Wednesday, November 11, 2009

Обуки - Стипендии - Волонтирање

Обуки

Дата: 9 – 13 ноември 2009 г.
Место: Грестен, Австрија
Сите трошоци покриени
Краен рок за пријавување: 25 септември 2009 г.
Повеќе информации и формулар за пријавување:
http://www.salto-youth.net/find-a-training/1607.html
Тренинг за градење на мир
Организатор: Центар за ненасилна акција
Датум: 23.10 – 02.11. 2009 г.
Место: Улцињ, Црна Гора
Краен рок за аплицирање: 05.10. 2009 г.
Повеќе информации и апликација: http://www.nenasilje.org/trening/tr1osnovni.html
Апликацијата да се испрати на: cna.treninzi@nenasilje.org
Датум: 30 ноември – 6 декември 2009 г.
Место: Сен Мало, Франција
Краен рок за пријавување: 30 септември 2009 г.
Трошоци: покриени
Повеќе информации: http://www.salto-youth.net/find-a-training/1588.html
Пријавување: http://www.saltoyouth.net/mySALTO/login/?pfad=/applicationonline/374/

Тренинг
ТикТак Франција
Дата: 22 – 28 март 2010 г.
Место: Франција
Краен рок за аплицирање: 12 јануари 2010 г.
Повеќе информации и апликација:
http://www.salto-youth.net/find-a-training/1481.html
Волонтирање

Програма за офталмолози - волонтери (студенти и професионалци)
Unite For Sight's Global Impact Corps
Локации: Гана, Хондурас, Индија
Информации: http://www.uniteforsight.org/volunteer-abroad
EarthCorps
Програма за животна средина
Март – август 2010 г. Сиетл, САД
Обезбедено осигурување, сместување, храна и месечна стипендија
Услови: 18 -25 години
Диплома од областа на животната средина и работно искуство во истата област
Секој кадидат треба да биде препорачан од страна на организација или клуб кој е активен во оваа област.
Краен рок: 31 септември 2009 г.
Повеќе информации: http://www.earthcorps.org/join_international.php
Контакт: mark@earthcorps.org

Стипендии

Стипендија за промотори на демократијата
Есенска сесија: октомври 2010 – февруари 2011 г.
Пролетна сесија: март – јули 2011 г.
Краен рок за пријавување за есенска сесија: 2 ноември 2009 г.
Повеќе информации и апликација:
http://www.ned.org/forum/reagan-fascell.htm

Стипендија за европско новинарство
За професионални новинари
Слободен универзитет во Берлин
Октомври 2010 – јули 2011 г.
Краен рок за пријавување: 1 ноември 2009 г.
Повеќе информации:
http://mim.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&catid=45%3A2008-12-01-14-12-22&id=223%3A2009-07-13-12-26-26&Itemid=88





Останато

5ти Светски младински конгрес Турција 2010
Дата: 31 јули – 13 август 2010 г.
Место: Истанбул, Турција
Краен рок за аплицирање: 1 февруари 2010 г.
Повеќе информации и апликација: http://www.wupy.org/index.php?option=com_content&view=article&id=206%3Aturkiye-2010&catid=44%3Aevents&Itemid=107&lang=en

Онлајн фестивал на уметности
Дата: 20 – 30 октомври 2009 г.
Краен рок за поднесување материјали: 1 октомври 2009 г.
Повеќе информации: http://www.emyan.org/2/
23ти Фестивал на слики
Дата: 1 -10 април 2010 г.
Место: Торонто, Канада
Краен рок: 30 октомври 2009 г.
Повеќе информации и апликација:
http://www.wupy.org/index.php?option=com_content&view=article&id=198%3A23rd-images-festival&catid=44%3Aevents&Itemid=107&lang=en
или
http://www.imagesfestival.com/

Повик за поднесување
Проектни Концепти / Предлог Проекти
ГЛОБАЛЕН ЕКОЛОШКИ ФОНД – ГЕФ
ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ – ПМГ
За Македонија за 2009 г.
КРАЕН РОК за поднесување на Проектни Концепти е ПOНЕДЕЛНИК, 21.09.2009 до 17.00 ч.
КРАЕН РОК за поднесување на Предлог Проекти е ПОНЕДЕЛНИК, 02.11.2009 до 17.00 ч.
Повеќе информации на
www.gefsgpmacedonia.org.mk

Конференција
Место Варшава
28 Септември – 9 Октомври 2009
Повеќе информации на
http://www.osce.org/odihr/16533.htm

Театарски рингишпил или повеќе од игра

Така е тоа. Нема ништо случајно. Важни се играчите, а претставите поминуваат во сеќавање или заборав. Бранови од разочараност и еуфорија во виорот на театарските превирања од репертоарот на сцената на БИТОЛСКИОТ НАРОДЕН ТЕТАР.
После срамно лошиот излет со ДАЛАЈ МАМА на Дејан Пројковски, кога можеби подобро ке поминеше да го режираше ТЕЛЕФОНСКИОТ ИМЕНИК, еве го повторно на сцената, но овај пат суверено завладувајќи со драматизацијата на Андреј Хинг, според романот “Браќа Карамазови” од големиот Достоевски. Зошто животот знае да биде така ужасно пеколен, или како браќата Карамазови ги лови гревот?! Како секој грев, а за некои само мал грев, прави од човекот голем грешник, за тоа и за таквите човечки заблуди што ги мачат ситните човечки души за да си го живеат пеколот сами и со оние околу нив. А од Достоевски има што да се земе и уште и да остане, во молкот на навестеното. За оваа претстава сите комплименти, затоа што досега ова е најдобрата премиера за оваа година и нема да не изненади ако на престојните театарски фестивали ги освои и најпрестижните награди. Шеснаесет члената актерска екипа нема слаба алка во синџирот од впечатливите остварувања на овој драмски ансамбл, што е и препознатлив знак на инспиративна креативност за највисоки дострели.
Сценографијата на Владо Ѓорески-Рафик и музиката на Горан Трајковски со костимографијата на Благој Мицевски и светлодизајнот на Димче Спасевски, само ја исцртуваа сета рељефност на ова видување на “Браќа Карамазови” со префинетост за сладокусци.
На 11.07.2009 година беше премиерата на “ОСАМЕНИОТ ЗАПАД” ОД Мартин Мекдона, во режија на Ристо Алексовски, што е трета премиера на БИТОЛСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР, со што ја продолжува традицијата на истражувањето на новите алтернативни светски театарски естетики и тенденции. Во пиесата се обработува темата на нужното зло, насилството што се стреми кон апсолутно оправдување, неважно од степенот на терор кој го предизвикува. Каква е туѓата смрдеа, тамо на запад, поинаква ли е од оваа нашава??? И во што е разликата??? Повисокиот стандард полошо или подобро смрди во зачмаеноста на злото што го крие и предизвикува??? Кому е важна оваа приказна, за оние кои не ги познаваат ни своите соседи и живеат едни покрај други, а нам ни е до тамошното нивно лудило, кога не ни е доста ни од ова нашево? Зарем немаше некој доволно добар домашен текст за сите овие наши транзициски улавштиловци, што ќе не засегаа повеќе од ова што го видовме на сцената, или пак, нам ни е веќе доволно доста од оваа наша домашна смрдеа на злото чиј крај и не се гледа?! Што е овој ужас од зло и каде сме ние во него. Далеку, можеби географски и по менталитет, но натаму кон него, за жал одиме.
Во претставата играат Васко Мавровски, Николче Пројчевски, Марјан Ѓоргиевски и Викторија Степанковска проблеснувајки со својата убавина и рафинираност во ликот што го толкува, меѓу сите затемнети машки карактери, компактно градени и убадливи во приказната што не ужаснува.
На 06.08.2009 година дојде и “АМЕРИКАНСКА МЕЛОДИЈА” со поднаслов СОН НА СЦЕНА. И што ни понуди таа сцена? Една разиграна, рапсеана кабаретска претстава за еднократна употреба. Инспирирана од романот на Френсис С. Фитсџералд “ГОЛЕМИОТ ГЕТСБИ”, но далеку од повеќеслојноста на неговата романескност и поетика. Со површен пристап и егзибиционистички настап, ликовите со сеќавање и заборав ја заметнуваат трагата на својата вина, во бессмислата на секојдневието, колку американско толку и минато. Драматизацијата и адаптацијата се на Џон Блондел (САД) и Јетон Незирај (КОСОВО) а режијата е на самиот Џон Блондел. Иако Фитсџералд имаше што да ни остави како порака со својот роман, Џон Блондел со оваа кабаре-перформанс претстава само се наметнува со својата исфорсирана американизираност, со агонијата на одминатата романтика, предалечна за остатокот од изгладнетиот свет. Америка останува лидер на глобализацијата што е всушност само друго име на колонизацијата. Во проспектот за претставата Џон Блондел се обидува да разјасни дека со претставата го отвора прашањето “Кои сме всушност ние?”. Колку за тоа, ние си знаеме. Ама како вие стигнавте дотука? Можеби на рамењата на Фитсџералд, кој ете ако од некаде ја видеше оваа “АМЕРИКАНСКА МЕЛОДИЈА”, којзнае како ќе му прозвучеше, а “ГОЛЕМИОТ ГЕТСБИ”, можеби ќе го преименуваше во “ГОЛЕМО НИШТО”

Национализмот како феномен на транзицијата

Растејќи во средина обременетa со проблеми од секаков вид овај феномен од поодамна е присутен и во нашата земја а посебно меѓу младите.Најекспонирани во минатото па се до денес беа момците со специфичен имиџ и избричени глави кои себеси се нарекуваат скинхедси.
Во Македонија а воедно и во Битола првите скинхедси се појавија во касните 80-ти години. Дечките својот имиџ го надополнуваа со спитфаер јакни, Др Мартинс чизми, тесни фармерки, трегери и секако избричени на нула.
Претежно беа фудбалски фанови кои како идоли ги имаа пред се Англиските а исто така беа под огромно влијание на Париските скинхедси, фанови на ПСЖ. Битно е да се напомене дека не се сите скинхедси националисти. Има голема разлика од првите скинси и денешниите кои се многу повеќе политички активни и се претежно екстремни националисти а мал број се С.Х.А.Р.П. ( skinheads against racial prejudice ) односно скинхедси против расните предрасуди. Во нашата земја најмногу можат да се сретнат во Битола, Скопје, Велес, Тетово, Кочани, Охрид... каде што впрочем и се случија различнии дејствија предизвикани од нивна страна.
Покрај кукастите крстови кои осамнаа во некои од овие градови, јавноста го памети и ланскиот инцидент кога во центарот на Охрид на тезги се продаваа маици со ликот на Адолф Хитлер кои беа повлечени откога медиумите ја информираја јавноста а никој од властите и одговорните официјално не реагираше.
Најсвеж е инцидентот кој најмногу ја потресе јавноста а се случи помеѓу Комитите и Албанското население од Нерези, при што беа повредени и преведени повеќе лица. Симптоматично во целиот случај е обвинувањето од одговорни функционери за политичка злоупотреба на инволвираните во инцидентот, а воедно сите демантираат поврзаност со агресивните екстремисти. Но таму каде што има чад има и оган и се поставува прашањето дали некој свесно манипулира со младите, со цел за остварување на некои свои интереси а притоа неводејќи сметка за општата безбедност ? Разгорувајќи ги меѓуетничките тензии и играјќи на картата на екстремниот национализам сите знаеме поучени од блиското миинато на овие простори какви се катастрофални последици можат да ни се случат.
Атмосферата инаку личеше како на бојно поле на мостот обединети нации Комитите и локалното население неколку минути се каменуваа меѓусебно а беа употребени палки метални шипки па дури и секири. Во целата гужва полесно беа повредени четири граѓани од Нерези пред почетокот на натпреварот а еден случаен минувач беше повреден после натпреварот од разгневената толпа која бараше одмазда. Жителите од Нерези изјавија дека без причина биле нападнати од Комитите кои дури и влегле во нивните домови и ги малтретирале жените и децата. Според верзијата на Комитите односно нивниот водач Мики инцидентот започнал пред натпреварот кога биле нападнати Комитите а од блиските куќи излегувале по десетина особи од една куќа и тие морале да возвратат односно да се бранат. Крајниот епилог од настанот е поднесени кривични пријави за осуммина Комити додека пак мештаните од Албанска страна кои учествуваа во инцидентот добија прекршочни пријави. Во врска со инцидентот ги пренесуваме и изјавите на претставниците на политичките партии кои беа крајно контрадикторни една со друга.
„Бараме од Владата на РМ и министерката за внатрешни работи да преземат итна акција за пронаоѓање на овие лица, било тоа да се Комити, било да се други хулигански групи, истите да се соочат со правдата“, вели Бесим Догани, Нова Демократија.„Вчерашниот случај, каде една група македонски хулигани ги тепаше Албанците сред Скопје, демолираа коли, малтретираа жени и деца, личи на Кристалната вечер во Берлин, каде Нацистите нападнаа се што не е германско, демолираа коли и домови, малтретираа и убија луѓе“, изјави Иљаз Халими, ДПА.„Надлежните во МВР морале да предвидат дека при ваков спортски настан постои висок ризик од инциденти и да ги преземат сите соодветни мерки тие да бидат спречени. Полицијата потфрли и не презема соодветни мерки“, вели Емилијан Станковиќ, СДСМ. Со писмено соопштение се огласи владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во него се вели:„Не би сакале да поверуваме дека можеби и ова е слично сценарио за злоупотреба на навивачката група Комити од страна на поединци со длабоко криминално и матно политичко досие, како случајот од пред скоро една година кога група хулигани предводена од т.н. командант Коки, близок на СДСМ и Бранко Црвенковски, се обидоа да исценираат напад врз едно дипломатско претставништво во Република Македонија“, се вели во реакцијата на владејачката партија.Најзагрижувачки во целиот настан е ненавремената реакција од полицијата која буквално бегаше во спротивна насока од инцидентот и само среќата придонесе да нема посериозно повредени.
Пред десеттина години нашата јавноста беше запрепастена кога за првпат имаше можност да дознае за инцидентите предизвикани од овие тогаш претежно малолетни лица. Помеѓу многуте нереди и инциденти најмногу прашина се крена за сквeрнавењето на еврејските гробишта во Битола кога сликите со искршени и со свастики ишарани сакрални објекти го обиколија целиот свет, потоа нападот на ромското население кога беа демолирани неколку автомобили и стамбени објекти, а пред се палењето на Албанските и Муслиманските куќи и дуќани за време на конфликтот во 2001 година. Неофицијално во јавноста тогаш се шпекулираше дека списокот на посочените објекти им бил даден од полицијата која впрочем и воопшто не реагираше додека Битола гореше. Како што напоменавме во овие инциденти покрај полнолетни учествуваа и малолетни лица.а согласно на законските одредби, против истите беа поведени малолетнички постапки и во рамките на истите им беа изречени соодветни воспитни мерки. Што се однесува до учеснииците во палежите, против истите беше поведена истрага меѓутоа согласно со законот за амнестија кој беше потоа донесен и се однесуваше за настани случени за време на конфликтот, сторителите на овие кривични дела беа амнестирани, заради што кривичната постапка против нив беше запрена. Оштетените го заджаа своето право на надомест на причинетата штета кое потоа го остваруваа во грагјанска постапка за ндомест на штета ни изјавија од Битолското обвинителство. Исто така од овластените лица кои постапувале по овие кривиично-правни настани добивме сознанија дека во одредени случаи е отежнато докажувањето на овие кривични дела а со тоа е отежнато и нивното санкционирање, од причини што често пати оштетените односно жртвите на овие девијантни однесувања како и сведоците кои се очевидци на настаните избегнуваат да дадат свои искази и да ги посочат сторителите. Причина за ваквото однесување е нивната заплашеност од агресивното однесување на сторителите и од можната опасноста да бидат ии понатаму изложени на малтретирање и напади од нивна страна.
После неколку години дивеење и десетици инциденти, беше осуден еден од лидерите на групата на казна затвор, кога веќе не им беше интересен на службите како што цинично ќе забележи Букарски на својот блог. Неонацистички симболи во повеќе наврати се истакнувани од страна на навивачката група Чкембари од кој најекспониран беше за време на финалето од ракометниот куп во Кавадарци пред неколку години каде се вееше свастиката односно кукастиот крст а полицијата беше само нем набљудувач и не превзеде буквално ништо. После тој настан беа поведени прекршочни пријави и сега ситуацијата е посмирена во однос на изминатиот период барем со јавното промовирање на националсоцијалистички симболи на јавни места.
За да ве информираме директно која е вистинската слика за оваа појава од прва рака ви ги пренесуваме размислувањата на еден наш млад сограѓанин кој се декларира како Македонски националист.
- Патриотите носат национални симболи се удираат вгради дека ја сакаат Македонија но не превземаат ништо ... За разлика од патриотите кој според нив е секој втор во државата тие превземаат нешто и имаат свои блогови, активни се на интернет а разменуваат и летоци како и книги со националистичка содржина. Понатаму ни изјави дека младите во иднина се повеќе ќе се свртат кон патриотизамот и национализмот како реакција на се што се случува во земјата а исто така владата со своето делување односно градењто на споменици придонесува за радикализирање на ситуацијата на национална основа. Покрај Македонскиот се повеќе се радикализира и Албанскиот национализам слична е и ситуацијата со Ромите и останатите националности кои живеат во нашата земја. Преку исламската верска заедница се радикализират Ромите кои тука наоѓаат чувство на припадност а сето тоа придонесува и ние да се организираме истакнува понатаму... Сиромаштијата, невработеноста и тешката материјална состојба на семејствата доведува младите се повеќе да се свртуваат кон национализмот и носат обележја од времето на националсоцијализмот како реакција на нефункционирањето на системот. Блокадата на Македонија односно изолираноста и неможноста за патуванје во други земји и размена на идеи и искуства, во период од околу 20 години сигурно е фактор плус за радикализација на ситуациијата помеѓу младите.
Екстремните националисти не се многу организирани и за разлика од екстремните левичари кои цела Битола со графити ја испишаја, свастики или кукасти крстови има многу помалку а нивни членови не се инволвирани во пишувањето, исто плакатите за бела Македонија кои осамнаа неодамна во Битола демантираше дека се нивно дело.
Од 2001 година, после воениот конфликт Македонците се радикализираја, а македонски националистички здружениија среќавам на интернет но не знам дали се активни а во Битола има едно здружение кое во својот статут го содржи зборот, радикален но не сум запознаен со некакво екстремистичко делување на истото чие име несакаше да ни го соопшти.
,,Денес во парламентот и во владата се терористите на ОНА кои на душа носат убиства и киднапирања на недолжни граѓани а бранителите кои ги жртвуваа своите животи бранејќи ја државата сега се на улица. На Македонците му е страв да поминат во срцето на Скопје односно низ чаршијата а во Тетово и цела западна Македонија се гетоизирани и смеат да се движат само во одредени кругови сето тоа доведува до развој на национализмот и кај Македонците и никој не треба да се чуди за настаната ситуација,, ни изјави нашиот соговорник.
Понатаму разбравме дека ретко кој од неговите истомисленици се членови на некои политички партии а некои се само симпатизери на партиите со префиксот ВМРО, односно ДПМНЕ и НП.
,,Ние радикалите сакаме радикална промeна на работите и целата политика и зато не ги сакаме многу партиите а во блиска иднина имам сознанија за формирање на нов политички субјект кој ќе ги обедини сите радикални сили од земјата,,. Во врска со нивното заедничко делување и соработката со политичките партии ни изјави:
Немам некои точни сознанија и најдобро е да ги прашатe директно партиите но одредени политички партии давале поддршка на некои акции но јас немам конкретни сознанија ама од никоја партија сигурно нема да признат дека поддржуваат екстремен национализам и исто така ако имаат бројни членови со радикални ставови во своите редови сигурно нема самите да одат против своето членство што би претставувало одење против самите себеси.
Покрај пропагандата преку летоци, плакати, интернет, свои блогови каде ги промовираат своите идеи а некои применуваат држење говори и јавни настапи додека најекстремните превземаат акции како дупење на гумите на колите со Грчки регистaрски таблички но јас би преферирал за ненасилни активности освен во краен случај ...
Во однос на интернационална поврзаност имаме соработка со Хрватските националисти а Македонските националисти имаат големи врски исто со Турските националисти за разлика од Европските националисти кои се главно антиисламисти. Никој не задоволен на Балканот ниту една нација и зато тоа доведува национализмот да не стивнува.
Македонските националисти не мразат никој сакаме да ни се вратат тие делови шо биле окупирани односно Егејскиот во Грција, Пиринскиот во Бугарија како и мал дел од Албанија и да бидиме во етногеогрсфските граници и воопшто немаме против никој кој што не не гиба. Грците да не ни ги праеа овие проблеми воопшто немаше да има некој нешто против нив. Ние Македонците сме мирен народ на никој ништо не му згрешивме а бевме нападнати воопшто без никаква причина во 2001 година. Се залагаме за национална слобода односно Македонскиот народ да биди господар во својата земја и социјална правда т.е намалување на социјалните разлики меѓу луѓето во Македонија како предуслов за напредок на целата земја. Не мразиме никој ниту црнци ниту евреи само несакаме утре да има неазда од било кој како во Београд што има кварт од 300 илјади Кинези. Ние самите си имаме одпојќе проблеми така да не ни требат и увозни од надвор. Доколку дојдат странци ќе се намали цената на работната рака и со евтината работна сила од надвор како прво ќе се побуниш ти или твоите родители или било кој што работи за минималец од 5 или 6 илјади денари и доколку тоа последно прибежиште биди загрозено и некој од надвор се понуди да работи за помалку сигурно ќе дојди до општо незадоволство не само кај патриотите и националистите тука кај целиот народ. Многу малку фали да се побуни народот потребна е една единствена искра или еден мал инцидент цело незадоволство да се прелее на улиците и ситуацијата да излези од контрола резимираше нашиот соговорник пред да се разделиме заминувајќи по различни патишта но со слично чувство на незадоволство и фрустрација од ситацијата во која се наоѓаме.
Оваа сторија беше поддржана од SCOOP и Данското здружение на новинарите истражувачи.

AC DC во Белград

Осеќаш како се приближува возот и за момент пред нас локомотивата и нормално се слушаат првите рифовски звуци на Џипсон Л С Ангусовата гитара и шоуто започна со Рокенроловиот Воз. Прекрасен настап, но овде имаше и светлосни ефекти одлични, а камбаната постојано ја пратеше огрмен рефлектор која зад сцната фрлаше огромна сенка. А на земјата Brian Johnson вози тенк се разбира како и авионот со натпис на логото, како и брод воен на море кој го управува останатите членови од бендот. Овај концер интересно имаше промотивен карактер како и што на самиот старт и започна па повторно нова нумера, четвртата од новото остварување Anything Goes. Не шокираат во позитивна смисла цела вечер, секоја им чес неуморни се им се восхитуваме и уживаме во уште една прекрасна нумера You Shook Me All Night Long.
На ред е мега хитот кој од самата почеток на нивната кариера ја извадоја во две верзии од 1974 како европска верзија така и за австралискиот пазар , нумерата со која и се пробија T.N.T. е овде Ангус презентираше стиптист способноссти прво ја фрли кецељата( Школската наметка), па потоа вратоврската црвена, па ја извади белата кошула и ги откри страмежливите влакна на градите. А со ракавот си поигра помеѓу колената. И на крајот ги симна се разбира и кратките пантолони и го покажа својот задник но овој пат покриен со бели боксерки на кои беше напишано логото на бендот со громот. Вистински динамит дури од три страни парната локомотива со црвениот рог која постојано ја красеше бината излегуваа пламен како од предниот дел така и од страничниот и од тркалата, а оџакот постојано чадеше . Брајан најавува ние имаме божица на сцената и во тој момен се дуе дваесет метарска кукла на фарбана плавуша во црвени мрежести хулахопки во кои има амерички долари со големи гради и огромен црвен градник како две црвени месечини кои сјајат на бината во кој исто така има долари . Нека биде гитара па би гитарата на Angus Young. Нека биде тапанот па би ... Нека биде: Let There Be Rock ! И би. Овде Ангус истрча до центарот на тереннот се разбира со гитарата кој беше поврзан со бината и тоа со свирење и таму го чекаше платформа која го крена во воздух десетина метри, која како мал ринг со свирење се прпелкаше во него со долго соло. И на крајот од оваа нумера не одустоија со величенствен, гигански дож од конфети. И после тоа ја нупиштија бината. Од средината на бината се отвора отвор како да е тоа деветиот круг од кого како од адот да излегуваат големи пламени јазици кои се спремни да ги проголтаат вистинските грешници, а од нив излегува целиот осветлен во црвена боја со рогови рок херојот и ги свири првите рифови од мегахитот Highway To Hell. Одблеснува црвената светлина од главите од роговите на хард рок фановите.
На едни им светат постојано, а на некои наизменично прво едниот па потоа другиот рог, а на трети им светат и им се гасат истовремено. Кој да го сценирал ова неможел да го планира и вака феноменално да го осмисли. И за на крај не почестуваат со финалната на кој и наизбирлите сладокусци се задоволени. Со истоимената нумера од истоимениот албум For Those About To Rock. Еуфорија несекојдневен спектакал.И крајот уште повеличествен кралевски огномет, Искрено ноќта беше претворен во ден. Иако ги гледам по втор пат и тоа после осумнаесет години ништо од тој концерт не избледело, а камо ли од овај спектакал кој уште многу ќе го спомнувам со надеж дека некој друг ќе го надмине иако во тоа се сомневам. Замислете иако толку многу возрасни тие истрчаа и издржаа еден маратон посебно вокалистот Брајан и гитаристот вечно младиот Ангус кој иако ја губи косата не ја губи кондицијата и баратањето со величествениот инструмент божји - гитарата. Ги очекував постојано се борев за позиција, но навистина повторно не се појавија и ништо во публиката не фрлија. For those about to rock - we salute you!

Интервју со Никола Димитровски

Имавме чест да разговараме со еден од организаторите на фестивалот, Никола Димитровски кој даде свое видување за овогодинешното издание на АКТО

Блок: Колку сте задоволни со текот на фестивалот и посетеноста?

Никола Димитровски:Добро е што од година до година фестивалот станува се по посетен и се по организиран. Ова ни е четврта година од одржувањето на фестивалот. Секоја година и запазуваме принципите на фестивалот на кои што се темели самиот фестивал а тоа се: темата на фестивалот која одлучивме оваа година да биде поколенија. Второто е, нормално, локациите што ги избираме да бидат алтернативни локации, каде што се изведуваат настани како музички настани, уметнички дела, перформанси кои не се вообичаени. Значи го пренесуваме самото дело како готово и го трансформираме во друг простор.

Блок: Зошто оваа година акцентот е ставен врз визуелните уметности, пред се театарот?

Никола Димитровски:Во принцип сакаме фестивалот да го одвоиме од размислувањето на некои луѓе кои што можеби повеќе го имаат сфатено фестивалот како музички фестивал. Сепак се работи за фестивал на современа уметност. Тоа опфаќа музика, изведувачки уметности, теорија на култура и визуелни уметности. Значи сите тие четири сегменти на фестивалот сакаме да бидат подеднакво опфатени, иако можеби за публиката најатрактивен дел е музиката и затоа секогаш најмногу сака да ја следи музичката програма. Сепак ние дел од буџетот на овогодинешниот фестивал одвоивме за продукција на наша претстава, што мислам дека да се направи продукција во ова време на рецесија и економски проблеми е голем потфат. Значи донесовме реномиран режисер од Хрватска, Младен Вукич Фејџа, кој заедно со пет актери од Македонија, Петар Арсовски, Илина Чоревска.

Блок: Отприлика колку од буџетот одвоивте за театарската претстава?

Никола Димитровски:Не можам да ви кажам конкретно. Сепак рачунајте дека тие актери и режисер беа тука, работеа околу петнаесет-дваесет дена. Може да се каже дека се одвои третина или четвртина од средствата, која беше употребена за да се продуцира таа претстава. Но сепак сметаме дека сето тоа се исплати, се направи една квалитетна претстава чиј живот ќе продолжи понатаму. Премиерата беше на отварањето на овој фестивал.
Блок:Дали претставата ќе се игра на други места?

Никола Димитровски:Имаме план претставата да се прикажува и понатаму, да учествува на други фестивали, во други градови, во други држави. Значи да не згасне животот на претставата со премиерата на почетоткот на фестивалот.
Сакавме да биде сериозна претстава изработена со професионални актери и режисер и сценографија. Тоа беше прва цел во однос на претставата. Мислам дека допре до публиката со својата невообичаеност за голем дел од оние кои ја гледаа. Знаеме дека беше ограничен бројот на луѓето. Се потрудивме да има и премиера и претпремиера, само поголем број на актери да присуствуват на неа.

Блок: Кажи ни нешто за релацијата помеѓу поколенијата и настаните во текот на фестивалот.

Никола Димитровски: Темата на фестивалот е поврзана со визуелните уметници, кои своите дела ѓи подготвуваат индивидуално за фестивалот и во однос на темата се водат и тие самите. Но сепак врската норално може да се пронајди како во претставата ,,Разбојници,, која што има голема поврзаност во приказната за таткото и неговите синови-тоа има поврзаност со темата ,,поколенија,,

Блок: А во однос на другите активности?

Никола Димитровски:Во однос на другите активности, поврзаноста и со локациите. Затоа за овој фестивал како место го одбравме култното битолско кафе ,,Висаж,,. За самиот тој настан се поврзаа се поврзаа многу генерации кои во последните петнаесет години поделиле многу добри моменти. И во никој случај, иако некои од луѓето сфатија дека ние сакаме да поттикнеме некоја носталгија – како било порано, па да го вратиме истото. Сепак ние сакавме да му дадеме нов дух на местото, значи да го вратиме местот за една вечер. Значи во ова време и на ова место, без разлика на цела носталгија со некаква поврзаност на сите тие генерации за една вечер повторно да се вратат на тоа место.

Блок:Дали сметате дека Битола заслужува некој алтернативен културен простор и како АКТО дали би се нафатиле да има програма во текот на целата година?

Никола Димитровски:Јас можам да ви кажам дека Битола како град заслужува многу, сепак само ние кои го организираме фестивалот знаеме кој напор е да се изведи самиот фестивал од идеја до предпродукција, продукција, реализација и завршна фаза.

Блок:Дали би вложиле енергија за да има такво место?

Никола Димитровски:За тоа треба разбирање. Ете за овој фестивал имаме поддржка од општината, но сепак треба повеќе спонзори, разбирање и најмногу поддржка од публиката. Без поддржка не може да се реализира фестивалот. За нашиот фестивал не е доволно да се привлечи само битолската публика, туку да ја привлачиме и пошироката публика. Конкретно денес беше организиран АКТО превоз со воз. Со еден бесплатен вагон од Скопје имаше журка во возот. И многу луѓе од Скопје се сега тука за фестивалот. АКТО е единствен фестивал со ваков карактер во државата и е еден од неколкуте фестивали кои егзистираат толку долго во нашиот град. Мислам не само ние како организација туку и тие кои помагаат сме околу педесет луѓе, туку и сите оние кои кои ја сакаат уметноста и сегментите опфатени на АКТО фестивалот, тие навистина сакаат да живее културата во градот и сакаат на било кој начин да го поддржат, на пример со посета на настаните.

Блок:Не интересира дали подарежливи
се фондациите или спонзорите?

Никола Димитровски:Не можам да кажам колку кошта фестивалот. Доколку се собери цела енергија што ја влож

ваме во фестивалот како и време и напор средства и труд тогаш мислам дека е бесценето да се зборува за финансиски средства. Сите ние се трудиме и сакаме да ги поместиме границите на возможното. Значи се она што изгледа невозможно, да се обезбеди некоја локација, одредена група и настан. На пример оваа година беа рачно израбтени петсто постери. Од тоа можете да видите колку труд се вложува.

Блок:Дали мислите дека е толку битно да има толку постери?

Никола Димитровски: Ние сакаме фестивалот да има одреден имиџ. Квалитет на програма, дизајн, настани. Значи не ни е важно само да донесеме некоја група. Ние сакаме да има некој препознатлив знак што ќе го истакне АКТО фестивалот. Самиот фестивал станува бренд и се трудиме работите кои можат да се изведат просто да се изведат посложено.

Блок:Да ни кажете нешто за локациите. Имаше примедби дека во официјалните флаери за повеке настани пишува ,,ексклузивен простор,, или јавна локација и небеше баш лесно да се пронајдат.

Никола Димитровски:Се потрудивме оваа година граѓаните да бидат максимално информирани. Единствено не беше откриена локацијата за изложбата на бугарските уметници која се викаше ,,Шпионка,, но не затоа што сакавме да ја скриеме локацијата, самите уметници сакаа кога ќе дојдат да одберат место. Сите други локаци беа откриени. Втората изложба на визуелни уметности ќе биде во свиората и ќе биде со преку петнаесет уметници од Балканот. И сигурен сум дека сите што ќе ја посетат таа изложба ќе бидат импресионирани.

Блок: А имаше и некои промени. На пример куклената претстава не беше на железничка станица.

Никола Димитровски: Двете промени кои се случија беа поради временските услови. Затоа што е дождливо време не можиме да одржиме настан надвор. Ние се трудиме да ги задржиме локациите, но имаме за сите локации и втора варијанта за во случај на лоши временски услови.

Блок: Можи да ни кажите нешто за музиката?

Никола Димитровски:Оваа година се потрудивме да донесиме квалитетна музика од Македонија и балканските простори.

Блок :Кој изведувач мислите дека е највлијателен.

Никола Димитровски:Мислам дека интересен ќе биде бендот од Србија кој носи нов бран на панк алтернативен звук. Оваа група беа учесници на овогодинешниот ,,Егзит,, фестивал, во Битола гостуваат прв пат, Важно е дека АКТО фестивалот е на нивната агенда и сакаат на овој фестивал да го промовират својот нов албум. И има бенд од Скопје со многу хитови меѓу кои една песна беше одбрана за хит на годината на радио 103, тука се нормално и локалните диџеи Сашо Рејсид, Горан Тек, Никола Кунич. Значи иако ке има музика од пошироко, мора да се промовираат и локални артисти. Многу од нив веќе имаат оставено белег по своите кариери. Би ја спомнал и DJ Илина Анѓел која доаѓа од Скопје, позната е по својот проект ,,Видео Дром,, кој што го изведува во многу локали низ Македонија и за крај ,,Ектр Ван,, тие се двајца диџеи од Грција. Тие го организираат еден од најголемите фестивали за електронска музика на Балканот. На овој фестивал тие ќе оддржат работилница и промоција на нивниот фестивал кој што се оддржува во Септември. Исто така имаме одложен настан кој ќе се одржи во самата зоолошка градина.

Блок:Некоја порака за крај?

Никола Димитровски:За крај сакам да се заблагодарам пред се на сите кои го помогнаа фестивалот. Волонтери, тим на продукција, некои кои овие шест дена работеа напорно. И би сакал да апелирам до битолската публика да го цени фестивалот, да го подржува и да направи се за фестивалот да живее и понатаму.

АКТО 4

Четвртиот АКТО оваа година се одржа од 12-ти до 16-ти Август во Битола и во ова издание покажа дека секоја година програмата е се поквалитетна и пообемна. Вклучувајки изведувачки уметности, музика и теорија на култура, една тема ги обединуваше понудените настани – ПОКОЛЕНИЈА. Како што стои и во пишаните материјали за фестивалот, целта на АКТО е отворање на културните рамки на едно современо општество преку нивно “репоставување” и дефинирање во нов контекст.

Во старото кафуле “Al Hambra” ден пред официјалното отварање на фестивалот, дел од битолската публика можеше да се запознае со претставата Разбојници од Shiler а во режија на Младен Вукиќ-Феџа од Хрватска и тоа како прв продукциски проект на екипата на АКТО. Учествуваа актери од Скопје и Битола, а содржината на претставата остро беше нагласена на поколенијата и со високи уметнички интерпретации иако во скромни сценски услови беше изведена во еден здив. Во рамките на изведувачките уметности гостите од театарот Рама Зеница од Босна и Херцеговина ја изведоа претставата Лубовта според Шекспир и тоа на соодветен простор на содржината на претставата на олимпискиот базен. Понудувајќи креативно решение за куклен театар инспириран од берлинската панк сцена во 90-те години, театарот “Das Helmi” настапи со претставата “leon” која беше адаптација на истоимениот култен филм на Лук Бесон од 1994 г кој ненајавено сменувајки ја предходно најавената локација се одржа во просториите на “Al Hambra”. Се добива заклучокот дека визуелните уметности а пред се театарот доминираа оваа година а музиката беше како придружен дел или едноставо кажано како забава помеѓу проекциите.
Во стилот на ланската практика каде за дел од настаните не беше наведена локацијата, се одржа мулти медијален перформанс кој потпишан од словенечката визуелна уметничка Пила Русјан беше наречен “We are all Big Brother and Big Brother is just one of us ”. Иако перформансот траеше само двесетина минути неговата ефективност беше доста голема, со мала напомена дека сепак како нешто ново и иновативно со оштра критичка порака кон споменикологијата која се случува кај нас. Во овај дел на визуелните настани на фестивалот, Ана Недељкович од Србија се претстави со цртачки перформанс а педесетина уметници од Бугарија во “Al Hambra” одржаа групна изложба. Како дел од последниот ден на АКТО фестивалот во заводот музеј и галерија беше прикажан и документарниот филм “Индустриски рај, 2009” од хрватот Мартин Црталич. Од изведувачките уметности беше изведено делото на Ана Јосифовска “In & Out” а во продолжение на целиот перформанс во напуштената фабрика Свилара своја групна изложба имаа уметници од Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Косово и Македонија како еден од пообемните и квалитативни настани на фестивалот.
Богатиот музички дел го започна минатогодишната гостинка на фестивалот, Илина Ангеловска со DJ SET наречен Видеодром, а во преполното култно кафуле Vissage свој DJ set одржаа битолчанецот Сашо Рејсид, Никола Кунич и Тони Димитров.
Голем број на патници кој од Скопје до Битола ги донесе озвучениот воз со Dj SET на неколку изведувачи. Овај настан, дефинитивно во манирот на фстивалот кој поддржува алтернативни изведувачки простори, оваа година беше продолжување на традицијата од предходните фестивалси изданија. Покрај патниците, исто така многубројна публика од градот, присуствуваше на промоцијата на новиот албум на Bei the fish кој се покажа как извонредна мешавина на акустични инструменти, современа електроника, македонски и медитерански зачини и привлечен поп звук. Оваа, 2009 година нивните засега живи настапи ги надополнува Владимир Настевски на електронски тапани кој носи нова енергија и свежина во составот. Долго најавуваното гостување на белграѓаните Репетитор кој се претставија со брутален панк сет а беа претставени како алтернативен состав не ги исполнија сите очекувања на битолско-скопската публика иако беа најавувани како најважен музички исчекор во српската популарна музика во новата историја. Свој DJ set одржа и Марупос од Fresh Union.Понатаму не сваќам која е поентата да изработиш рачно 500 или 1000 постери потрошиш време, труд и средства а се со цел место едноставно да биди сложено макар се работело и за имиџ на фестивалот.
Два дена по ред, во заводот, музеј и галерија, се одржа дебата на тема ПОКОЛЕНИЈА- архиви на идентитетот, каде куратор беше Славчо Димтров во која вметнувајки ја новонастанатата политичка стуација, се поврзаа поколенијата како дел од историјата односно поново воскреснатата антиквизација што е секако новина за фестивалот и полека можи да кажиме дека доби политичка димензија и ангажираност.
Добра иновативност на фестивалот се покажа и берзата на уметнички проекти каде се посочија идеите на многу млади уметници кои се надеваме нема да останат само како безповратно ехо во старата турска касарна а позната како Музеј
Затворањето на фестивлот се случи во зоолошката градина со мултимедијалниот перформанс типичен за современата уметност наречен “Fuck up dreamer” од Јаша Мревље и концертот на The John, како и Robotek од добропознатиот состав PMG Collective. Критика од наша страна за локацијата на концертот бидејќи според светските конвенции забрането е одржување на музички настани во ЗОО градини и се надеваме дека понатаму никој нема да организира концерти блиску до зоолошката градина.
За крај, наградата "Драгиша Наневски" за интердисциплинарност, која ја доделува фестивалот за современи уметности "АКТО ја доби визуелната уметница Мета Гргуревич од Словенија за делото "World don’t come easy”.
Наградата се доделува за "инволвираност во уметноста и културата која се карактеризира со искрено, перпетуално и постојано присуство, елоквентност, позиција, холистична поетска експресија, деликатно уметничко однесување и начин на работа".

Интервју со Ѓуле од Ван Гог

Блок: Како дојдовте до идеја да го носите името на култниот уметник Ван Гог ?
Ѓуле: Немам појма одамна беше. Мораше некако да се викаме. Но би споменал дека мило ми е да сме тука за прв пат како и синоќа кога за прв пат бевме и во Куманово, а пред десет дена и во Охрид. И мило ми е што низ Македонија Ван Гог има голема армија на фанови, насмеани и добро расположени фанови.Оваа турнеја ја започнавме од Крагуевац и бевме низ многу градови и низ Македонија, а вечерва ветувам ќе биде и овде добро.
Блок: Ван Гог се формирани во јануари 1986 год. , потоа направивте мала пауза и се вративте повторно во 1990. Зошто имавте пауза и што правевте, а воедно започнавте како квинтет , а потоа продолживте како трио што се случи и што станува со останатите ?
Ѓуле: Тргнавме како петорка како и самиот што кажа. Потоа знаеш секој си оди по својот пат. Секо оди по својот животен пат. Животот е непредвидлив. Со првиот албум стартиравме па потоа направивме двегодини пауза. Па потоа пробавме со друг стил на музика со нашите пријатели. Па во 1990 повторно се роди идеата за Ван Гог и направивме врајкање и започнавме со албумот “Свет е твој” на кого се наоѓа песната “Нетко те има”. И да знаеш некако кога бараш да ти одговорам во тој период добро не се сеќавам. Но добро што трагнавме и потоа никогаш не застанавме.
Блок: Во првите два албуми соработувавте со ЕКВ. Иако мислам дека многу подсеќате на нив и се осеќа нивното влијание каква беше вашата соработка со овој култен бенд ?
Ѓуле: Ние пред се бевме како пријатели. Почитувањето од наша страна кон нив е големо и штета што тие не се живи, но нивното дело останува засекогаш. Голем респект кон Милан од кого имавме голема подршка како на првиот албум така и на вториот албум. Некако како да има Ван Гог стил н музика која како да подсеќа на ЕКВ. Некои одат до таму дека сме плагијат. Нормално дека не сме плагијат. Имаме различен стил. Одлично се дружевме и никогаш нема да порекнеме нормавлно влијанието од постарите како и од мојот постар брат кој е клавијатурист на Електрични Оргазам. Знаеш кога се дружиш со такви луѓе и слушаш музика со нив нормално дека еден дел од твојот живот е одбележен. ако мислат да не споредат ради стилот со нив во ред. Ние сме горди на тоа, но ние не подсеќаме на нив .
Блок: Сo Емир Кустурицаза песната “Емигрант” од албумот “Коло” направивте спот како стигнавте до тоа соработка?

Ѓуле: Емир Кустурица како што го викаме ние професор: Навистина голем уметник. Ги сакаме неговите филмови. Тој кога го преслуша албумот “Коло” и ја слушна песната . Одма се роди идеја да направиме некаков спот. Тој нас ни го посвети времето и ги сподели моментите со нас кога го снимавме спотот секоја му чест.
Блок: Во 2003 год. бевте на турнеја низ Америка и Канада и сте од ретките на кои им успеа тоа. Како се случи тоа?
Ѓуле: Сега ќе ти кажам. За да им ги растуриме илузии на лугето. Мене искрено ме нервираат луѓето кога зборуваат за турнеи и патувања низ Америка и Австралија . Тоа се само големи километри пат. Ние свиревме во мали клубови. Знаеш тоа е безвеза. Не се тоа мегаломански концерит од типот на Ролинг Стонс, У2, Мадона, Фил Колинс . Тоа се клубски свирки и ние сме горди на тоа. Тука доаѓаат наши луѓе и нивните пријатели. Па и странци кои не го разбираат јазикот и не ги разбираат текстуалните пораки, но ја свајќаат музиката која е универзален јазик и не разбираат насекаде.
Блок: Во Босна и Херцеговина одлично сте прифатени во 2007 свиревте во Бања Лука пред дваесет иљади публика. Дали поради тоа само за пазарот на Босна и Херцеговина во јуни 2007 ја издадовте компилацијата “Сречно Ново Уживо” ?
Ѓуле: Знаеш како. Еден дел од публиката ги пропушти Ван Гог албумите постари. Па ние сакавме на помладата популација да им удоволиме за да се запознаат со она што го работеше порано Ван Гог и затоа е направена таа компилација. А ако постои интерес и за Македонија и ако постои некоја издавачка куќа која е заинтересирани ние сме спремни тоа да го направиме и за вас и да направиме некоја компилација за оние кои го пропуштиле предходниот дел од Ван Гог. Знаеш интернетот и она сега што се случува е едноставно довоно е само со неколку удари и одете на нашиот сајт и далнодирајтеги бесплатно нашите спотови и музика и слушајте. Бесплатно.
Блок:Новиот последен албум кој е осми по ред студиски албум , ако се земе со живите албуми и компилации кој содржи добри единаесет песни кој е насловен како ”Лавиринт “ го снимивте во своето сопствено студио “Go Go”, а го продукциравте во “NRG Studio” во Лос Аџелес во С.А.Д. каде има снимано ако не се лажам и легендарниот гитарист Jimi Hendrix. Зошто го миксиравте и прудуциравте дури таму?
Ѓуле: Немој да им правиме на луѓето мистификација и да им споменуваме на луѓето за Америка и за Ел Еј како нешто којзнае што. Тоа се наши детски соништа кои не ни беа остварени. Тоа ни беше идеја уште пред десет години. Ние сме бенд кој што сето тоа што ќе го заработи ќе го вложи и во спотови и во продукција. Не затоа што по секоја цена би се разликувале од другите него за себе да си угодиме и секогаш нешто ново да дознаеме. А нормлно сето тоа публиката ќе го почуствува и ќе го слушне и ќе знае да го цени. Следната идеја или дечки сон кој не ни е остварен е после некоку години некој албум после Лавирин да го снимиме во Јапонија и ќе отидеме во Јапонија. Најбитно од се не ми е важно каде ќе го снимаш албумот. Дали во Белгад или во Битола или во Бања Лука или во Суботица . Нас ни е сеедно . Само ни е битно тоа да звучи поинаку. Тоа нас ни е потребно. Продукциски и стилски ние го следиме нашиот иснтикт и свириме тоа што го љубиме. На кој што му се допаѓа му се допаѓа, а на кој што не му се допаѓа супер им благодарам.
Блок:. Кои се вашите омилени бендови. Можеби Ју ту , Симпал Мајндс, ЕКВ .. ?
Ѓуле: Немој за тоа да зборуваш. Ју ту е бенд за себе. Симпал Мајнд исто така и Ван Гог е бенд за себе. Луѓето кого не го познааваат бендот полесно го споредуваат со стилот на други и затоа решават за ова со тоа што ќе речат: “Eте овој бенд личи на нив”. Добро, нека биде така, но генерално е значењето на публиката како реагира . Ние концерто на 17 декенври во Скопје на Саемот ќе го одржиме, нo оваа турнеја ќе трае две години низ повеќе градови и за разчика од турнејата ‘Коло”ќе трае подолго , а драго ни е дека во склоп на оваа турнеја бевме низ градови низ Македонија. И ви ветувам дека ќе се вратиме. Слушајте добра музика и бидете живи и здрави и се глредаме вечерва на бината во Битола!

Битола Отворен Град

Во манирот на изминатите седум фестивалски изданија, Битола отворен град започна на 26 Октомври за во наредните 4 дена да се покажи не само како фестивал на сувопарно излагање на културата и уметноста, туку и како настан кој преку бројните работилници направи исчекор покажа како таа се создава и како може да биде создадена.



Воведниот дел беше наменет за електронската музика претставувавајќи ја битолската техно сцена, Ди Џеите T: Zobe, Dejan Dex, Chico, L-Kid, и Danny_L , имаа целовечерен настап на просторот помеѓу кафулињата Iguchi и Симбол каде нивните сограѓани, разминувајки се еден со друг можеа во исто време и да се забавуваат со неколку бугарски танчари. Во наредниот дел од фестивлот, и тоа на просторот околу фонатаната кај музејот, настапија Fadin’ Black, Symptom, Nightfall а специјални гости им беа Against Them All (A.T.A). Кога сме веќе кај гостите, нив ги имаше и од Црна Гора. Бендот се викаше Qtera, а нивниот настап го преполана кафулето Инстикт.
Во секој случај треба да се спомене и за театарскиот перформанс кого го изведоа волонтери од Полска, Србија, Германија, Јужна Кореа, Јапонија, Италија и Велика Битанија кои уште еднаш докажаа дека културата секогаш има место за различностите. Во продолжение, на затворената улица кај хотел Епинал, место за своите фотографии најдоја повеќе битолски фотографи, кои со своето присуство на настанот, ги задоволија љубопитните минувачи. Александар Буневски, Златко Марковски, Петар Тасевски, Владимир Ивановски и Сашо Каракамишев.
Во рамките на овај младински фестивал пред центарот за култура беше изложена уште една изложба на фотографии, овај пат од Јован Јариќ, а после Нови Сад Битола е втор град каде што се прикажуваат прекрасните фотографии со едни специфични мотиви и тоа огнот и човекот каде сложените меѓусебни односи се исконските времиња па се до денес. Изложбата привлече навистина големо внимание што и овај пат докажа дека на нашиот град му фалат вакви уметнички претставувања.
Помеѓу креативните работилници, свое место најдоа HIP HOP Macedonia и како и работилницата подготвена од Sarah Fazekas насловена Како се прави списание и тоа на отворен простор достапен за сите заинтересирани, околу градската саат кула
.
Кулминација фестивалските случувања доживеаја сигурно последниот ден за време на оддржувањето на музичкиот хепенинг кој годинава имаше најзвучно и најактуелно име во Белградската рок атракција Ван Гог кој сигурно се најдобриот бенд од поранешните ЈУ простори, а по прв пат настапуваат во нашиот град.

Први, невообичаено за нив откога не се веќе андерграунд бенд и станаја масовна атракција настапија Паркети и тоа без Марија, која уживала на медениот месец како што не информираше Саше. Покрај вообичаеното засмевање на публиката често на своја сметка и стандардниот репертоар од старо нови хитови овај пат како да сакаја да ги демантираат сите оние кои се посомневаа дека изгубиле дел од својата бунтовност или не дај боже се продале на музичкиот естаблишмент после неколку години ги изведоја дел од нивните фаворити од почетокот на кариерата. Имавме можност да ги слушниме Бабати на летање и Бандиера роса во нивна изведба кој предизвикаа задоволство кај нивните постари фанови а помладите добија ретка можност да се запозннат со нивното творештво од раната панкерска фаза. Втори на сцената се појавија Памперс со новата постава кој две години по ред настапуваат на БОГ а со тоа потврдуваат дека се бенд кој сигурно најмногу напредувал во претходната година. Секако најмногу на тоа се должи вртењето на спотовите на МТВ каналот каде високо котираја, а во изминатиот период имаја забележителни настапи низ државата а посебно поддршката на Прљаво казалиште во Охрид. Се претставија со добро познат репертоар од нивните најголеми хитови кои беа прилично добро прифатени од публиката и да се надеваме дека во иднина ќе продолжат во уште подобра насока претставувајќи ја на најдобар можен начин битолската рок сцена. Потоа следуваше мала пауза во исчекување на звездите на вечерта кога се случи најнепотребниот момент вечерта, кога водителката на емисијата Ритамот на градот на ТВ Тера се качи на бината да го најави градоначалникот на Битола г-дин Владимир Талески. Маја неочекувано од публиката беше исвиркана а пораката беше одпојќе јасна – Оставете го рокот на рокерите а вие си ги имате турбофолкот, турбопопот и вашите малограѓански клонирани забави, а битолската публика докажа дека не е аморфна маса со извршена лоботомија и без знаци на разум и отпор пред се.
Нејсе... се појавија и звездите на вечерта Ван Гог кои сосема опуштено и непретенциозно го започнаја својот настап жестоко подржани од обожавателите. Кога сме кај публиката мора да се спомне дека ја имаше од цела држава што ретко се случува на некој настан во Битола. Се редеа хитови од цел опус на бендот кога се случи моментот кој ја одбележа вечерта, специјално за Битолчани ја исполнија Трагови прошлости нивниот хит од 1986 година кога беа на почетокот од кариерата во сосема различен состав со друг вокал и со тоа ми се исполни една моја а се надевам и желба на многу фанови на бендот да ја слушнат во живо. Некаде средината од нивниот настап подзабавија и претежно можевме да слушниме поспори композиции од нивните понови албуми. Свиреа невообичаено долго со се сите паузи дури повеќе од 2 часа а Ѓуле и екипата не престануваја да ги забавуваат сите а посебно оние кои имаа среќа да бидат во првите редови од кои најсреќните добија различни поклони. Кулминација концертот достигна на самиот крај кога на бис ги изведоја големите хитови Списак Разлога и Нетко те има ночас која ја испеаја во еден глас заедно со публиката. Понатаму за обожавателите на електронската музика се претстави ди џејот Хенри Саинз кој имаја можноста да го проследат преостанатите најупорни посетители. Да се надеваме дека за брзо време ќе се промени ситуацијата со концертно-забавниот во градот и нема да има потреба да чекаме повеќе од 20 години да проследиме големини како што се Ван Гог.
Стрипот е една фантазмагорична убавина на хартиените кукли. Во состојба секогаш постојана, неподвижни како марионети без конци, тој е нешто што не може да се најде во филмот, кој исто така има своја убавина и динамичност.
Тој е еден вид, суштински различен, кој дава преглед на еден сосема поинаков стил, свет на изразување. Светот на стрипот би можел широкоградо да му ги подари на филмот сцените, карактерите, приказните, но не и најмистичната и најнеописливата убавина – постојаноста и неподвижноста на закачените пеперутки.”

Федерико Фелини


Нема да се правам попаметна и да се трудам да кажам нешто слично за стрипот, туку едноставно ќе се согласам со она што големиот италијански режисер имал да го каже. Можеби помалку познат факт е дека Фелини бил не само љубител на стрипот туку својата креативност ја искористил да создава и дела од деветтата уметност. Оние што го познаваат, читаат и сакаат стрипот (а кои искрено се надевам дека ги има во поголем број отколку што мислам) можат да ја разберат ваквата емотивна изјава. (Не)читањето стрип во Македонија отсекогаш ми била провокативна тема, но колку и да е примамливо впуштањето во една таква расправа сепак решив да го одложам тоа прашање во интерес на самиот стрип и стрип културата кај нас. Можеби некој сепак ќе го прочита текстов и ќе научи нешто и ќе посака да научи уште повеќе, па ќе се намали бројот на луѓе кои ќе ме сретнат на улица со стрип и ме прашуваат зошто сè уште читам сликовници. За оние кои почнале да се запознаваат со оваа уметност преку филмот - стрипот не започнува (и дефинитивно не завршува) со Бетмен, Супермен, Спајдермен и другите помалку комерцијални “мен” од клубот суперхерои, кои моментално ја спасуваат филмската индустрија од недостатокот на оригинални идеи и попатно го спасуваат и човештвото. Со сета должна почит кон овие јунаци и нивниот долг опстанок и неоспорен квалитет, не секој стрип може да се екранизира, бидејќи, како што и рекол паметниот чичко Фелини, закачените пеперутки се намерно закачени и не треба да се помрднуваат, инаку ќе ни се сронат во прстите. Раѓање и еволуција на стрипот Наративното сликарство и наративната илустрација е форма на изразување која човекот ја употребувал уште пред илјадници години. Египетското сликарство поддржано со хиероглифи, фреските во црквите, средновековните таписерии, сите тие ја содржат истата идеја. Со развивањето на печатарските машини се развива и стрипот, со тоа што сега е многу полесно да стигне до читачот во форма на печатен медиум. Во овој период се развиваат и влегуваат во употреба и добро познатите балони во кои се впишува текстот од говорот на ликовите. Модерниот стрип е роден во Швајцарија со делото на Родолф Тофер Приказната за господинот Старо Дрво во далечната 1827 г. На прв поглед и не изгледа толку модерно, бидејќи форматот не е каков што најчесто се користи и според кој стрипот е најпознат – тука ги нема балончињата за говор, кои во тој период излегле од употреба и ќе се вратат во почетокот на 20 век. Кон средината на 19 век како форма се воспоставуваат и сатиричните и хумористичните цртежи кои до ден денес ја развеселуваат монотонијата на дневните весници. Тие го добиваат името картуни (cartoons) како што британското списание Панч (Punch) ги нарекло своите цртежи. Велика Британија продолжува со издавање списанија кои редовно содржат стрипови и картуни, а заразата се шири и преку океанот. Ричард Ф. Ауткалт и неговиот Јелоу Кид се сметаат за основачи на формата и правилата на стрип – каишите. (Токму Ауткалт е оној кој ќе ги врати во употреба балончињата). Дваесеттиот век ги создава условите за ширење на стрипот како масовен медиум и негово зацврстување и признавање како нова уметничка форма ширум светот. Стрип – каишите заживуваат во сè поголем број весници, потоа се собираат во брошури или книги, за постепено идеите да еволуираат и да прераснат во стрип – албумот, чија форма варира во различните земји на потекло – од графичките новели во САД, преку албумите во Европа па сè до мангата во Јапонија. Американски и британски стрип Факт е дека, генерално гледано, англо-саксонскиот свет гледал на стрипот како на подолна форма на уметност, за разлика од Европа. Меѓутоа, тоа не значи дека стриповите од тоа подрачје се и понеквалитетни и дека треба така да се третираат. Напротив, едни од најголемите остварувања во деветтата уметност и едни од најголемите стрип-уметници доаѓаат токму од САД и Обединетото Кралство. Еден од најраните американски стрипови во конвенционална форма е Малиот Немо на Виндзор МекКеј кој излегува во периодот од 1905 до 1914 г. Следува светски признатата класика Крејзи Кет на Џорџ Хериман, која излегува од 1913 до 1944 г. Дваесеттите и триесеттите години на минатиот век забележуваат огромен подем на цртаните ленти. Тогаш започнува славната ера на уште пославните суперхерои – заштитен знак на американскиот мејнстрим стрип. Во 1938 г. се појавува Супермен, го дефинира архетипот на суперхерој и широко ја отвора вратата за плејадата “колеги” кои следуваат – Флеш на Гарднер Фокс и Хари Ламперт, Фантастична Четворка, Сребрениот сурфер и Спајдермен на Стен Ли, Бетмен на Боб Кејн, Вочмен на Алан Мур, итн итн. Помалку конвенционалните херои го наоѓаат својот израз во Спирит на Вил Ајзнер, Конан, стрип – адаптација на популарниот варварин создаден од страна на американскиот писател Роберт Хауард, адаптацијата на Тарзан, јунаците на Френк Милер од Градот на гревот, Дердевил, 300. Освен веќе споменатите, неизоставни се и класиците како Џемс Бонд и хероите по негов (или сличен) терк: Бен Болт на Џон Калин Марфи, Флеш Гордон и Рип Кирби на Алекс Рејмонд, Џеф Хок на Сидни Јордан и многу други. Тука посебно внимание и почит мора да му се оддаде на брилјантниот серијал Принц Валијант и неговиот создавач Харолд (Хал) Фостер. Американскиот уметник, кој веќе неколку години го цртал Тарзан, го создава епот за витезот од времето на кралот Артур во 1937 г. И по толку години, останува како уникатно дело во светот на современиот стрип, со својата препознатлива нарација, хумористични моменти и верното отсликување на начинот на живот во тоа време. Тоа не е приказна за класични херои, туку за доста реалистични ликови со свои доблести и маани. Ликовите слават победи и се соочуваат со порази, а не се имуни ни на поминувањето на времето. Крајот на 60тите и почетокот на 70тите години од минатиот век го одбележуваат појавувањето на андерграунд и алтернативниот стрип во САД. Овие стрипови се издаваат независно од стрип-идустријата и претставуваат одраз на темната страна на капиталистичкото општество и неговите пороци, со тоа што нивниот израз е и далеку поискрен и поотворен. Веројатно едни од најпознатите дела од овој жанр се антологискиот Американски сјај на Харви Пикар кој пред неколку години беше екранизиран во успешна комбинација на игран и документиран филм, а чиј цртач Роберт Крамб се смета за основач на андреграунд стрипот во САД и негова икона, графичките новели на Вил Ајзнер, како и делата објaвувани во ревијата за алтернативен стрип RAW, меѓу кои и Маус, приказна за холокаустот од Арт Шпигелман. Стрип-каишите се секако едни од моите омилени форми на стрипот. Навидум наивни и детски, овие лентички од неколку илустрации содржат не само одличен здрав хумор, туку и повеќе сатира и цинизам отколку што некој може да замисли. Да не го заборавиме ритамот со кој овие ликови се издаваат – секој ден во весник, значи потребно е доста умешност, талент и креативност за таквите ликови да се одржуваат и да ја задржат својата свежина и способност да не засмеат со нов штос секој ден. Од каде човек да почне и каде да се задржи повеќе? Питомецот Били (Beetle Bailey) на Морт Вокер, Денис Напаст (Хенк Кечам), Снупи (Peanuts од Чарлс М. Шулц), Хогар Страшниот (Дик Браун), Гарфилд (Џим Дејвис), секој е посебен во својата тематика, хумор и уметнички израз и по толку години секој од нив сè уште опстојува. Француско-Белгиски стрип Дефинитивно едни од најголемите уметници и создавачи на стрип, најдолгите традиции во креирањето стрип како и најпродуктивните пазари се сместени токму на овие простори. Стрипот во Белгија и Франција не е само уште еден вид медиум или забава во списание за да помине времето во чекална. Тој е уметност рамноправна со другите со векови развивани уметности, литературна форма која стои рамо до рамо со ремек-делата на најголемите писатели, цела една култура и идеологија достапна на сите, од зафрлените продавнички преку автобуските постојки сè до луксузните книжарници. Покрај влијанието што го имаат во својата татковина, овие стрипови имаа оставено и длабок печат врз другите европски изрази и стилови во стрипот. Да ја започнеме приказната со малиот репортер кој ги пакува куферите и заедно со своето куче тргнува на долгиот пат од Белгија до СССР. По 80 години од своето прво појавување во 1929 г. Тинтин нема воопшто загубено од својата популарност. Жорж Реми (Ерже), го создаде Тинтин, неговиот нераздвоен пријател Милу и цела плејада ликови, пријатели и негативци кои до ден денес пленат со својата шареноликост. Низ своите авантури Тинтин успева да ја пропатува целата планета, па дури заминува и подалеку, борејќи се против криминалот и освојувајќи ја публиката од сите возрасти. Тој е една уникатна комбинација на авантуристичка нарација, посебен графички израз на чисти линии и универзални теми. Во 1938 г. започнува издавањето на познатиот магазин Спиру, а во текот на нацистичката окупација на Франција и Белгија, и покрај екстремно ограничените можности, ја започнуваат својата работа и најголемите имиња во француско-белгискиот стрип: Андре Франкин, Пејо (Штрумфови), Алберт Удерзо, Морис (Таличниот Том). Во периодот по 1968 г. веќе загосподарува стрипот за возрасни, со своите најистакнати претставници од тоа време како Готлиб, Мебиус, Филип Друје, Енки Билал чии дела за прв пат се појавуваат во Métal Hurlant. Магазинот е посветен на стрипови кои ја третираат научната фантастика и фантазијата како тема, а интересен е фактот дека популарното списание Хеви Метал е всушнот американската верзија на францускиот оригинал. Осумдесеттите носат еден поинаков израз кој се промовира во A suivre, списание кое за разлика од Хеви Метал го застапува стрипот како посериозна и поуметничка форма и им дава простор на автори како Жак Тарди, Хуго Прат, Франсоа Шутен итн. Кога ќе се спомне француски стрип, веројатно првото што на многу луѓе им паѓа на памет е – Астерикс. Што не е за чудење. Феноменалната креација на сценаристот Рене Гошини и цртачот Алберт Удерзо за малото галско село кое ѝ одолева на римската империја со помошта на волшебната напивка и лукавството, дефинитивно е еден од најпопуларните стрипови во историјата. Авантурите на Астерикс и неговиот најдобар другар Обеликс се читани, сакани, адаптирани во цртани и играни филмови во текот на целиот овој период и се дел од најголемите класици на стрипот. Брилјантниот хумор и пародијата, препознатливиот цртеж и незаборавните авантури го прават Астерикс икона во францускиот и светскиот стрип. Збор два за неповторливиот мајстор на хумористичните табли и творецот на (барем за мене) најзабавните ликови во стрипот – Белгиецот Андре Франкин. Еден од највлијателните стрип-уметници, со уникатна смисла за хумор и пародија како и еден од најпрепознатливите цртачки стилови и изрази, ги создава Спиру, Фантазио, Марсупилами во соработка со сценаристот Грег, и Гастон (на овие простори попознат како Гаша). Гастон е целосно авторска креација на Франкин и започна во 1957 г. како споредна серија во Спиру, меѓутоа со текот на времето стана врвен бестселер, надминувајќи ја славата на Спиру. Гастон е еден од омилените стрип-херои токму поради тоа што тој е сè само не класичен херој. Урнебесните случки на смотаниот новинарски службеник, неговата шарена менажерија и надреалните изуми заедно со широката насмевка, бушавата фризура и ветвиот зелен џемпер создаваат слика која откако еднаш ќе ја видите тешко се заборава. Тука мора да споменеме уште едно генијално дело на мајсторот – Црни Мисли (во оригинал Idées Noires) работени во периодот од 1977 до 1983 г. Самиот наслов зборува – за разлика од симпатичниот хумор во неговите други дела, Црни Мисли е феноменална и мрачна сага со неверојатен црн хумор, кои ги засегаат темите како војската, трговијата, економијата, индустријата, религијата, депресијата итн. Француско – белгиските уметници ги има повеќе отколку што би можело овде да им се посвети заслуженото внимание затоа со жалење ќе се ограничам само на споменување на најголемите таленти на перото (моливот) и раскажувањето: легендарниот Жан Жиро (Мебиус) и неговиот уште полегендарен Блубери (сценарио Жан-Мишел Шарлие); Херман – автор на Џеремаја и Кулите на Боа-Мори, цртач на Бернард Принс, Команча (сценарио Грег), Југурта (сценарио Вернал); Франц, кој го презема Југурта, автор на Лестер Кокни и Кукла од слонова коска; Росински (роден во Полска) – Торгал (сценарио Жан Ван Ам); Франсоа Буржон – Патници на ветрот; Режис Лоазел, Франсоа Шуитен... Листата е навистина долга. Италијанскиот феномен Можеби многу луѓе не се свесни, ама малите цртани тетратчиња кои во едно друго време, подобро за стрипот, можеа кај нас да се видат изложени во киосците и секој можеше да си ги дозволи потекнуваат токму од Италија. Златната ера на италијанските фумети започнува по завршувањето на Втората Светска Војна, благодарение на Џанлуиџи Бонели, чија фантазија комбинирана со умешноста на Аурелио Галепини во 1948 г. го создава Текс Вилер. Форматот на џебна книга на овој стрип толку се популаризира што добива и свое име – бонелиано - според својот создател. На серијалите кои следуваат воопшто не им треба специјално претставување, затоа што Загор, Мистер Но, Мартин Мистерија, Дилан Дог и (кој друг освен) Алан Форд оставија свој печат врз редици генерации, преселувајќи ги своите читатели во светот на авантури, чудовишта, хумор и бујна фантазија. Хорор-фантастиката за приватниот “детектив кој го истражува невозможното” е дело на Тицијано Склави кое за прв пат се појавува во 1986 г. Ликот на лондонскиот борец со чудовишта, препознатлив по својата облека (секогаш облечен во истите сини фармерки, црвена кошула и црна јакна) е комплексен и доста детално изграден. Следејќи го во текот на повеќето од 200 авантури читателите имаа можност да се запознаат со неговите фобии, навики, љубовни врски, дискутабилно потекло и да го придружуваат низ многубројните случаи кои не ретко се граничат со апсурд. Дилан Дог не само што е еден од најголемите комерцијални успеси туку е и неиздвоив дел од италијанската (поп) култура. Покрај Дилан Дог, уште еден култен серијал именуван според (навидум) главниот лик е Алан Форд. Оваа сатира и карикатура на класичните шпионски драми е создадена во 1969 г. од страна на Макс Бункер (Лучијано Секи) и Магнус (Роберто Равиола) а успехот кој до постигна во Италија не беше повторен во ниту една странска држава освен во тогашна СФРЈ. Дружината на Алан Форд се членовите на групата ТНТ, тајни агенти кои се едни од најшареноликите и најсмотаните ликови во историјата на стрипот. Но тоа е само површината, зачинета со откачени поговорки, шашави негативци и апсурдни ситуации. Алан, Бројот Еден, Боб Рок, Сер Оливер, Јеремие, беа и се огромна инспирација за генерации обожаватели на добриот (црн) хумор и го задржаа статустот на култно четиво на просторите на поранешна Југославија. Големиот мајстор Хуго Прат ја комбинира својата вештина на одличен наратор, својот цртачки талент, широкото познавање на светот и неговата историја со незгасливата желба за патување и во 1967 г. ги преточува во неповторливиот Корто Малтезе. Низ дванаесетте албуми кои ги содржат неговите авантури, шармантниот и лежерен морнар успева да го пропатува светот, запознавајќи бројни историски личности, убави жени, запаѓајќи во еден куп неволји, а читателот сето тоа го следи преку разиграните линии на цртежот на Прат кој во првата секунда изгледа непотполн и недовршен, за веднаш потоа да сфатиме дека е совршен таков каков што и дека не му треба ништо повеќе за да изгледа прекрасно. И да ја привршиме италијанската приказна, ќе го споменам ученикот, пријател и соработник на мајсторот Прат – Мило Манара, познат по еротскиот пристап кон своите дела (Индијанско Лето, Ел Гаучо) и фантастичната креација на Масимилијано Фрезато - Чуварите на Масер, за да отстапиме место на еден сосема поинаков свет во кој се здомила деветтата уметност. Во земјата на изгрејсонцето Јапонија е древна земја со долга традиција во сè, па и во илустрацијата. За земјата чие што писмо еволуирало од слики не е толку чудно да се замисли дека стрипот ќе стане не само голема љубов туку и богат извозен материјал. Формата на јапонската манга е утврдена од страна на Осаму Тезука, кој се смета и за татко на аниме, јапонската анимација, и е јапонски еквивалент на Волт Дизни, некаде по Втората Светска војна. Иако првите “стрипови” во Јапонија се јавуваат во текот на 18 век, модерниот стрип се развива како комбинација од овие рани дела и дрвените печатени табли со неизбежното влијание на западниот стил на цртање, кој Јапонија во својот напор да се модернизира по војната го прифаќа во пакет со останатите влијанија од САД. Карактеристично за мангата се нејзиниот стил и формат – стриповите се издаваат во долги серијали од неколку стотини страници и обработуваат најразлични теми наменети за сите возрасти. Се печатат (најчесто) црно-бело, освен кориците кои се во боја а се читаат од десно на лево. Таткото на мангата, Тезука, инспириран од американската анимација го развил својот препознатлив стил кој ќе остане како најкарактеристичен белег на јапонскиот стрип – пренагласени делови на лицето, т.е. очите и устата, со употреба на многу мал број на линии. Исто така, мангата е подлога за анимацијата, голем број од стриповите се екранизирани во кратки филмови, серијали или долгометражни филмови. Мангите се делат најчесто според публиката на која и се наменети: манга за момчиња (шонен) и манга за девојчиња (шојо); манга за возрасни (сеинен) и манга за бизнисмени, а посебна категорија е мангата со сексуална содржина (сеиџен). Како и многу други јапонски производи, така и мангата постепено ги освои пазарите во западниот свет и се стекна со светска слава. На својот пат околу светот мангата се разбира не го заобиколува ни Балканот. Сепак во нашава државичка народот има пристап до мангата само преку анимациите. Колку толку. Ако не познатите серијали на Катсуширо Отомо Акира, или Икију на Хисаши Сакагуши, едно време бевме сведоци на Покемон и Драгонбол манијата на кои им се радуваа само децата, а можеби некој имал и среќа да налета на Appleseed, Ghost in the shell или Howl’s moving castle. Ако не, можеби во иднина... Златната ера на Југословенскиот стрип На просторите на ”поранешната држава” стрипот добива можност за развивање по Втората Светска Војна. Сеќавањето на нашиот пријател и колекционер на стрипови Ненад Попникола наназад достигнува до 50тите години од минатиот век, кога започна да излегува првата ревија “Кекец”. Во неа покрај стрип можеа да се прочитаат и историски факти и занимливости а беше и првата ревија во која се појавија Таличниот Том, Принц Валијант и Џони Хазард. “Беше многу популарен, сите чекаа да излези “Кекец”, а важно да се напомене е дека оваа ревија им се делеше на децата на училиште” - се сеќава Ненад. Потоа почна “Плави весник”, во кој како прилог понекогаш имаше и сингл плоча и во кој за првпат се појави Астерикс.. Потоа почнаа да излегуваат уникатните цртани романи со вестерн содржина. Следува “Забавникот” кој е култна ревија и првите броеви беа во многу поголем формат. Во него излегуваа Мандрак, Фантом, Рип Кирби. Друго битно издание да се спомне е “Никад робом”, југословенски стрип во кој беше илустрирана историјата на Југославија. Тука излегуваа популарните Мирко и Славко. Уште една значајна ревија е и “Пингвин” од 1967 г. во која излегуваа Џони Пантер, Петре Клукајдрвчето. Излегуваа исто така “Класици во стрип”, кои беа адаптации на класичните романи, потоа Станлио и Олио, Том и Џери….. Потоа започнува и времето на “Панорама”, во1966 г. Во Панорама излегуваа Умпах Пах, Крцко а подоцна и други познати наслови како Далечна планета, Карл Викинг, Олак гладијатор, Модести Блејз сè до 1972 кога згаснува оваа ревија. Од 1968 започнува она што би го нарекле втора етапа. Тогаш почнува да излегува “Златна серија” со Текс Вилер и предизвика бум. Бројот 13 го донесе Загор кој беше вистинска сензација. Паралелно со” Златна серија” излегуваше и “Лунов магнус стрип” во голем формат кој ги издаваше истите стрипови а подоцна следуваат и Тим и Дасти, Бил Адамс, Капетан Мики, Блек, Кен Паркер, Командант Марк, Кит Телер, Мистер Но... Тука ќе направиме мала дигресија за да споменеме едно име кое отскокнува како црна овца воова море од херои а тоа е типичниот анти-херој Торпедо, лик создаден од шпанските автори Абули и Бернет, акој за прв пат се појавува во 860тиот број на “Стрипотека”. Едно време излегуваше и “Караван” (1971 г.), ревија со југословенски стрип Зигомар и други не толку познати стрипови, потоа “Зенит” (Одмаздници), па вонредната серија на “Библиотека Лале” во која излегуваа јунаците на Марвел. Во “Техничке новине” излегуваше Супермен, околу 1965 г. Од “Забавник” исто така излегуваа стрипови, т.н. 250, бидејќи толку чинеа. Стриповите во нив беа поделени на три групи според тематиката: фантастика (Челична канџа и Пајак), криминални (Џони Неро, Баракуда) и воени (Аронсајд). “Југославија беше “привилегирана” за разлика од другите земји од источниот блок во кои стриповите ги немаше и не се популаризираа. Во тој поглед државата беше прилично отворена, но што се однесува на филмот и музиката повеќе западно ориентирана” - ни раскажува Ненад. Во 1969 излезе првиот број на “Стрипотека”, како огранок на “Панорама”. Стрипотека исто започнува со Талични Том, па следуваат Блубери, Бернард Принц кои излегуваат и во познатиот “Гигант”. Во “Гигант” се претставија и многу познати имиња како Боб Моран, Бруно Бразил, Модести Блејс, Џемс Бонд, Лик Ориент, Фил Кориган, Рип Кирби, Арчи Кеш итн. Во 1970 г. хрватското издаваштво го донесе Алан Форд, кој многу брзо ја освои читачката публика. Од 1973 г. дојде еден бран кој го класифицира стрипот како шунд и многу стрипови беа повлечени од издаваштвото, но вториот бран кој ја зафати Југославија ги врати стриповите во многу поголем број. Започнаа да излегуваат “Бисер стрип”, “Цак” (Команча) а во 80тите излегува “Екс аламанах” како и “Микиев забавник” и “Микиев алманах” со јунаците на Дизни. Кон крајот на 80тите години се појавуваат популарните Марти Мистерија, Дилан Дог, Ник Рајдер...сè убаво, до осамостојувањето на Македонија во 1991 г. Македонска стрип сцена Збор-два за неколкуте стрип списанија кои излегуваа (за жал во минато време) во нашата држава. Почетоците се оскудни, стрипот си го бара местото под сонцето залутан во други списанија, како “Наш свет” (1960 г.) и дневните весници. Првиот посериозен обид е “Историска стрипотека – епопеја” во која се илустрирани приказните за македонските ајдуци и војводи. Следува еден од поблескавите моменти а тоа е појавата на “Макстрип”. Во 1994 г. се појавува “Стрип-експрес” и исчезнува по 3 броја, а истата година излегува првиот број на “Клик” во кој може да се прочитаат стрипови од странски но и од домашни автори (Александар Поповски, Александар Сотировски, Златко Крстевски, Горан Дачев итн.) кој издржа само 4 броја. Во 1995 г. започнува издавањето на “Стрипотека” и завршува по вториот број. Истата година се појавува првиот број на еден од најамбициозните издавачки подвизи а тоа е “Лифт” , кој цели 12 броја успешно “поврзува светови, гор(н)и и дол(и)ни” и им дава простор за изразување на повеќе од дваесет македонски автори. Малку подоцна во 1997 г. се појавува “Тотем” кој и покрај големата надеж за опстанување издржа уште помалку – излегоа само 2 броја. Денес како издавач ни останува Вармкомикс кој ги нуди реизданијата на Серџо Бонели – Мистер Но, Загор, Марти Мистерија, Алан Форд. За крај (ако воопшто прикажувањето за овој волшебен свет може да има крај) се осмелувам на тоа и да се понадевам – повеќе среќа за цртаните ленти тука каде што не се во толкава мера сакани, а заслужуваат многу повеќе. Повеќе шанси не само за нив, туку за нас, да си дадеме простор да запознаеме нешто што навистина вреди. Како што и ја започнав оваа приказна, нема да се правам дека сум експерт за стрип, едноставно сум голем љубител, и искрено се надевам дека ќе се зголемува бројот на оние кои ќе ја откриваат оваа љубов. Затоа што уметноста е тука за да ни го збогати и разубави животот, а признавале или не, стрипот е уметност.

Заборавени херои

Заборавени херои


Се сеќаваме сите или барем оние на кои нешто им значи светото име Пелистер за минатогодишната голгота на битолското фудбалско милениче и начинот на кој успеа преку бараж да обезбеди гол прволигашки живот. Ги знаеме сигурно и истите проблеми со кои се соочуваат останатите битолски екипи кои остана да егзистираат со речиси никакви средства како некогашната Македонска гордост ракометниот клуб Пелистер и кошаркарскиот кој иако солидно котираше после напуштањето на спонзорот се најде во незавидна ситуација. Нормално дека сме сите гневни на цунамито шо не снајде и често нештедиме зборови лоцирајќи го виновникот во неспособните управи, незаинтересираните спонзори, корумпираните судии и федерации, богатите скопски клубови ... и сигурно би набројувале во недоглед неретко посочувајќи ги како грешници и оние кои впрочем и се најголемите жртви во целиот хаос а тое се секако играчите. Оние кои и покрај сите непогоди, несреќи и никакви услови останале верни и доследни да не оттргнат од секојдневието и за време на викендите да ни приредат понекоја радост и тага како составен дел на спортот се разбира. Сигурно нема сите да се сложите со оваа констатација, знам па некои ќе речат дека за боите на клубот се игра и без пари и од љубов, со ентузијазам ! А сте се запрашале во какви услови тренираат случајно ? Дали имаат добиено барем некој топол оброк ( колку и да звучи реалсоцијалистички ситуацијата во претходниот систем беше неспоредливо подобра кога се изградија сите спортски арени кои беа полни а резултатите шампионски ) а за закаснетите и недобиени плати и премии да не прајме муабет. Сигурно незнајте ( барем повеќето ) дека проблем на градскиот стадион е немањето на струја и неможноста да се истушираат после тренинг фудбалерите или дека ракометарите и кошаркарите немаа долго време можност да тренираат во спортската сала Младост ( поради паркетот кој се менува со месеци ) и мораат да се снаоѓаат во несоодветни услови ? Агонијата и апатијата не се од сега и мора да се кажи еднаш одлучно СТОП ! Во капиталистичко општество кон кое се стремиме сигурно мора да се преструктуираат клубовите како услов за влез на свеж капитал оти никој нормален неќи да фрла пари ако неможи да има сигурност дека ќе располага со истите. Играчите покажаја дека се повеќе од ентузијасти и сигурно Херои чим и понатаму постигнуваат завидни и над секои очекувања резултати. ФК Пелистер е и во самиот врв во прволигашкото друштво а истото се очекува и од кошаркарите кои стартуваат со солиден ростер и ракометарите кои иако не отпатуваа на превенствениот натпревар со Вардар во Скопје се надеваме набрзо ке се стабилизираат и бидат веднаш зад скопските гиганти. Само шо сега ги немаше министрите и пратениците со зелени шалови како се колнат колку им е омилен Пелистер и како даваат се од себе за неговиот просперитет. Нормално останаја само најверните односно Чкембарите како социјалата и пониските слоеви од општеството кои не го одбегнуваа Тумбекафе ни за време на второлигашката одисеја на Пелистер. А успех ли е десетото ( 10 ) место на кошаркарската репрезентација на Македонија во Европа !? Не појќе е е од успех се работи за подвиг шо ја обединува нацијата и барем за малку не прај конкурентни со нормалниот свет. А се сеќава ли некој на натурализираниот американец Кенион Џонс, црномурестиот џин кој не само што ја полнеше мрежата на противниците со повеќе од 20 кошеви во просек по натпревар туку и ги мотивираше останатите соиграчи и гордо ја пееше македонската химна и носеше државниот дрес ( во моментот кога бевме во Б девизијата далеку светлосни години од сегашниот успех ) заедно со исто неоправдано заборавените Чековски, Стак, Куртович ... Кенион Џонс ненадејно почина пред 4 години од инфаркт со неполни 28 години а буквално никој не се сети барем да го спомне попатно. Нека му е вечна слава и почивај во мир.

Tuesday, November 10, 2009

Инфо стипендии, семинари, обуки

Стипендии:
Информации за стипендии и студии во Германија (додипломски,мастер и докторски студии)
http://www.study-guidebw.com/home/studying/scholarships/page.html
краен рок за пријавување: 1 јуни
2009 г.

Студентско здружение Copernicus нуди стипендии за додипломски студии од областа на правни, еко-
номски и општествени науки Стипендиите се доделуваат за еден семестар на универзитетите
во Минхен и Берлин, по што следуваат два месеци стажирање во германска компанија или државна
институција Информации: http://www.copernicusstipendium.de/copernicus/
Стипендии за студии од областа на клима и климатски промени во Данска
Повеќе информации: www.studyindenmark.dk/climate

Семинари:
BiTriMulti (BTM) France Обука од SALTO24 – 28 јуни 2009г.Ремс, Франција Краен рок: 1 мај 2009 г.
Формулар за аплицирање и информации на: http://www.salto-youth.net/find-atraining/1438.html
Семинар за иновативни проекти со земји од ЈИЕАнталија, Турција 5 – 10 мај 2009 г.Обезбедени трошоци за пат и сместување
Краен рок за пријавување: 5 април
2009 г.
Информации и апликација: http://www.salto-youth.net/download/1731.pdf

Обуки
BiTriMulti (BTM) France
Обука од SALTO
24 – 28 јуни 2009г.
Ремс, Франција
Краен рок: 1 мај 2009 г.
Формулар за аплицирање и ин-
формации на:
http://www.salto-youth.net/find-atraining/1438.html
Повик за тренери за обука “Подобрување на квалитетот на ЕВС проектите”
21 – 24 април 2009 г.
Босна и Херцеговина
Јазик: српски, хрватски
Хонорар: 240 евра дневно
Краен рок: 2 март 2009 г.
Апликација онлајн:
http://www.saltoyouth.
net/mySALTO/login/?pfad=/applicationonline/289.html
Конкурси:
Дизајн на кориците на хрватското списание за уметност и култура РЕ.
Дизајнот е слободен, нема тема на бројот. Корицата ги вклучува на-
словната страница, задната корица и средишната страница.
Решенијата се испраќаат во JPG формат на info@casopis-re.net
Краен рок: 12 април 2009 г.
Повеќе информации:
http://casopis-re.net/index.php/2009/03/natjecaj-zadizajn-ovitka-casopisa-re/

Меѓународен конкурс за млади фотографи
Корча, Албанија
Краен рок за пријавување: 15 април
2009 г.
Повеќе информации и апликација:
http://www.wupy.org/index.php?option=
com_content&view=article&id=482:international-prize-for-youngp
hotographers-&catid=49:prizes&Itemid=68

Фестивали, кампови:
Меѓународна летна школа на Универзитетот во Грац 12 -26 јули 2009 г.Грац, Австрија
Краен рок: 27 март 2009 г.
Формулар за аплицирање и
информации:
http://www.wupy.org/index.php?option=
com_content&view=article&id=3
95:graz-international-summer-schoolguss-&
catid=51:other&Itemid=69
Музички камп за млади FACE (Fine
Arts Camps Europe)

За млади музичари од 8 до 19 го-
дини
23 јули – 8 август 2009 г.
Хорна Јелена, Чешка
Краен рок за пријавување: 31 мај
2009 г.
Пријавување:
http://www.volny.cz/chtm/english/applications.
html
Информации: http://www.chtm.cz

Фестивал на документарен филм
Astra Film Festival
26 октомври – 1 ноември 2009 г.
Сибиу, Романија
Краен рок за пријавување: 1 мај
2009 г.
Информации и формулар за
пријавување:
http://www.astrafilm.ro/ro/a.f.f.-2009/
Astra Film 2009
Piata Huet 12
550182 Sibiu
Romania
Jana Меѓународен филмски фести-
вал за деца и млади
Октомври 2009 г.
Бејрут, Либан
Краен рок: 15 мај 2009 г.
Аплицирање и информации:
http://www.wupy.org/index.php?option=
com_content&view=article&id=3
84:jana-international-film-festival-foryouth-
a-children-
&catid=51:other&Itemid=69
или
http://www.aljana.
org/productions/fChildren2009.h
tm

Ајрон Мејден во Белград

Како секоја рок експидиција во Македонија така и оваа започна од градот на музиката поточно градот во кој беше донесено првото пијано на Балканов, Битола. Нашето патештвение започна во студените мугри ололу 3 часот на 10-ти Сечко. Не чакаше голем пат од скоро осумстотини километри. На перонот експедицијата од шест битолски членови со возот се упати кон Скопје каде со задоцнување од триесетина минути ја дочекаа три автобуси за конечната дестинација кон Белиот град. Возилото со кое патувавме беше премногу весело и би го нарекол "Ed Mini Macedon Bus One" кое гордо го красеше нашето знаме а сонцето на него ни го освет¬луваше патот. Ништо не можеше да го расипе нашето одлично расположение, сите бевме со една мисла Maiden. Само што пристигнавме во српската метропола одма се упативме во новиот дел на градот пред Градската Арена. Исток беше влез за во нашата арена. Но таму пред капиите веќе чекаат фанови од цела Европа, каде започна најитересниот момент на вечерта. Откако ги отворија портите со галопирање ги завзедовме првите редови пред средината на самата бина и добро се укотвивме. До мене беа тројца полјаци, зад мене двајца швеѓани, итајлани, грци, бугари. Се ежам како пред една година Мејден го обединија балканот а денес ја обединија Европа. Какво магично дејство има рок и метал музиката, која само таа знае ова да го направи. Се гордееме што сме дел од ваква армија. Во арената борбата започна за зачувување на освоените позиции. Пред мене е одличната гледка на огромна сцена, пред која што успаеја и имаа можност да стојат само малкумина од најверните фанови на Maiden. Како да не се почув¬стваш привелигиран?! Ова не е мала работа ова за некои е возви¬шен чин. Ти благодарам боже! Околу 21.00 час. светлата се угасија и на сцената излезе много добро познатата за мене Lauren Harris, заедно со сопствениот бенд која по трет пат ја проследувам. После британците ќе ни држат часови за како нетреба да има лепотозам и бирократски одлуки. А таа му е ќерка на шефот на Мејденевци, големиот бос Стив. Слатката ќеркичка на шефот се обиде со околу 40 минути да ја загрее публиката. И искрено донекаде овај пат и успеа за разлика од настапот во Софија и сега некако повеќе ја прифатија иако беше погодена со метална пара во главата од некој кој што сакаше што побрзо да слезе од бината. На моменти фалширање во пеењето и апсолутно еднообразната и безлична музика и за многумина од Мејден фановите не баш омилена. Но како и да е, како и сите така и јас бев дојден за концертот на Iron Maiden.

Да се вратам на она и за кое дојдовме оваа турнеја не случајно е крстена "Somewhere Back In Time Tour". Целта му е со оваа обиколка, групата да не вратат во средината на 80-те години. Концентрирајки се главно на музички план Iron Maiden до 1984-та и откривајки ни го то¬гашпниот сценски концепт претежно базиран на омотот на албумот "Powerslave". Iron Maiden ја постигнаа целта и не вратија во едно прекрасно време и не удостоија со прекрасно, неверојотно шоу. Концертот во Белград беше и последниот од оваа турнеја на Стариот континент. После овој концерт "Девиците" ќе одржат уште 20 концерти во Јужна Америка, а финалната точка на "Somewhere Back In Time Tour" ќе биде на 2 април во Флорида.
Турнејата помина во голем дел веќе минатата година. Како и сите концерти започнаа на еден ист начин. Така, како што и започнаа и во Пионир салата далечната 1984¬та година кои беа како дел од турнејата "Live After Death",нешто, кое што јас лично сум го видел во живо.
Потоа за миг салата е во мрак, се слушаат мотори на авиони и сирени за напад. Но сепак видов дека на двата големи екрана се гледаат архивски кадри на бомбардерите од Втората светска војна, која што тргнуваат на својата последна мисија. После говорот на Черчил на сцената голем одблесок доаѓа од силна светлината и на сцената веќе се Maiden, кои што започнаа со класиката "Aces High"! Уште неколку секунди и еве се појавува и фронтменот Bruce Dickinson, кој што на свој препознатлив начин го има насекаде на сцената кој во добра кондиција трча насекаде совладувајки ги лесно сите препреки како монитори, скали... Верувајте, до крајот на концертот сигурно исто како да истрча дваесетина километри. Добивам впечаток дека за разлика од настапот на Lauren Harris дека звукот е феноменален до самиот крај на концертот и е добро балансиран и јасен и се однесува тоа за сите инструменти. А гласот на Bruce се слуша повеќе од одлочно. Одличен почеток, а уште подобро продолжение следува песната - "2 Minutes To Midnight" иако далеку е до полноќ. Како на сите концерти на Maiden, и тука фановите го загушаваат Dickinson со своето прегласно пеење. За него се добива впечаток како за диригент кој се` повеќе ја подгрева атмосверата и ја здивува публика. Од блиската средба гледам задоволство на нивните лица. Iron Maiden искрено се радуваат и одлично се забавуваат. Следеа одлични светлосни и пиротехнички ефекти.Следуваат: "Revelations","Can I Play With Madness?" и "Heaven Can Wait". Публиката е на точка на вриење на ред е "Wratchild", која што е последена со кулната и моја омилена "Children Of The Damned". На неа Dickinson покажува завидни пејачки умеења. Ги отвфрла сите сомнежи и на најголемите скептици кои што тврдат дека со времето и годините гласот не му е оној кога беше млад. Следува песната во сетлистата, која што лично за мене е многу мила затоа што е една од самите почетоци и од корените на Iron Maiden -"Phantom Of The Opera."
Bruce се појавува одново на сцената, овој пат облечен во мундир на 17-тиот полк на британската армија, која што учествувала во Кримската војна во 1854-та година. Развиорувајки го гордо своето британското знаме и ги пее следните добро по¬знати стихови како прав родољуб:
You'll take my life but I'll take yours too
You'll fire your musket but I'll run you through
So when you're waiting for the next attack
You'd better stand there's no turning back
Се слуша познатото гитарско интро. Публиката излудува -"Wasted Years"!!!! На ред е историтската"The Rime Of The Ancient Mariner" која е пропратена со големи ефекти од чад . Иако долга скоро 14-минути е феноменална и е создадена од Steve Harris, по едноимената поема на англискиот поет Сајмол Тејлер Колериџ, напишана пред точно 210 години. Човек има чувството, дека се наоѓа на истиот тој брод, за кој што се разкажува во песната, неподвижен во мртвите води. Таму каде што го и стигнало и проклетсвото.
Тука некаде целата сала зоврива, и во целото тоа време зад мене на неколку метри го гледам како гордо се вее македонското знаме . Но има и други знамиња како германското, шведското, Вака се преставува својата земја.
Со долгата "Powerslave" на сце¬ната, огномет огромен, а духовите ги разбранува Dickinson со маската на себе. А на следната песна целата сала е осветлена за да изчез¬нат со стиховите од темнината ("Fear Of The Dark"), кој на Dickin¬son публиката во едно грло му е одличен хор.
После привремениот мрак и стравот од темнината, Dickinson ни опишува како размислува еден осуденик на смрт за денот на својата екзукуција во "Hallowed Be Thy Name". Тоа ни го доближи толку реално што за момент си помислив дека сме исправени пред самото место на самиот настан пред бесе¬Повторно го слушам којзнае по кој пат од грлото на Dickinson: "Scre-е-еam for me Serbia! Scre-e¬eam for me Belgrade! The "Iron Maiden"!!!" За време на едноиме¬ната песна на сцената излезе оми¬лениот јунак и љубимец Имам една забележка! Мислам дека е време за некоја нареден кон¬церт да ја спремат "Alexander The Great". И можеби баш овој момент поточно оваа турнеја беше вистин¬скиот момент за да биде исполнета таа композиција?! Колку години уште треба да минат и уште колку пати треба уште да организираат македонски промотери концерт на Мејден за тој да се случи во маке¬донија?
Барем кога ги спомнува Брус на¬родите на балканов да ги спомне и Македонците . И групата да знае кои се потомците за оној кој и песна напишале "Alexander The Great" !
Турнејата "Somewhere Back In Time Tour" е кон самиот свој крај. Во Европа веќе е завршена. Овај беше нејзин последен концерт, а за два месеци ќе биде дел од светската историја. Но утешително за сите фанови на Iron Maiden, самиот Bruce Dickinson спомена за време на концертот дека после крајот на турнејата доаѓа време групата да влезе во студио за да започне со за¬пишување на новиотј албум, а потоа да тргнат на светска турнеја. Како и што самиот изјави: Се гледаме по¬вторно!!!. А Кога? Somewhere In Time...

Стрејт Еџ

Straight Edge е стил на живеење кој што започна во времето на панкот и претставува негов подстил. Филозофијата на Straight Edge подразбира апстиненција од алкохол, цигари и дрога. Терминот straight Edge потекнува од истоимениот наслов на песната на групата Minor Threat, која што егзистирала во осумдесеттите години. Во кратки црти ова движење може повеќе да се дефинира на еден вид на филозофија или начин на живеење на одредена група на луѓе. Коренот на нивното „учење„ би била контролата (контролата кон себе).
єХе (како што скратено се пишува), е единственото малдинско движење, кое што пропагира апстиненција од цигари, алкохол и дрога и се залага за здрав начин на живеење, а со тоа и здрава исхрана. sXe не е догматичен. Тој не настојува по секоја цена да ја натера младината да ги следи. Не постојат никакви правила. Што би се прифатило или не, тие оставаат на младите.
Кога веќе еднаш ќе се достигне нивото на сопствена контрола, тогаш, природно е да се започне да се помага и на останатите. Сето тоа доведува да се допринесе нешто позитивнo и врз општеството во кое што се живее. Многу следбеници на Straight Edge се членови и на организации како што се Green-peace и Amnesty International. Tие исто така имаат отворени погледи и кон хомосексуалците, и воопшто не им пречи сексуалната ориентација
на нивните следбеници.
Straight Edge-ер се станува и доколку претходно сте биле “грешни“. На крај, на секој што ќе се покае, треба да му се прости.
Симбол Знакот “Х“ е заштитниот знак на ова движење. Најчесто се среќава како
тетоважа на надворешната страна на едната или двете раце, и всушност претставува еден вид на маркирање или обележување. Исто така може да се забележи и на другите делови од телото.
Како виновници за создавањето на овој симбол, се сметаат Teen Idles.
За време на нивниата свирка во San Francisco, организаторите забалежале дека сите челнови на групата се малолетни и се под дозволената граница за да конзумираат алкохол. После долги преговори нивните менаџери успеале да најдат решение, така што на сите челнови на групата им биле обележани рацете со знакот “Х“ за вработените да не им точат алкохол. Откако се вратиле назад во Washington истиот принцип на работа го предложиле и во тамошните клубови, со што би им се дозволило и на тие што се под легалната граница за пиење на алкохол, да можат да присуствуваат на нивните свирки.
Straight Edge се развивал низ неколку периоди:
Old school (доцни 70-ти и рани 80¬ти години)
Идеите на Straight Edge-от за првпат се појавуваат некаде на крајот од 70-тите години во некои песни, како што се "I'm Straight" и "She Cracked" на групата Тhe Mod¬ern Lovers. Иако ова движење започна во Бостон,Вашингтон и Њујорк, а брзо се раширило и низ САД и Канада.
Youth crew (средни 80-ти) За време на youth crew ерата, која што започна во средината на 80-те години, може да се каже дека Straight Edge движењето го достигнало врвот на својата популарност. Исто така, преку ова движњење и преку групата Youth of Today, се отворило прашањето за вегетаријанството кое што го
започнало и трендот за борба за правата на животните кој што во следните години ќе има се повеќе следбеници.
1990ти Во текот на деведесеттите години Straight Edge é от станал доста агресивен во промовирањето на својата култура. Тие покажуваа се помало разбирање за оние кои што не се како нив, односно кон оние што пушат, конзумираат алкохол и се уживатели на дрога, до тој степен што понекогаш се служеле и со физички пресметки. Во ова време, начинот на исхрана на Straight Edge-ерите, започнал се повеќе да се промовира.
Денес, како резултат на контроверзиите кои што ги следеа овие луѓе, Straight Edge é от полека започна да исчезнува, а за тоа доста придонесоа и медиумите кои што ги етикетираа како банди.
Minor Threat е американски хардкор панк бенд кој егзистирал на музичката сцена од 1980 до 1983 година. Нивната песна “Straight Edge” стана химна на sXеé движењето. Нивните песни најчесто се кратки, брзи и со голем голем аудио квалитет, што не било својствено за алтернативната музика во тоа време.
Познатиот телевизиски канал Na¬tional Gographic chanel пред една година го сними документарецот посветен на оваа група на луѓе. Во него портретира Straight edge-ри од двете најчести групи: позитивната и милитантната.
Иако филозофијата во двата случаи е иста, сепак тие се разликуваат во начинот на кој што тие го презентираат својот став. Т.н. Позитивци се оние луѓе кои што, пред се, настојуваат преку апстиненцијата од денешните пороци да успеат да воведат контрола врз самите себеси. Со самото тоа што тие ќе ја постигнат таа позитиван контрола врзи нивните животи тие формираат и позитивен став за околината во која што живеат. Додека милитанниот огранок го сочинуваат луѓе кои што исто така се придржувата кон истите принципи (без алкохол, цигари и дрoга), но за разлика од другите тие присилно им го наметнуваат нивниот став на останатите. Нивни најчести жртви се пијаниците, корисниците и дилерите на дрога. За нив немаат никаква милост. Доволно е да начекаат некој таков на улица и да го претепаат. Често се случува некој да биде претепан и до смрт. Во кратки црти,
целта на милитантите е да го исчистат светот од пороците, што за скоро време нема да се случи. Како да се придружам на Straight Edge?
Секој може да биде стрејтеџер.
Тоа не е како останатите “ религии“, нема главен кој ги води и нема храмови или списоци. Тоа лична филозофија и начин на живот. Важна е само контролата. Штом ја достигнеш конторлата кон својот живот, преку трите основни правила на straight edge-рите, тогаш и ти си дел од нив. На многумина тетовираните луѓе им личат на алкохоличари на наркомани и сл. Но, кај стрејтеџерите тоа е само дел од нивниот стил. Тоа е уметност преку која што ја искажуваат својата припадност. Најмногу моментно ги има во Солт Лејк Сити и Рино, Невада, во државата која е позната по легалната проституција, коцкарите и наркодилерите. И имајте на ум дека, иако во денешно време се помалку се оние луѓе кои што живеат таков живот, сепак, ваквиот начин на живот постои!
 

BLOK © 2008.