Tuesday, November 10, 2009

Јазикот на античките македонци

Предмет на ова истражување е дешифрирање на средниот текст на каменот од Розета. Каменот од Розета е еден од најпознатите текстуални артефакти од стариот Египет што е предмет на голем број проучувања и истражувања во научниот свет од ова подрачје. Името го добил според местото каде што е ископан, тоа е Розета, односно Ел-Рашид на арапски. Откриен е од некој француски војник кој работел на ископување фортификациски објекти за потребите на војската на Наполеон во текот на неговата кампања во Египет, во 1799 година. По краткотрајниот воен судир со англиската војска која ја добива војната, склучен е мировен договор во Александрија во 1802 година. Согласно одредбите на овој договор, сите добра и артефакти што ги поседувала француската војска им припаднале на Британците. Врз основа на тоа, каменот од Розета е однесен во Англија, каде што и ден-денес се наоѓа и е еден од најпознатите експонати на Британскиот музеј во Лондон.
Каменот од Розета претставува карпа црн гранит, прикажан на сликата 1.
Значењето и интересот што каменот од Розета го побудил во научниот свет се заснова на тоа што на него е напишан посебен декрет, според современата наука издаден од свештениците за величање на фараонот Птоломеј В Епифан Евхаристос една година по неговото крунисување, поточно, согласно денешниот календар, на 27 март 196 година пред н.е. Посебниот интерес произлегува поради тоа што овој декрет е напишан со три писма, и тоа: со хиероглифи, со т.н. демотско и со античко-грчко писмо. Врз основа на текстот напишан со античко-грчкото писмо, познатиот француски научник Шамполион во 1822 година го дешифрирал хиероглифското писмо употребувајќ и античко-египетски јазик за озвучување.
Според сознанијата на современата наука, и покрај тоа што текстот е напишан со три писма, употребени се два јазика, и тоа: античко-египетски, во текстот напишан со хиероглифи и со демотсko писмо, и античко-грчки, во текстот напишан со античко-грчко писмо.
Сè до почетокот на 20-тиот век била општоприфатена тезата дека на каменот од Розета се употребени три писма на три јазика. Поради тешкотиите со определување и дефинирање на третиот јазик којшто е користен при пишувањето на средниот текст на каменот, во првата декада од 20-тиот век почнува да доминира тезата дека на каменот се употребени три писма и два јазика. На овој начин, сегашната наука застапува гледиште дека за да се напише декретот на каменот од Розета на античко-египетски јазик се користени две писма: хиероглифско и демотско.
Основна претпоставка при нашето истражување е дека при пишување на текстот на каменот од Розета употребени се три писма, но на три јазика, и тоа: античко-египетски, напишан со хиероглифско писмо, античко-македонски, напишан со демотско писмо, и античко-грчки, напишан со античко-грчко писмо. Оваа претпоставка се заснова врз фактот што тогашните владетели на Египет, династијата на Птоломеите, потекнуваат од Птоломеј Сотер, генерал на Александар Македонски, односно се антички Македонци. И според сознанијата на дел од современата наука, античките Македонци зборувале на јазик различен од античко-грчкиот, а повеќе од очигледно е дека тие морале да знаат да пишуваат и да читаат на својот јазик.
Наша претпоставка е дека писмото што тие го користеле е писмото употребено во средниот текст на каменот од Розета, што денес во науч ните кругови е познато под терминот демотско писмо. Претпоставката добива на веродостојност, ако се земе предвид дека демотското писмо било во универзална употреба во тогашниот писмен дел од светот, односно се употребувало и во тогашна Персија и Египет за пишување на државни документи, документи за имотно-правни работи, научни текстови, поезија и проза.
Изгледот на средниот текст на каменот од Розета е прикажан на сликата 2.
Познато е дека демотското писмо по својот карактер е слоговно, што значи дека секој знак означува еден слог од типот согласкасамогласка. Во споредба со буквеното писмо, слоговното писмо многу повеќе е подложно на влијание во поглед на јазикот на кој тоа се употребува. Од оваа причина, би требало да постојат различни варијанти на самото писмо во зависност од јазикот на којшто се пишува, како што тоа, впрочем, е случај и ден-денес со латиницата, каде штопостојат различни варијанти за различни јазици каде што се употребува таа.
Треба да се напомне дека во минатото и денес дe- мотското писмо било и е предмет на интензивни истражувања. Едно од најзначајните и водечки дела во подрачјето на изучувањето на демотското писмо, па и јазик како што се нарекува ново-египетскиот јазик, е „Речник и граматика на демотскиот јазик“, на Ориенталниот институт од Чикаго, САД. Иако е јасно и сосема општоприфатено дека станува збор за слоговно писмо, во оваа значајна публикација авторите истакнуваат дека не се во состојба да читаат знак по знак (слог по слог), туку предлагаат текстот да се чита збор по збор, притоа претпоставувајќ и апсолутна јазична идентичност во формирањето на ре- чениците, изразите и сите имиња на владетелите и боговите во текстот на античко-египетскиот со античко- грчкиот текст.
Во текстот што следи прикажани се сознанијата и резултатите на нашите истражувања при анализа и дешифрирање на средниот текст на каменот од Розета, поаѓајќи од претпоставката дека текстот со демотско писмо е напишан на јазикот на античките Македонци, односно на античко-македонски јазик.
Во првата глава од текстот дадени се основните карактеристики на анализираното писмо. За разлика од истражувањата на Ориенталниот институт од Чикаго, во нашите истражувања на демотското писмо поаѓаме од основниот факт: тоа е слоговно писмо и ние го разгледуваме знак по знак, односно слог по слог. Дефинирани се неколку групи на слоговни знаци, според нивната намена во поглед на тоа дали се озвучува слог, самостојна согласка или самостојна самогласка. Исто така, идентификувани се и неколку знаци што најверојатно се остаток од некое постаро пиктографско писмо и како такви означуваат цел поим. Дефиниран е и начинот на пишување на т.н. лигатури, што според нас претставува карактеристика на античко-македонската варијанта на ова широко употребувано писмо во дадениот период на медитеранско-азиската цивилизација.
Во втората глава прикажана е постапката за озвучување на слоговните знаци, знаците за означување на чиста согласка, чиста самогласка и начинот на читање и озвучување на пиктографските знаци и лигатурите. Слоговните знаци ги класифицираме во 3 класи, и тоа: асиметрични, симетрични и накосени знаци. Асиметричните знаци се карактеризираат со тоа што можат да имаат 8 положби во рамнината на пишување, па затоа се употребуваат за запишување на согласките што можат да формираат поединечни слогови со сите осум самогласки, колку што ги содржел античко-македонскиот јазик. Симетрич ните и накосените слоговни знаци можат да имаат само 4 полож би во рамнината на пишување, со што можат да се запишат слогови на соодветни согласки со 4 самогласки. Меѓутоа, по правило согласките за чие означување се употребува симетричен или накосен
знак прават дополнително слог и со самогласката и. За запишување на вакви слогови, бидејќи не е предвидено да се користи слоговен знак, се употребува чиста согласка и ознаката за чистата самогласка и. Како остаток од некое постаро писмо во анализираниот текст се среќава и употребата на 4 пиктографски знаци. За два од нив го дефиниравме нивното озвучување и значење, додека за другите два успеавме да го дефинираме само нивното значење. Лигатурите се посебна форма за запишување, при што на местото определено за еден знак се среќаваат 2 до 3 знака напишани еден на друг и/или еден врз друг. При читањето на лигатурите едноставно само се чита значењето
(во вид на слог) на секој поединечен знак, а меѓу нив се вметнува слогот на, што во потполност ја одразува геометриската положба на знаците. Оттука, многу јасно следува нашата претпоставка дека лигатурите би требало да бидат основна карактеристика на античко-македонската варијанта на ова писмо, со оглед на фактот што и денешниот македонски јазик се одликува со многу честа употреба на предлогот на.
Во третата глава, преку примена на правилата за озвучување, прикажани во втората глава, дадени се: начинот на формирање суперлативна форма на придавките, начинот на изразување множина кај именките и начинот на формирање определена и неопределена форма кај именките.
Во четвртата глава е детално разработена најчесто среќаваната композиција на зборови во текстот, односно титулите, името, презимето и прекарот на царот.

Во петтата глава прикажани се имињата на мајката и на таткото
на царот, имињата на неговиот дедо, прадедото и прапрадедото, како и имињата на некои од нивните сопруги што ги среќаваме во анализираниот текст.
Во шестата глава обработени се категориите на млади прислуж нички што се набележани во текстот.
Во седмата глава опфатени се различните категории свештеници наведени во анализираниот текст.
Во осмата глава дадена е детална анализа на последниот ред
во текстот. Основната причина за ова се заснова на фактот што овде
е дадена наредбата во кои храмови, во кои земји и на кои писма да се напише декретот. За разлика од античко-грчкиот текст во кој се наведени само храмовите од прв, втор и трет ред, во овој дел од текстот се
наведуваат групите храмови на Богот Змија на Устието, Богот на Асуан и нашиот Бог. Треба да се напомне дека Богот Змија бил Бог на Делтата на Нил и на Долен Египет, а богот на Асуан главен Бог на Горен Египет, што е општоприфатен факт во современата наука од ова подрачје. Во однос на деловите од земјата каде што треба да се постави каменот со декретот, како и во однос на двете писма на коишто покрај елинското писмо треба да се напише декретот нема никакви информации во античко-грчкиот текст. Ова е од едноставна причина што делот од каменот на ова место е откршен. Во анализираниот текст успеавме да ги одгатнеме трите земји во чии храмови се наведува дека треба да биде поставен каменот, и тоа: Египет, Синај и земјата на најголемиот Бог Чо на Тнани (за оваа територија претпоставуваме дека е подрачјето на Натанија во денешен Израел). За писмата на коишто треба да биде напишан декретот среќаваме описен приказ, и тоа: писмото на Врховните свештеници, на Живите господари и на Данајците. Писмото на врховните свештеници е хиероглифското писмо, писмото на живите господари е писмото на античките Македонци, затоа што живите господари биле по потекло антички Македонци, а името Данајци најверојатно била ознака со која античките Македонци се обраќале кон Грците во тој период.
Во деветтата глава опфатени се имињата на териториите и народите што ги среќаваме во анализираниот текст. Успеавме да идентификуваме како античките Македонци го нарекувале Египет, двата дела на Египет ‡ Долен и Горен Египет, како и античко-македонското име за Синај. Во текстот се наведуваат и имињата на етносите што живеат во антички Египет. Интересно е тоа што покрај Египќаните (во оригинал во демотскиот текст наречени Ѓупаци), Данајците (античко-македонски термин за античките Грци) се спомнува и посебенeтнос ‡ египетски Данајци. Уште поинтересно е тоа што античките Македонци се нарекуваат деца на Деа, којашто и според современата
наука е Божица Мајка кај Македонците.
Во десеттата глава наведени се имињата на боговите на античките Македонци. За дел од нив успеавме да ја одгатнеме и нивната
функција како богови. Во текстот ги идентификувавме и имињата на некои богови на античките Египќани, онака како што се нарекувале
во оригинал на античко-египетски. Со оглед на тоа што истите богови
во античко-грчкиот текст се запишани со нивните античко-грчки имиња, првпат сме во состојба да наведеме како еден ист бог се нарекувал на античко-египетски, античко-македонски и античко-грчки.
Ова сознание е дијаметрално спротивно со толкувањето на современата наука каде што на античко-египетските богови во текстот напишан со хиероглифско писмо им се даваат истите имиња како што се наведени во античко-грчкиот текст. Во нашите истражувања ја потврдуваме прет-поставката дека имињата на боговите кај различни народи на различни јазици мора да се разликуваат, само нивните функции остануваат исти.
На крајот од текстот е даден заклучокот.
Како Прилог 1 даден е речник на поими што се прочитани според предложената постапка за читање. За полесно снаоѓање, речникот е даден во вид на табела со пет колони, и тоа: во првата колона е даден оригиналниот запис, во втората колона е даден генериран препис според нашата постапка, во третата колона е дадено озвучување то на записот според оригиналната постапка за озвучување претставена во текстот, во четвртата колона е дадено толкувањето на значењето на современ македонски јазик, а во петтата колона е даден преводот на соодветниот поим на англиски јазик, кој пак е направен врз основа на античко-грчкиот текст и е присутен во соодветната литература.
Ова е направено за да може да се споредат резултатите од читањето според предложената постапка со општопознатите и прифатените резултати од читањето на античко-грчкиот текст.

No comments:

 

BLOK © 2008.