Tuesday, January 19, 2010

ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И СИСТЕМОТ НА ЗДРАВСТВО

Бенефит или недостиг на есенцијални потреби

Краток осврт кон светските здравствени системи



Една од основните уставни одредби на секоја држава е обезбедување на ефикасен здравствен систем на своите граѓани. Ваквата возможност е често во причинско-последична врска со економската моќ на самата држава но и од нејзиниот систем на уредување, волјата и спремноста на политичката гарнитура на власт за воведување современи мерки и легислативи , постоечката пракса, но и техничко-технолошката опременост на самиот здравствен систем во државата.


И додека голем број од заподноевропските земји, САД, Велика Британија, Австралија и други држави се наоѓаат во висок степен на политичко-економска моќ, државна развиеност и развиеност на сите сегменти и гранки од општествениот живот, Република Македонија, минувајќи низ својот пат преку транзицијата и борбата за унапредување и достигнување на таквиот напреден систем и бенефициите од истиот по пат на имплементација на таквите закони, а доследно на тоа и на праксата во уставниот поредок на Република Македонија.
Поаѓајќи и од фактот дека нашата држава долгогодишно е практикант и следбеник на еден сосема поинаков систем, се чини дека и покрај самата имплементација на ваквите закони, дека имплементацијата на самата пракса ќе се одвива релативно побавно.
Ќе треба да се развие еден нов систем на практика непознат не само за корисниците на самите усуги, туку ќе биде делумно непознат и за самите практиканти.
Се разбира и економската моќ на нашата држава не соодејствува со економската моќ на гореспоменатите држави, меѓутоа битна е самата стриктна определба за реформи и дистинкција на примарните сегменти на делување, а во однос на кои самата власт ќе треба да се определи.
Првенствено ваквите реформи ќе треба да се одвиваат по пат на доразвивање на професионализмот и професионалната етика од страна на самите практиканти и воведување на ефикасен ред на делување, кој особено во сферата на здравството ќе треба да се одлукува со навременост, ефикасност и посочување на примарни сегменти на делување кај итни случаи,и интервенција од страна на самата држава и нивно по возможност безрезервно финансирање.
И додека стремежот на легислативата на Евпопските закони претставува еднаков систем и третирање, се чини дека особено во системот и превземените мерки во областа на здравството, се особено различни.
Кај нас, приватниот сектор на здравството е особено на повисок степен на развиеност во однос на државниот; за разлика од ваквиот систем кај развиените земји каде ваквата дистинкција не е дотолку воочлива.
Во Велика Британија не само што самото лекување кај здравствените осигуреници, вклучувајќи ги и болниците е целосно бесплатно, туку и самите лекови се многу достапни и ефтини за самите граѓани и еднакви по цена независно од количината за еден ист производ, и доволни за задоволување на потребите на секој граѓанин поединечно, без евентуални потреби за чекање на конкретен производ или било каква здравствена услуга која се одлукува со енермен степен на ефикасност.
Во Република Франција,покрај самата Брза Помош, воведени се дополнителни патронажни возила и екипи на мобилизирани доктори кои вршат здравствени услуги кај определени категории на граѓани, кои патронираат после редовното работно време на редовните амбуланти, каде иако не станува збор за итност кај сите од овие осигуреници, вршат редовни контроли на мерење притисок,шеќер во крвта, и други здравствени параметри карактеристични за секој здравствен случај поединечно а во корелација со конкретните случаеви од дневните амбулантски прегледи.
Самата држава и на родилките им ововможува особена посветеност и грижа, која се изразува по пат на два до три пати во текот на неделата по двочасовна посетеност од страна на специјализирани здравствени службенички кои даваат бесплатни совети, нега и грижа окулу самото новороденче, но и помош на самата мајка преку нивна непосредна помош во оние сегменти каде мајката има потреба.
Во сите овие земји, нивото на здравствена превентива е од особено голем степен не само по пат на редовни здравствени контроли и облигаторни прегледи во текот на годината, тулу и по пат на здравствените кампањи кои одиграа значајна улога во превентивата, контролата и борбата со разните болести.
Во овие земји акцент е даден и на пост оперативната и улогата на здравствените работници и здравствениот систем во фазите на самата борба со болеста и после нејзиното целосно или делумно лекување, преку едукација и разни семинари за враќање во нормален живот но и едукација за водење на здрав и конкретен животен стил во зависност од карактеристиките на преживеаната болест.
Особено се значајни и конкретните банки на органи,кои кај нас не постојат, а преку кои борбата за спасување на конкретни животи е особено поефикасна .
Кај нас особено владеат определени стереотипи и догми кои ретко познаваат вакво донирање на органи , иако фактички станува збор за пост-хумано (пост-смрттно) донирање, па стапката на смртност би била помала.
Факт е дека степенот на развиеност на здравствениот систем кај нас, за разлика од погореопишаниот е на доста понизок степен. Република Македонија не располага со современа апарутура, а и со онаа ретка со која располага, редот на чекање е доста долг, а често и фатален за нашиот граѓанин. Болните често доста време ги чекат есенцијалните лекови а борбата со болестите со висок степен на смртност е препуштена на самите граѓани без некоја посебна грижа и нега од страна на самата држава.
Лекарската етика и помош во нашите услови, често знае да биде несоодветна, бавна, арбитрерна и колеблива.
Од друга страна, самата држава не располага со современи методи па голем број на операции и случаеви не се изведуваат во нашата држава туку во странство, и тоа со мала финансиска партиципација од страна на државата.
Ваквата состојба би значела дека фактички секој граѓанин е генерално препуштен самиот на себеси а облигаторната обврска на државата за здравствена грижа на граѓаните се изразува преку некое општо, генерално ниво.
На граќаните останува само да се надеваат дека со подоброто утре и зајакнувањето на финансиската моѓќ на државата, дека и овој сегмент од општеството ќе трпи позитивни промени.
Можеби останува на граѓанинот да со самоконтрола и засилена свест влијае врз себеси и своето здравје.



Снежана Тодоровска

No comments:

 

BLOK © 2008.