се случуваат потешки повреди а има и жртви. Сакам да возам пред се низ Европа и да го возам светското првенство а потоа и светското првенство. Цел тим стои зад тие возачи односно доаѓаат со шлепери со неколку мотори и сите потребни услови. Јас со овие минимални услови сум најдобар на Блаканот и меѓу подобрите во Европа со слични услови ко нив би бил сигурно најдобар и се надевам дека ќе го постигнам ако ми се овозможат интернационални натпревари.

Фолтин- Македонски звук на светското кабаре

Прават музика која е многу тешко да се дефинира, но многу лесно продира низ нашите сетила. Музика со многу силни емоции, страст, љубов и ритам која тие ја нарекуваат псевдо-емигрантско кабаре. Музика со многу зачини, која секогаш го содржи вистинскиот рецепт за успех. Започнуваат во 1995 година, во мало градче во срцето на Балканот со цел да го освојат светот. Денес, Фолтин се на добар пат успешно да ја завршат својата мисија.

Не водат на пат низ светот, кој ќе ги размрда сите наши сетила, а ќе застанеме на пет станици. За почеток ќе се качиме на брод и ќе пловиме со "Out re-mer", за да стигнеме на Медитеранот со "Архимед". За патувањето да биде уште поинтересно, ќе се качиме на магаре кое сака да стане коњ и ќе се стоплиме со јужно-американските мотиви во третиот албум на Фолтин – "Donkey Hot". Секое патување заслужува и љубовна романса, па Фолтин решија да ни приредат една таква која ќе ја доживееме преку симболот за страст и љубов без граници на Набоков – Лолита. Со "Lo-lee-ta-too" Фолтин ќе ги разбудат сите ваши сетила, ќе ги впијат сите ваши емоции и сигурни сме дека со музиката од овој албум секој од вас повторно ќе се почуствува заљубено. Ренесансата која ни ја нудат Фолтин не завршува тука, се враќаме назад во Македонија на петтата станица за да читаме љубовно писмо. "Оваа трансплантирана машина за чукање досега не типкала љубовно писмо" е врвот на развитокот на музиката на Фолтин каде што ќе почувствувате "пулс, масажа и адреналин"... Без разлика дали ги слушате дома или пак на концерт сигурно ќе ја почувствувате позитивната енергија која ја носат.

Фолтин имаа доста успешна година, со многу концерти и настапи низ целиот свет. Ги фативме на почетокот на тоа што тие го нарекуваат зимски сон, за да ни ги доловат впечатоците и искуствата кои ги добиле во текот на целата година. Се замуабетивме со двајцата Пецевци, кои ни кажаа како си поминаа во странство, која е тајната на Фолтин, за што се подготвуваат, а разговаравме и на многу други теми кои ќе се обидам да ви ги прикажам на неколку страници.


Што прават Фолтин во моментот?

Брада: Моментално, организираме свирки за на пролет. Свириме во текот на целата година и ова е период во кој што повеќе се гледаме приватно, а започнуваме и иницијатива за нови материјали.
Пеце: Самите организации за концертите одат во есен и во зима, за да свириме во пролет и во лето. Сега е време за организија, аранжмани и договори. Се работи за еден посмирен период со неколку свирки, но ние не правиме пауза, туку Фолтин да речеме, се само во еден зимски сон.


Во контекст на тоа, кој е менаџер на Фолтин?

Пеце: Фолтин нема менаџер, но има многу соработници. Соработуваме со многу луѓе кои ни помагаат и преку нив правиме договори. Немаме официјален менаџер, меѓутоа соработуваме со Анастасија од Литиум Рекордс, за која може да се рече дека ни е менаџер. Исто така работиме и сами, во зависност од обемноста на нештата. Не е така едноставно како што изгледа. Кога се работи за странство или пак за поголеми, погломазни настапи, кога има договори, потврдувања и други такви техникалии е многу полесно ако се има менаџер.


Фолтин е еден од најангажираните македонски бендови во странство, во која земја ви се најдраги настапите?

Брада: Во Либан... Па ги има многу, на пример исклучително искуство беше настапот во Divan du Monde што во превод значи Каучот на Светот, клуб во Парис кој опстојува од свирки.

Пеце: Тоа е работа која не може да се дефинира. Ако е полн клубот, ако има публика во принцип, секогаш може да има добра журка. Да не бидам претенциозен, но секогаш имало журка. Можеби не на почетокот кога ги свириме првите песни, но со самиот тек на свирката се создава добра атмосфера.


Слушнавме дека имате настапувано во затвор, какви се впечатоците од тој настан?

Пеце: Тоа е нешто што е многу интересно за да се постави како прашање, но е многу непријатно за да се доживее. Како може да биде во затвор? Кога ќе слушнеме за затвореници сите претпоставуваме дека се луѓе што направиле нешто со кое заслужиле да бидат таму, но кога треба да се свири пред нив, начинот на кој се гледаат работите е малку поинаков. Ние свиревме за затвореници кои се осудени од 3 години до доживотна робија. Тоа се луѓе кои што живеат со психијатриски надзор, со специјални брави, ходници и триста други контроли. Кога ќе застанат пред тебе, кога си во директен допир со затвореници, не гледаш на нив како на злосторници туку како на луѓе кои како да се испрани во мозокот. Тие се многу приземни луѓе кои што се прочистуваат од надворешниот свет. Ова големо брзање кое што постои кај нас, таа динамика на животот која ние ја доживуваме кај нив ја нема. Тие се на некој вид на терапија, многу се тивки и ретко искажуваат емоции.

Брада: Кога настапивме тие ни аплаудираа, но се чувствуваше голема контрола врз нивните емоции. Ја немаа таа слобода да ги искажат своите чувства, како што тоа може да го направи публиката на било кое друго место. Не можеа да уживаат во музиката, мораа мирно да седат, што наликуваше на театар. Ние настапивме во најмодерниот затвор во Париз, таму имаше игралишта за кошарка, имаа дури и печатница во која работеа. Но сепак, затворот е затвор, самото влегување таму позади решетки ствара една тензија. Имаше затвореник кој беше осуден на доживотна робија, кој ни се извини затоа што не можел да присуствува на нашиот настап, зошто бил зафатен.


Во вашиот последен албум "Оваа трансплантирана машина за чукање досега не типкала љубовно писмо" се чувствува некаква промена, некаква „македонштина“. На што се должи тоа?

Брада: Некако природно дојде до тоа. Ние имавме потреба да го направиме тоа затоа што ние тука живееме. Јас чувствувам македонштина од првиот па се до последниот албум, без разлика дали е македонски јазик, без разлика дали е есперанто... Луѓето веројатно го чувствуваат тоа затоа што е на македонски јазик.


Во песните на Фолтин ги среќаваме како мотиви Лолита, Дон Кихот, Везилка, па и стихови на Пјер Д Ронсар. Колкава е поврзаноста помеѓу литературата и музиката на Фолтин?

Брада: Голема... Како со литературата, така и со филмот и филозофијата.

Пеце: Секој наш албум носи своја приказна. На нашите албуми стои една кратка реченица која ја опишува приказната на албумот. Таа приказна се шири низ целиот албум и секој може да ја почувствува. Велат дека сите наши албуми се различни и дека сите албуми личат на себе. Така за пример Дон Кихот или Донки Хот има примеси на некакви шпански и јужно амерички зачини. Секој што ги слуша Фолтин може да осети детали од разни елементи, не само од музика туку и многу други нешта.


Пред извесно време победивте на World song contest. Може ли да ни кажите нешто повеќе за тоа?

Пеце: Тоа е конкурс на кој треба да се пријави песна. Ние не ја понудивме песната, ја понуди еден тип кој сеуште го немаме запознато.


Дали Фолтин имаат порака во својата музика?

Пеце: Фолтин немаат политичка порака. Се работи за чувство, чувството може само да се доживее. "Да зборуваш за музика е како да танцуваш за архитектура." Не сакаме да ги оптеретуваме слушателите со некои квази вистини и пораки туку повеќе сакаме да ги прикажиме нашите емотивни доживувања.


Ја направивте музиката за „Cash 'n' Marry“. Како ви се допадна филмот?

Брада: Супер филм! Тоа е документарец за луѓе кои добиваат државјанство надвор од Македонија со склучување на брак. Таа тема кај нас е веќе позната, филмот изгледа многу балкански - луѓето тука го разбираат, но во нивната култура, во нивното европско стерилно општество, поточно во Австрија, Виена е малку чудно. Овој филм им го претставува тоа на тие луѓе.

Пеце: Ние сме добри пријатели со Атанас Георгиев, тој неколку години го спремаше филмот и уште неколку години го работеше. Работен е долг период, а ние заглавивме едно лето со режисерот за време на монтирањето и ја направивме музиката за него. Филмот има добар прием, кај нас како што рече Пеце, гледачите најмногу го разбираат, но најмалку публика имаше во македонските кина. Многу добро помина во светските кина и доби многу награди. Филмот се емитуваше на една австриска телевизија и имаше многу голем фидбек. Таму, се крена малку поголема фама, бидејќи е насликана тамошната реалност.

Брада: Всушност, тоа не е филм, тоа е животот на Атанас. Тој 8 години го живееше тој живот. Тоа е документарец, животната приказна на тој човек снимена и монтирана.


Театарските претстави се бренд на Фолтин. Што повеќе ви се допаѓа, правењето музика за театар или концертите?

Пеце: Музиката за театарските претстави уште од самиот почеток одеше напоредно со работата на Фолтин. Имаме работено на многу претстави. Сега концертите се главни, но правиме и музика за театар. Кога се прави музика за театар, влегуваш во еден друг свет, во животот на претставата. Самото правење на таквата музика ја ограничува креативноста. Треба да се совпаѓаат сите елементи од глумците, па се до сценографијата.

Брада: Во театарот секогаш се почнува од тишина. Таа тишина е многу инспиративна за Фолтин. Кога е тивко може да те слушне секој. Театарот е една чувствителна, сензуална димензија. Постои акустика на сцената, темнина... Кога имаме концерт на сцената има рефлектори и има огромна публика. Битната разлика е во тишината. Ние се осеќаме исто и на театарска претстава и на концерт. Нас најмногу не интересира интимната врска со публиката. Се работи за емоции кои сакаме искрено да и ги пренесиме на публиката.

Пеце: Театарот е едно големо училиште за однесување на сцената.

Брада: Ретко одам во театар, театарот ми е досаден зошто не можам да излезам кога сакам, не можам да запалам цигара и ред други работи. На сцена се случува спротивното. Многу е поинтересно да си на сцена во театар, отколку во публика.

Пеце: Кога правиме разлика помеѓу театар и концерт мора да напомениме дека има огромна енергија во концертот. Кога имаме концерт многу се изморуваме и се потиме. Гласната музика обзема, влечи. Не го чувствуваме времето. После свирка, по еден саат, сите се прашуваме кога поминал еден час.


Кога сме кај настапите, Фолтин имаат многу енергични настапи во живо. Која е тајната формула на Фолтин за да се задоволи публиката?

Брада: Кило млеко и два портокали на сабајле секој ден и банана навечер.

Пеце: Тоа е нешто што едноставно се случува. Дури и кога би ја знаел тајната не би ја кажал.

Брада: Кога ќе излезиме на сцената, публиката нам ни е соговорник. Чувството се развива постепено. Ние имаме потреба да правиме музика и да си муабетиме со публиката. Нема тајна.

Пеце: Една од поголемите тајни е искуството. Кога ќе излезиш пред публика од 50 000 луѓе е многу лесно, како ние на Бирфест во Белград, рефлекторите заслепуваат и се чувствуваш како да свириш дома. А кога се свири за стотина луѓе, кои дишат во тебе, се стекнува такво искуство. Кога ќе почувствуваш како се накрева атмосфера и ја возвраќаш позитивната енергија. Да не бидам погрешно сфатен, кога се свири за огромна публика не е така едноставно. Помислата дека сите тие луѓе гледаат во тебе може да биде многу непријатно или пак многу пријатно доживување, во зависност од тоа колку добро си ја напишал домашната.


Каква музика слушаат членовите на Фолтин?

Пеце: Порано не прашуваа каква музика свирите и одговаравме странска музика од радио, а сега што е уште поинтересно не прашуваат каква музика слушате. Пак ќе одговорам странска музика од радио. Сите слушаме повеќе видови на музика. Во плеерите кои ги носиме кога патуваме, од џез до електронска музика.


Каде свиреа Фолтин во текот на изминатата година?

Пеце: Последен пат свиревме пред 13 дена во Софија во Софија лајв клуб и поминавме феноменално. Свиревме во Чешка, во Прага заедно со сликарот Масим. Предходно Имавме турнеја во Франција, почнавме со Марсеј, стигнавме до Париз,а таа турнеја ја завршивме во Минхен, Германија. На Балканот веќе се осеќаме како да сме дома, особено во Словенија каде имаме многу пријатели и контакти. Да напоменеме дека имаме член кој живее во Љубљана – Марјан Станич. Учествува на неколку од нашите албуми и на претстави на кои имаме работено.


Што планираат Фолтин за во иднина?

Пеце: Во јануари ќе почнеме со подготовки за една мини-турнеја која ќе започне во Словенија и ќе продолжи во Чешка, а можно е и Романија. Имаме договорено два фестивали за во април, едниот во Каен, а другиот во Брисел. Ќе имаме и турнеја во Франција која сеуште е во преговори.

Масовно општество

Што е всушност медиум?
Еден од најупотребуваните зборови во современата комуникација е зборот медиум. Освен што е најупотребуван, терминот е и еден од потешките за дефинирање. Во англискиот јазик, овој збор може да се најде со 15 различни дефиниции. Во македонскиот јазик овој термин има нешто потесно енциклопедиско значење, но содржината на самиот термин останува комплицирана.

Дефиниција


Општа дефиниција (позната и како Маклуанова дефиниција): Секој материјално поткрепен ентитет што може да пренесе некоја порака е медиум (согласно со ова медиум е маичката со некаков натпис, кожата со тетоважа, зградата со политички плакат врз неа, и.т.н.);

Класично-конвенционална дефиниција: Медиум е комуникациски систем заснован врз одреден технолошки уред кој емитува пораки до публиката (согласно со ова медиум е радиото засновано врз технолошкиот уред радио апарат, телевизијата со ТВ приемникот, телефонот со телефонскиот апарат, но и книгата, весникот, факсот, телеграфот, компјутерот, I-pod, и.т.н.);

Технолошка дефинција: Технологијата на запишување (кодирање) на пораките се дефинира како медиум, па согласно со ова се разликуваат: печатени медиуми,електронски медиуми (ТВ, телефон, радио), дигитални медиуми и слично.
Социолошка дефиниција: Комуникациски систем кој пренесува пораки од одреден испраќач до публиката (масовни медиуми, локални медиуми, државни медиуми, приватни медиуми, глобални медиуми, и слично).

Медиуми или масовни медиуми е термин кој најчесто се користи за да се означи, како класа, оној дел од медиумите чија намера е да допре до многу голема публика. Терминот за прв пат се појавува во 20тите години на минатиот век со појавата на националните радио-мрежи и весниците и списанијата со масовна дистрибуција. Публиката на масовните медиуми е разгледувана од некои теоратичари како масовно општество со посебни особини, поради начинот на кој што тоа постојано е во движење, што го прават посебно подложно на влијанието на модерните мас-медиумски техники како рекламирањето и пропагандата.






Масовно општество

Масовното општество, означува термин кој што е поврзан со модерното општество, односно со општеството на индустриската ера. Уште од неговот прво појавување, на почетокот од минатиот век, масовното општество било поврзувано индустриската револуција и птценувањето на традиционалните и аристократски вредности.
Во еден труд на Емил Диркем терминот масовно општество бил поврзан со општество на униформиранотст. Во 20-от век нео- Марксистичките движења, поткрепени од школи како што била Франкфуртската, масовното општество го поврзувале со изолирани индивидуи кои што меѓусебно ги поврзувала културната индустријализација која му била слуга на капитализмот.
Конзервативните движења во 20-т век го критикувале масовното општество од друга перспектива. Имено, Хозе Ортега Гасет масовното општество го обвинил за уништување на високата култура. Без разлика, дали масовното општество ќе се окарактеризира како лево или десно движење, тоа сепак низ годините било користено од двете страни во нивните меѓусебни расправии.
Масовното општество, како идологија најчесто се смета како спротивност на елитното општество, односно на оној слој од општествто кое што ја следи традицијата и високата култура. Реално гледано, денес, а и години наназад, масовното општество е во рацете на малиот, но моќен дел од елитата. Политиката на водење на масовното општество е доста едноставна. Мали моќни индивидуи, од различни гранки на културата, им го сервираат готовиот производ на масите, за потоа полесно владеат со нив и ги контролираат.
Ваквите теории и начини нa водење на масите се разработуваат скоро во сите студии кои што се посветени на медиумите, и укажуваат на нивното влијание врз публиката. Но, како и да е медиумите за масовна комуникација се неопходен инструмент за развој и забава на масовното општество.
Медиумите и социјалните мрежи денес

Она што во момемнтот го претставува модерното општество се медиумите. Живееме во време кога се околу нас е медиум. Секое нешто, секој предмет пренесува некоја порака , рекламира некој бренд или шири пропаганда. Едно истражување извршено во 2008 година, покажало дека еден просечен човек кој што живее во една просечно развиена држава дневно е сведок на 3 500 реклами. Можеби оваа бројка на почеток изгледа огромна, но доколу се размисли подлабоко и “би си го вратиле филмот наназад“ ќе сфатиме дека едно обично пазарење во супер маркет нуди огромен број на производи и следствено на тоа рекламира брендови. А што е со шетањето по улица? Сите автомобили, излози, згради, па и луѓе (со својата облека) претставуваат еден вид на реклама и потсвесно наметнување на одреден производ. Во никој случај не смее да се заборави и телевизијата.
Сите овие примери се само вовед во она што може модерното општество со помош на технологијата и медиумите да направи и влијае врз една личност.
Најдобар и најдискутабилен пример, кој воедно ја опишува и целата оваа медиумска револуција која што се одвива последниве години, секако е новинарството потпомогнато од технологијата.
Самото појавување на блоговите веќе беше наговестување на една голема револуција за која се очекуваше да го демократизира општеството. И тоа и го направи. Му се даде шанса на, буквално секој жител на планетата, кој што има пристап до интернет да сподели информации и свои ставови со останатите корисници на интернет, притоа, да може да го скрие својот идентитет и без никаква цензура. Токму таа опција беше клучната која од 2002 па наваму одигра најзначајна улога во сите важни сегменти од општеството (политика, наука, економија, образование). Дури и во земји како Кина и Иран, блоговите и слободниот начин на изразување на своите ставови, успеаа да ја превземат главната улого при “освестувањето“ на народот.
Колку блоговите и т.н. слободно новинарство ќе направат во иднина, сеуште не може да се каже, бидејќи тие веќе се дел од нас и не се третираат како нешто што функционира одделно.


Социјалните медиуми се ефтини, скоро бесплатни

Самите сервиси кои всушност се социјални медиуми во најголема мера се бесплатни (Facebook, Twitter, Youtube…), но смислувањето и спроведувањето на стратегија за нивна употреба во корпоративни цели (зголемување на продажба, позиционирање бренд…) бара одредено знаење, вештина, време, а со самото тоа значи и пари. Основната предност кај употребата на сервисите за социјално вмрежување кога станува збор за парите е што навистина овие активности ги намалуваат трошоците за промоција, но сепак потребно е време, а тоа не е бесплатно. Во поголемиот број (пред се поголеми) компании постојат луѓе чии работни активности врзани токму со друштвените медиуми и токму за тоа добиваат плата.

Влијанието на медиумите и на вредностите кои тие ги застапуваат (забава, уживање, опуштање, отворена комуникација, интеракција…) сè повеќе добиваат на вредност во сите сфери на општественото живеење. Таков е случајот со образованието. Вообичаеното, барем локално, разбирање е дека образовниот процес е категорија која е автономна и неспоива со други сфери, како што е забавата. Но, не повеќе. Трендовите во ова област, под интензивно влијание на медиумското опкружување се менуваат и се обидуваат да се прилагодат кон новите навики на учениците и на сите оние кои треба да бидат инволвиран во образовниот процес, пред сè со употреба на забавни методи во учењето, каков што е и следниот скорешен пример, кога во училиштата низ Канада и САД за да се мотивираат учениците да ги читаат драмите на Шекспир, нив им се дава софтвер преку кој низ игра учениците би се запознале со содржината и ликовите.
Идејата е прилично „штосна“ и интересна, но останува да се забележи и тоа дека сведочи за промената во вредностите и преориентација кон забавувањето и уживањето на модерната глобална култура во сите сфери на дејствување.
Впрочем, е еден поглед на промените во приодот на емисиите кои одат на досега барем научниот тв-канал „Discovery Channel“ и редица забавни „reality show“-а и документарни драми се исто така показатели за оваа прилично радикална промена и поместување. Сличен процес е во тек и во информативната сфера каде почнуваат да преовладуваат пристапи во информирањето кои се нарекуваат „info-tainment“.


Како што и погоре непоменавме, медиумите и масовното општество го сочинуваат масите, оној слој од општеството кој што на некој начин е најлесен за манипулирање. Наспроти него функционира елитното општество, кое сеуште се стреми да ги зачува традиционалните вредности кај човекоти нековиот однос кон светот околу него. Исто така напоменавме дека токму таа група на индивидуи кои им припаѓаат на елитата ги поседуваат сите тие медиуми (алатки) со кој што манипулираат со јавноста и им ги диктираат своите ставови. Секако во сите тие лавиринти веќе почнува да избелднува таа висока култура која се темелеше на, пред се литература и уметност за сметка на профитот и потребата од „поедноставување на секојдневниот живот“. Најинтересниот дел од сето ова е што во битката која се води помеѓу елитата, создавајќи ја конкуренцијата, најголема придобивка има крајниот корисник.
...или само така сакаме да мислиме.

За испразнетиот трезор и Гогљевиот Ревизор

Животот прави драми, писателите ги препишуваат а театрите ги изведуваат. Само каде се тука директорите?!!! Според последното непријатно искуство на БИТОЛСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР, тие се за да прават долгови. Така и тие остануваат запаметени по нешто, со трагата што ја оставаат зад себе. А според последните пресметки, тие се заокружени на околу три милиони денари заостанат долг (50 000 Евра) од последните директорувања во овој театар.Овде не е вкалкулирана сумата од епилогот со судскиот процес кој е во тек, за незавршената претстава “Алкмеон од Коринт”.
Секоја трага што смрди на пари и откази, според ревизорските истраги, најчесто е поврзана со лични незаконски замешателства. Во секоја правна држава, во која се применуваат законите и се ценат парите на нивните даночни обврзници, одлеаните пари со далавери се расчистуваат до крај и секој поименично се терети за оставената незаконска трага. А кај нас??? Во оваа држава со р е ф е р е н ц а , со која уште ЕДНООКИОТ не задолжи и ни вети дека тоа ќе се реши за петнаесет дена, тоа се решава поинаку. Со ветувања и секакви можни оправдувања, и онака помалите учат од поголемите. Бидејќи директорите се регрутираат од партиските ешалони на власт, очигледно е дека и оваа финансиска дупка ќе исчезне како дупка во вода. А тие кои нема што да празнат, останува да прават нешто друго, макар и креативно. За сонот на артистот да стани режисер, потоа градоначалник, па дури и претседател, само небото е граница. Човечката амбиција е предизвик со видливи резултати. Уште по очигледни ако се тука пред нас на сцената. Токму таков успешен обид имаше и младиот Мартин Мирчевски на 11 Декември 2009 година со неговата адаптација и режија на Гогољевиот “РЕВИЗОР”. Режисерски потфат достоен за почит. Современо и динамично, пренесено со визурата на сегашниот ритам на живеењето, иако е ова драма од пред 173 години. Проектот е работен во амбиент на рестрикција, но тоа како да беше само уште поголем предизвик за креативните потенцијали на самиот режисер и целата инзвонредна екипа, кои го вадеа максимумот од сето она што можеше да се извади, од нив самите и од сценскиот простор, во декорот од рацинализирани, дури и елементарно навестени успешни инпровизации на сценографијата. Тоа е потврда за она што беше речено и на самата прес-конференција за овој проект дека е ова “проект од љубов и со љубов од сите учесници во него”. А таа љубов и тоа како беше успешно пренесена до аудиториумот кој ја следеше. Бурниот и искрен аплауз на крајот од претставата, беше одглас за сето видено, затоа што имаше и со што да ги плени симпатиите на публиката. Иако ова е прв режисерски обид на младиот актер Мартин Мирчевски, сепак беше зрела поставка, што ја номинира како х и т п р е т с т а в а во репертоарската понуда на БИТОЛСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР. И самата успешна прес-конференција, со вистински сменет професионален однос кон новинарите и медиумите, навестува многу поуспешен пристап и кон помногубројната публика. Збирот од сите мали нешта ја прави големата работа, успехот или неуспехот. Вршителот на должноста директор на оваа куќа Мимоза Бакиевска, очигледно знае како да се однесува со многу нешта, за кои нејзините предходници или не знаеја или на сакаа професионално да се однесуваат како што треба, и затоа завршија така како што завршија. Најевтино се учи од туѓите грешки, затоа се некои и така успешни .
За уште една убава пригода имавме повод да се увериме на педесетата јубилејна изведба на “ОБЅРНИ СЕ ВО ГНЕВОТ” од Џон Озборн. Премиерната изведба беше на 16 Мај 2007 година, одеше во текот на 2008, цела 2009 година и стигна до 17 Декември на својата педесетница. Ништо необично ако се знае дека е тоа познат текст на реномиран автор. Меѓутоа, овај пат, се работи за успешно изведувана изведувана претстава што беше дипломска работа од ФАКУЛТЕТОТ ЗА ДРАМСКИ УМЕТНОСТИ во Скопје, отсек театарска режија, на нашиот млад сограѓанин Јован Ристовски, и негова успешна одбрана со десетка, што е очигледна потврда со опстојувањето на претставата во тековниот репертоар на овај театар. Финансиските проблеми од секогаш ја ограничувале уметноста, ама со креативните творци никогаш не сме оскудувале на овие наши простори. Младите образовни кадри доаѓаат со нови идеи и погледи кон уметноста. Само како ќе бидат пречекани???
Со празни трезори и ревизори кои излегле од перото на Гогољ, или по партиски диктат од оние кои ги испратиле да ја заметнат трагата на нивните послушници.

Сепак низ времето опстојува она што квалитетот го просејува.


Љ у п ч о В е л ј а н о в

Бум на Таксират !

Во буквална смисла на зборот оваа година најдобриот зимски фестивал на блаканот а сигурно и пошироко доживеа вистински БУМ ! За некој сосема очекувано за некои дежурни скептици изненадување беше најдоброто досегашно издание и секако најголемата посета во последните неколку години.

Со еуфорија која би ја споредил само со легендарниот Иги Поп кога на истото место пред 3 години ја вжешти атмосверата до усвитување така наликуваше сега веќе средената и во малце фенси манир наречена Метрополис арена.

Први настапија металците Мунспел и би направил споредба со легендарните Креатор кога целата метал армија беше пресреќна шо ќе си го напрат ќефот први да ги изгледаат своите фаворити и после да не се замарат со … хм типој ко Едо Мајка. Ама овај пат по реакциите ко влегував во салата некако црната гарда ко да ја виде темната страна од медалот да си во 7 сатот на бојното поле и тро празничка му беше салата. Јас по традиција нормално го пропуштам првиот бенд кој ќе настапи б не оти беа металците Мунспел од Португалија или ко навремето некој од Македонските млади надежи ама мора чоек да ги чува силите за главното мени кое ни беше сервирано вечерта.

Возиме натаму и налетуват на нас Елементал најавени како Хип Хоп атракција а делуваја барем визуелно како олд скул Хип Хоп состав. Дури имаја и тапанар шо има даваше баш призвук на старите добри 80 ти. Но сепак имаја различо влијание односно стиловие кои се преплетуваја и како состав шо иако настапувал кај нас сепак реалтивно непознати за нас успеаја да ја анимираат публиката и направат солидна атмосфера. Сега да сум попрецизен имаја и гитарист шо се впиваше во целокупниот настап и солиден басист ама Тапан си е Тапан и каква матрица какви бакрачи какви миксети … мене ми го напраја филмот а за вас останатите незнам. Можда оти претходно имав мал стереотип како ќе се претстават но дечките сосе типката беа супер и ги очекуваме во некое следно издание. Иначе се знаеше дека ова ќе биди вечер на Женските изведувачи и како да се натпреваруваа која ќе остави најдобар впечаток кај нас.

После нив ја видовме Џулиет Луис, дефинитивно најголемата звезда на фестивалот ама филмска нажалост или за среќа кој како гледа на работите, попозната и по мувањето со најпосакуваниот маж години наназад Бред Пит. И така беше се до излегувањето на бината кога сите прогнози и калкулации паднаја во вода. Од самиот почеток ни најави дека е желна да се претстави во најдобро можно светло а за тоа придонесоа покрај уиграниот состав позади неа и разноврсните композиции шетајќи не низ различните периоди низ рок ен рол историјата од кај шо собрала понешто нормално во најпозитивен контекст и кои ја изградиле како личност и пред се музичар. Најбитно од се немаше никаква ароганција ниту кабадајско однесување кај типката, напротив баше баш ведра и онака со чоечки добар пристап, намоменти дури и преискрен кажувајќи колку е среќна што е тука во Македонија и се читаше од нејзиното лице среќа и возбуда која несебично сакаше да ја сподели со своите обожаватели. Дефинитивно одлична лекција за нашите таканаречени звезди шо незнат микрофонот да го држат враце а за пеење да не прајме муабет.
Инаку ретко кој знај дека се занимавала со музика уште пред да стане звезда во холивуд така да сега си се врати на своите рокерски корени и си ја оствари својата дамнешна желба од далеку подобра позиција. Ми остај впечаток ни појке ни помалку на легендарната Џенис Џоплин ама појке стилски отколку музички иако блузерски доста наликуваше во својот пристап и енергијата која ја изгради помеѓу себе и публиката. Навистина не сум видел одамна артист со толку голема воља и енергија и пред се професионализам. До максимум ја искористи својата харизма и актерското искуство така да ретко кој остана рамнодушен на нејзиниот настап секако со својот бенд во малку изменет состав од нејзините музички почетоци. Мора да го спомнам и нејзиниот стајлинг каде се издвојуваа пердувите и униформата ко да е излезена од некој СФ филм. Најголемо изненадување,најдобар настап и најдобар момент на фестивалот за милиметар пред останатите.

А тие дојдоа малку подоцна во вид на омилениот пијалок на милијарди луѓе низ светот,

Хладно Пиво со многу сличен нстап од пред 2 години на истото место и истиот фестивал со испробана формула ги истестираа своите стари фанови колку напамет им ги знаат песните а сигурно регрутираја и многу нови кои за прв пат имаја можност да се запознат со нив лично и со музиката која ја промовираат.
А се работи како шо занјме појкето за весели и разиграни панк ритми со мелодичен призвук. Пародија на денешницата и се она што треба да се искритикува ама не претенциозно и нагласено туку со одмерен и заразно комичен пристап кој неповторливо не тера да се потсетиме на неповторливата ЈУ сцена од пред 20 тина и повеќе години и најсветлите моменти од истата.
Започнаја исто со Није све тако сиво и одма во публиката атмосферат зоври и буквално сите играја пееја се веселеа а популарните шутки не престануваа.
Свиреа буквално се од самиот свој почеток и првиот концерт кој го имаја овде во далечната 96 та година како шо спомна Миле фронтменот на бендот. Ми се допадна а се надевам и на голем дел од публиката шо имавме прилика да ги слушниме големите хитови како Бубашвабе кој е 1 нивни спот односно видео после кое нивната кариера доживеа нагорна линија, прекрасната обработка Fur umer Punk, Шамар, Тешко је фул бити кул и многу други. Понатаму имаја репертоар и од поспори песни шо лично мислам дека можеа и да го прескокнат арно ама публиката исто реагираше и во ниеден момент непрестана флуидот помеѓу бендот и толпата. Сепак јас а и многу фанови на ќелајците од Загреб посакуваме еден целовечерен концерт во интимна атмосфера каде би настапиле со целиот свој репертоар како например од Халата на спортовите во Загреб, кој стана нивен а и не само нивен репер за то како треба да изгледа еден концертен настап.

После требаше да настапат главните звезди или хедлајнери Гуано Ејпс но се случи најдолгата ( непотребна ) пауза додека се местеше една фолија со сребрена боја во позадината шо ич немисебендиса ама сепак то беше спореден момент.Прво излегоја дечките а потоа и шармантната Сандра која ми личеше дека е помлада одколку за време на нивната најголема популарност пред десетина години. Одтогаш датира и една анегдота за еден мој другар кој се закрена дури до Будимпешта за да ги гледа арно ама се кјоросал пред настапот и го преспал на некоја ливада во близина и пропуштил целиот настап. Мајтап праевме дека ќе дојдат кај нас Гуано никојпат  .. ама несмебиле во право а за ова задоволство се потрудија од литиум рекордс и нормално дека сите треба да сме благодарни за најефтина цена во Европа шо го имавме ова ретко задоволство. Добивме то шо очекувавме еден час забава со скоро сите нивни најголеми хитови а вокалистката зрачејќи со сиот сексапил како да сакаше да ја допри публиката и беше вистински предизвик тие десетина минути дозволени за сликање да се биде во нејзина близина. Без многу напор и со минималистички движења докажаја зошто се едни од најдобрите и најбарани европски бендови. Ме бендиса Опен јор ајс шо ја исвирија на почетокот а превидливо беше дека Биг ин Џапан и пред се мегахитот Лорд оф д бордс дека ќе ги изведат во самиот финиш. Најмногу впечаток оставија кај публиката наредбите од Сандра да ги соблечат мајците машките и се надевам добар дел и ја послушаја барем колку шо можев да видам. Исто се пофали симпатичната фронтменка сакајќи да добие уште некој поен плус колку добро го владее српскиот јазик шо не е воопшто чудно знаејќи за нејзиното потекло од Хрватска. Во однос на плејлистата ке да можеше да биди и подобра но сепак се работи за голем бенд и споредбено со други групи можеше и да не исвират дел од хитовите шо значи генерално помина се според очекувањата.

За Кирил или артистот кој најмногу напредна во последните неколку години или пак само успехот дојде како плод на долгогодишната работа разбрав дека била супер атмосферата со салам раста Ди Џеј и се цакум пакум арно ама нажалост лошата патежна инфраструктура а и превозот до моето одредиште како и укинувањето на редовниот воз до Битола придонесе да мораме да заминеме порано од предвиденото ...

Но сепак со задоволство и позитивни импресии си заминавме од сигурно најдобриот Таксират барем последните неколку години ако не сигурно најпосетениот и највлажниот по хектолитрите пиво испиени и влажниот под за кој се пожалија некои дами и нивните обувки ... но да не наоѓаме или бараме влакно во јајцето Таксират бил е и ќе биди гордоста на Македонската ( алтернативна ) младина ( пред се )



Текст & Фото
Александар Мишевски

ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И СИСТЕМОТ НА ЗДРАВСТВО

Бенефит или недостиг на есенцијални потреби

Краток осврт кон светските здравствени системи



Една од основните уставни одредби на секоја држава е обезбедување на ефикасен здравствен систем на своите граѓани. Ваквата возможност е често во причинско-последична врска со економската моќ на самата држава но и од нејзиниот систем на уредување, волјата и спремноста на политичката гарнитура на власт за воведување современи мерки и легислативи , постоечката пракса, но и техничко-технолошката опременост на самиот здравствен систем во државата.


И додека голем број од заподноевропските земји, САД, Велика Британија, Австралија и други држави се наоѓаат во висок степен на политичко-економска моќ, државна развиеност и развиеност на сите сегменти и гранки од општествениот живот, Република Македонија, минувајќи низ својот пат преку транзицијата и борбата за унапредување и достигнување на таквиот напреден систем и бенефициите од истиот по пат на имплементација на таквите закони, а доследно на тоа и на праксата во уставниот поредок на Република Македонија.
Поаѓајќи и од фактот дека нашата држава долгогодишно е практикант и следбеник на еден сосема поинаков систем, се чини дека и покрај самата имплементација на ваквите закони, дека имплементацијата на самата пракса ќе се одвива релативно побавно.
Ќе треба да се развие еден нов систем на практика непознат не само за корисниците на самите усуги, туку ќе биде делумно непознат и за самите практиканти.
Се разбира и економската моќ на нашата држава не соодејствува со економската моќ на гореспоменатите држави, меѓутоа битна е самата стриктна определба за реформи и дистинкција на примарните сегменти на делување, а во однос на кои самата власт ќе треба да се определи.
Првенствено ваквите реформи ќе треба да се одвиваат по пат на доразвивање на професионализмот и професионалната етика од страна на самите практиканти и воведување на ефикасен ред на делување, кој особено во сферата на здравството ќе треба да се одлукува со навременост, ефикасност и посочување на примарни сегменти на делување кај итни случаи,и интервенција од страна на самата држава и нивно по возможност безрезервно финансирање.
И додека стремежот на легислативата на Евпопските закони претставува еднаков систем и третирање, се чини дека особено во системот и превземените мерки во областа на здравството, се особено различни.
Кај нас, приватниот сектор на здравството е особено на повисок степен на развиеност во однос на државниот; за разлика од ваквиот систем кај развиените земји каде ваквата дистинкција не е дотолку воочлива.
Во Велика Британија не само што самото лекување кај здравствените осигуреници, вклучувајќи ги и болниците е целосно бесплатно, туку и самите лекови се многу достапни и ефтини за самите граѓани и еднакви по цена независно од количината за еден ист производ, и доволни за задоволување на потребите на секој граѓанин поединечно, без евентуални потреби за чекање на конкретен производ или било каква здравствена услуга која се одлукува со енермен степен на ефикасност.
Во Република Франција,покрај самата Брза Помош, воведени се дополнителни патронажни возила и екипи на мобилизирани доктори кои вршат здравствени услуги кај определени категории на граѓани, кои патронираат после редовното работно време на редовните амбуланти, каде иако не станува збор за итност кај сите од овие осигуреници, вршат редовни контроли на мерење притисок,шеќер во крвта, и други здравствени параметри карактеристични за секој здравствен случај поединечно а во корелација со конкретните случаеви од дневните амбулантски прегледи.
Самата држава и на родилките им ововможува особена посветеност и грижа, која се изразува по пат на два до три пати во текот на неделата по двочасовна посетеност од страна на специјализирани здравствени службенички кои даваат бесплатни совети, нега и грижа окулу самото новороденче, но и помош на самата мајка преку нивна непосредна помош во оние сегменти каде мајката има потреба.
Во сите овие земји, нивото на здравствена превентива е од особено голем степен не само по пат на редовни здравствени контроли и облигаторни прегледи во текот на годината, тулу и по пат на здравствените кампањи кои одиграа значајна улога во превентивата, контролата и борбата со разните болести.
Во овие земји акцент е даден и на пост оперативната и улогата на здравствените работници и здравствениот систем во фазите на самата борба со болеста и после нејзиното целосно или делумно лекување, преку едукација и разни семинари за враќање во нормален живот но и едукација за водење на здрав и конкретен животен стил во зависност од карактеристиките на преживеаната болест.
Особено се значајни и конкретните банки на органи,кои кај нас не постојат, а преку кои борбата за спасување на конкретни животи е особено поефикасна .
Кај нас особено владеат определени стереотипи и догми кои ретко познаваат вакво донирање на органи , иако фактички станува збор за пост-хумано (пост-смрттно) донирање, па стапката на смртност би била помала.
Факт е дека степенот на развиеност на здравствениот систем кај нас, за разлика од погореопишаниот е на доста понизок степен. Република Македонија не располага со современа апарутура, а и со онаа ретка со која располага, редот на чекање е доста долг, а често и фатален за нашиот граѓанин. Болните често доста време ги чекат есенцијалните лекови а борбата со болестите со висок степен на смртност е препуштена на самите граѓани без некоја посебна грижа и нега од страна на самата држава.
Лекарската етика и помош во нашите услови, често знае да биде несоодветна, бавна, арбитрерна и колеблива.
Од друга страна, самата држава не располага со современи методи па голем број на операции и случаеви не се изведуваат во нашата држава туку во странство, и тоа со мала финансиска партиципација од страна на државата.
Ваквата состојба би значела дека фактички секој граѓанин е генерално препуштен самиот на себеси а облигаторната обврска на државата за здравствена грижа на граѓаните се изразува преку некое општо, генерално ниво.
На граќаните останува само да се надеваат дека со подоброто утре и зајакнувањето на финансиската моѓќ на државата, дека и овој сегмент од општеството ќе трпи позитивни промени.
Можеби останува на граѓанинот да со самоконтрола и засилена свест влијае врз себеси и своето здравје.



Снежана Тодоровска

30 Интернационален фестивал на филмската камера Браќа Манаки !

Враќањење на фестивалската традиција за јубилејот во конзулскиот град со мотото Продолжи да сонуваш !?!


Најбитно за фестивалскиот град е продолжувањето на традицијата и враќањето назад, после минатогодишната одисеја во Скопје.како свој најголем успех на новото раководство на фестивалот предводено од Директорката и прославена наша актерка Лабина Митевска и малку радост за напатените битолски филмофили. Понатаму како позитивни страни мора да ги издвоиме гостите на фестивалот односно Питер Сушицки како претседател на фестивалското жири и Били Вилијамс овогодинешниот добитник на камера 300 за животно дело. Двата прославени директори на фотографија со многу квалитетни филмови позади себе. Но сепак главна звезда на фестивалот беше актерката од Шпанија, Викторија Абрил која се прослави во филмовите на Педро Алмодовар. Потоа мора да се спомене добитникот на оскар за камера Ентони дод Ментал за хит филмот кој го отвори фестивалот Сиромашниот Милионер на кого му беше исто врачена специјална награда исто како на Г-ца Абрил, која беше срдечна и спонтана со сите а имаше чест да се претстави и со своите пејачки способности така да покрај со хорот Стив Наумов неупатените би помислиле дека се работи за Музички а не Филмски фестивал. Понатаму во позитивните аспекти на фестивалот би ги издвоиле и реномираното жири во кое се издвојуваше српскиот режисер Слободан Шијан автор на култните Ко то тамо пева и Маратонците го трчаат последниот круг кој заедно со Питер Сушицки одржжа мастеркласови на кој сите заинтересирани можеа да се запознат со малите тајни на големите мајстори. Најголем напредок реално оваа година беа придружните програми на фестивалот односно покрај документарната програма и кратките филмови, посебно за одбележување е програмата Нова визија која беше ако не подобра тогаш сигурно на исто ниво со официјалната програма и вистинско освежување на фестивалот.
Нажалост и овај пат се провлекоја многу технички пропусти за фестивал кој се оддржува по 30 ти пат и единственото оправдување односно олеснителна околност можи да го земиме неискуството на новата екипа на чело со младата директорка Лабина Митевска .Се обидуваше да биди и директор и водител а богами лошо не и одеше и со интервјуата така да догодина слободно можи чупето шо најавуваше да си седи дома и со спортска терминологија кажано Лабина како да сакаше ( можда од преголем ентузијазам ) да биди и голман и голгетер а богами и тренер. Добивањето на веќе потврдените и одобрени акредитации после неколкучасовно боксување а некои од колегите воопшто не добија свои акредитации како и необезбедување на простор за новинарите ( и во најцрните години на Салковски се знаеше кој е нашиот простор ) и со тоа им беше оневозможена нормална работа се неопростливи пропусти за фестивал од ваков размер. И дали мора се да се организира во Скопје макар се работело и за печатење на акредитации ? А нормално битолските новинари беа на последно место. Арно хостесите не ги донесоја од таму ... изгледа дека целокупниот Битолски естаблишмент како да беше презадоволен со самото враќање на фестивалот во Битола и толку, немаше ништо од најавите и обидите за поголемо учество на Битола во организацискиот аспект на фестивалот. Со ова дефинитивно сите треба да сватиме дека фестивалот се оддржува во Битола а го организираат Скопјани, шо значи фестивалот ни во лудило не е Битолски. Толку во однос на техничките детали и пропусти.
Најбитно од се и крајно неочекуван беше очајниот квалитет на филмовите во официјална конкуренција од кој освен неколку иако фестивалски повеќето се покажаја како далеку од вистински избор и со просечен квалитет. Јас искрено непамтам во последните дестеина година да му е тешко на чоек да одвои неколку добри наслови. Е сега ќе прочитате сигурно дека наградениот филм со златна камера 300, перуанскиот “Млеко од тага” бил извонреден !?! ама оти бе колешке ако бил толку убав ни до пола не го догледавте ? заедно сосе скоро појке од пола гледачи кој одбраја друг вид на забава отколку да се замарат со перуанските традиции, легенди и компири. Главниот фаворит за најпрестижната награда односно рускиот Цар со приказната за Иван грозни мораше да се задоволи со сребрената камера а бронзен беше извонредното остварување од француската кинематографија затворската драма Пророк, за кој се случи пропуст односне беше прикажан само во малата сала каде во 2 те проекции имаја можност да го видат максимуим 200 гледачи наспроти околу 900 колку што е капацитетот на големата сала. Исто би го издвоиле и Гигант кој доби награда од публиката само незнам која ? т.е кој гласаше за истата ... Словенка како критика за општествено социјалната ситуација во Европска Словенија и Мала Москва со интересен пристап ама веќе видена содржина. Се останато беше некој просек со ретки интересни секвенци и во блиска иднина ако јас би бил Директор на фестивалот под итно би одбрал нов селектор како единствен одговорен за програмскиот успех или неуспех на истиот. Награда за краток филм отиде во рацете на Никола Болдук за филмот „Следниот Кат“ и Педро Пире за „Макабричен танц“. МОС филм го награди Македонецот Георги Клинчаровски за неговиот македонски филм „Еден“.
Кога ќе тргниме рецка и резимираме доаѓа заклучокот дека се работеше за уште едно просечно остварување и само ако се одстранат пропустите фестивалот ќе добие нагорна линија и ќе го поврати стариот шмек кој го имаше а избледе низ годините.

Александар Мишевски

Форум на млади - 10 години активизам на Битолската сцена

Од своето попјавување како организација која има цел да ја организира и собери алтернативната младина во 1999 година се со цел за да се овозможи простор и за оние малку поразличните кои немаа иста цел како мнозинството пасивни свои врсници се оформи Форум на млади. Автентична Битолска организација со мисија да помогне секаде каде има потреби и можности за тоа. Одтогаш сме организирале многу проекти и активности пред се од областа на културата и уметноста како концерти, театарски претстави, филмски ревии, перформанси, работилници ... а наши членови биле дел или учествувале на многу семинари, конференции, тренинзи, кампови каде {то главна целна група биле младите.
Заштитата на човековите права и борбата против дискриминација од секаков вид е сегмент во кој што сме присутни и во изминатиот период. Активности поврзани со оваа проблематика а за кои сме биле иницијатори се традиционалната недела на акцијата против расизмот во фудбалот наречена ФАРЕ која форум на млади во соработка со повеќе невладини организации од етничките малцинствата а пред се Ромите како и фудбалскиот клуб Пелистер традиционално ја организира веќе 5 годи на стадионот под Тумбе кафе. Оваа акција има за цел да ја подигне јавната свест во поглед на антирасизмот, а се оддржува истовремено и во други 38 Европски земји. Други битни настани кои го дефинирале форум на млади се и одбеле`уваwето на деновите за борба против фа{измот, расизмот и бегалците и имигрантите насекаде во светот како и повеќе акции за заедни~ко делуваwе на невладиниот сектор од на{иот град.
Една од главните приоритети е и промовираwе на волонтеризмот и пред се активираwе и овозможуваwе на младите да ги искажат своите ставови, потреби и интереси. За таа цел Форум на млади успеа да обезбеди можност младите од 18-30 годи{на возраст да волонтираат долгоро~но до 1 година во некоја од земјите на Европската Унија и тоа поддржана преку програмата Млади во акција односно Европскиот волонтерски сервис. Исто сме учествувале во младинските размени и обуки каде сме биле и организатори на неколку собири од интернационален карактер.За поголема промоција на овие програми го имплементиравме проектот, Информирај се Активирај се преку кој младите се информираа за можностите кои им се нудат со Програмата Млади во акција кој во пракса се покажа како одли~ен на~ин кој му помогна на десетина битол~ани да ги искористат бенефициите кои ги нуди Европската Комисија.
Како дел од големиот број на тековни активности е и нашата вклученост во акцијата за возобновување на Бигорскиот манстир кој покрај основнта цел за помош иницира и нови идеи за понатамошни активности во сверата на хуманото делување. Придонесуваме и во сферата на подигнување на јавната свест, толеранцијата и заштита на правата на малцинствата и тоа како дел од тековните активности на нашата организација. За исполнување на оваа цел се работи на проектот насловен Мултикултурен идентитет, основа за стабилно општество кој вклучува снимање на документарен филм за промоција на супер талентирани деца кои доаѓаат од различна социјални и етничка средина во нашиот град, како и многу работилници, дебати и културни случувања
Форумот е исто активен и на полето на јавната партиципација и тоа преку овозмо`уваwе на гра|аните да станат активни креатори преку проектот кој го спроведовме во соработка со Оп{тина Битола односно локалната самоуправа - Отворена оп{тина. Основна цел е мониторинг на работата на советот на локалната самоуправа, вклучување на гра|аните во носеwето на одлуките преку претставниците на урбаните заедници како и информирање на јавноста за целокупната работа на локалната самоуправа.

Секако не изостанува и БЛОК магазинот како месечник за информирање на младите за тековните настани, а содржи текстови од културата, уметноста, спортот, екологијата и активираче во општеството според нивниот афинитет и интерес. Останатите содржини се од различни области како кои што придонесуваат за меѓусебна толереранција и активно учество на младите во обликувањето на магазинот а покрај тоа се презентираат информации за достапни стипендии, за последипломски студии во дражавата и надвор од неа како и можности за присуство на семинари, работилници, конкурси и слични корисни информации. Во исто време обработува и актуелни теми и настани од Битола.
Исто така во магазинот се посветува внимание и на маргинализираните групи и поединци се со цел да го најдат своето место во опшеството.
Во БЛОК се дава можност младите да објавуваат свои текстови по нивна иницијатива преку кои би ги посочувале нивните секојдневни проблеми како и можните начини за нивно решавање со што се воведува практика читателите да бидат уредници на своето омилено гласило.Исто почнавме со издавачка дејност како помош за квалитетните млади автори кои имаат потреба од промоција и нашето првенче беше збирката поезија Крик од душата од Сашо Борисовски.
Трудејќи се да ги споиме нашите 3 насоки, човековите права, уметноста, и културата, за нашиот јубилеј организиравме ревија на документарно-активистички филмови а дел од програмата беа Beyond the earth како визија за нас и нашата планате за во иднина, Emigrante, силниот дoкументарец за разбивање на стереотипите Еуе of the beholder, потоа приказната за новото движење помеѓу младите inside straight edge, македонските документарци за состојбата во зоолошката градина во нашиот град Од срце за животните и Тумбе кафез, и филмот Persepolis како објективен приказ на општествените промени во средниот исток наспроти состојбата во Европа. Во продолжение на јубилејните настани, со голем колорит на понудените музички стилови и изведувачите како претставници на најголемиот број малцинства во Битола и надополнувајќи се со колоритот на битолската публика се одржа Мултихепенинг кој дефинитивно претставуваше освежување за љубителите на алтернативната музика и тоа од различен стил. Во продолжение на описот на настанот не смеат да се одминат и зборовите: Хип Хоп, Рап, Рок, Панк, Метал, Техно, Брејкденс, Модерен балет ... многу награди и изненадувања, влез Слободен !
Настапија: младите успешни рапери Boys from the hood, Макавели на кои целосно им успеа да ја дигнат атмосферата на завидно ниво заедно со Ghetto live, и Огнен Битбокс уметникот се покажаа како одлично креативно надополнување на предходните изведувачи.Битолскиот култен панк состав Промашена инвестиција свиреја најдолго и за свој а и ќеф на многуте фанови ја надополнија забавата. Претставниците на потешкиот звук беа бројно застапени а први се претставија Dead shot потоа гордоста на Битолската сцена Медуза кои после долго време ја потврдија својата долгогодишна кондиција а на крајот гивидовме и слушнавме нивните млади следбеници Ланфер со сиот свој ентузијазам и полетност.Мора да се спомене дека шаренилото на целиот мултихепенинг допринесе и бреакденсот на девојките од Студио Сања.
Како благодарност на сите битолчани кои биле и се дел од Форум на млади во изминатите 10 години вклучително и на последните јубелејни настани како благодарност за нивниот придонес во градењето на потолерантен и пошарен свет, во иднина им ветуваме уште поголем број на активности кои ќе ја дополнуваат нашата и ваша мисија.
 

BLOK © 2008.