Tuesday, January 19, 2010

30 Интернационален фестивал на филмската камера Браќа Манаки !

Враќањење на фестивалската традиција за јубилејот во конзулскиот град со мотото Продолжи да сонуваш !?!


Најбитно за фестивалскиот град е продолжувањето на традицијата и враќањето назад, после минатогодишната одисеја во Скопје.како свој најголем успех на новото раководство на фестивалот предводено од Директорката и прославена наша актерка Лабина Митевска и малку радост за напатените битолски филмофили. Понатаму како позитивни страни мора да ги издвоиме гостите на фестивалот односно Питер Сушицки како претседател на фестивалското жири и Били Вилијамс овогодинешниот добитник на камера 300 за животно дело. Двата прославени директори на фотографија со многу квалитетни филмови позади себе. Но сепак главна звезда на фестивалот беше актерката од Шпанија, Викторија Абрил која се прослави во филмовите на Педро Алмодовар. Потоа мора да се спомене добитникот на оскар за камера Ентони дод Ментал за хит филмот кој го отвори фестивалот Сиромашниот Милионер на кого му беше исто врачена специјална награда исто како на Г-ца Абрил, која беше срдечна и спонтана со сите а имаше чест да се претстави и со своите пејачки способности така да покрај со хорот Стив Наумов неупатените би помислиле дека се работи за Музички а не Филмски фестивал. Понатаму во позитивните аспекти на фестивалот би ги издвоиле и реномираното жири во кое се издвојуваше српскиот режисер Слободан Шијан автор на култните Ко то тамо пева и Маратонците го трчаат последниот круг кој заедно со Питер Сушицки одржжа мастеркласови на кој сите заинтересирани можеа да се запознат со малите тајни на големите мајстори. Најголем напредок реално оваа година беа придружните програми на фестивалот односно покрај документарната програма и кратките филмови, посебно за одбележување е програмата Нова визија која беше ако не подобра тогаш сигурно на исто ниво со официјалната програма и вистинско освежување на фестивалот.
Нажалост и овај пат се провлекоја многу технички пропусти за фестивал кој се оддржува по 30 ти пат и единственото оправдување односно олеснителна околност можи да го земиме неискуството на новата екипа на чело со младата директорка Лабина Митевска .Се обидуваше да биди и директор и водител а богами лошо не и одеше и со интервјуата така да догодина слободно можи чупето шо најавуваше да си седи дома и со спортска терминологија кажано Лабина како да сакаше ( можда од преголем ентузијазам ) да биди и голман и голгетер а богами и тренер. Добивањето на веќе потврдените и одобрени акредитации после неколкучасовно боксување а некои од колегите воопшто не добија свои акредитации како и необезбедување на простор за новинарите ( и во најцрните години на Салковски се знаеше кој е нашиот простор ) и со тоа им беше оневозможена нормална работа се неопростливи пропусти за фестивал од ваков размер. И дали мора се да се организира во Скопје макар се работело и за печатење на акредитации ? А нормално битолските новинари беа на последно место. Арно хостесите не ги донесоја од таму ... изгледа дека целокупниот Битолски естаблишмент како да беше презадоволен со самото враќање на фестивалот во Битола и толку, немаше ништо од најавите и обидите за поголемо учество на Битола во организацискиот аспект на фестивалот. Со ова дефинитивно сите треба да сватиме дека фестивалот се оддржува во Битола а го организираат Скопјани, шо значи фестивалот ни во лудило не е Битолски. Толку во однос на техничките детали и пропусти.
Најбитно од се и крајно неочекуван беше очајниот квалитет на филмовите во официјална конкуренција од кој освен неколку иако фестивалски повеќето се покажаја како далеку од вистински избор и со просечен квалитет. Јас искрено непамтам во последните дестеина година да му е тешко на чоек да одвои неколку добри наслови. Е сега ќе прочитате сигурно дека наградениот филм со златна камера 300, перуанскиот “Млеко од тага” бил извонреден !?! ама оти бе колешке ако бил толку убав ни до пола не го догледавте ? заедно сосе скоро појке од пола гледачи кој одбраја друг вид на забава отколку да се замарат со перуанските традиции, легенди и компири. Главниот фаворит за најпрестижната награда односно рускиот Цар со приказната за Иван грозни мораше да се задоволи со сребрената камера а бронзен беше извонредното остварување од француската кинематографија затворската драма Пророк, за кој се случи пропуст односне беше прикажан само во малата сала каде во 2 те проекции имаја можност да го видат максимуим 200 гледачи наспроти околу 900 колку што е капацитетот на големата сала. Исто би го издвоиле и Гигант кој доби награда од публиката само незнам која ? т.е кој гласаше за истата ... Словенка како критика за општествено социјалната ситуација во Европска Словенија и Мала Москва со интересен пристап ама веќе видена содржина. Се останато беше некој просек со ретки интересни секвенци и во блиска иднина ако јас би бил Директор на фестивалот под итно би одбрал нов селектор како единствен одговорен за програмскиот успех или неуспех на истиот. Награда за краток филм отиде во рацете на Никола Болдук за филмот „Следниот Кат“ и Педро Пире за „Макабричен танц“. МОС филм го награди Македонецот Георги Клинчаровски за неговиот македонски филм „Еден“.
Кога ќе тргниме рецка и резимираме доаѓа заклучокот дека се работеше за уште едно просечно остварување и само ако се одстранат пропустите фестивалот ќе добие нагорна линија и ќе го поврати стариот шмек кој го имаше а избледе низ годините.

Александар Мишевски

No comments:

 

BLOK © 2008.