Tuesday, November 10, 2009

Рекапитулација

Кога се навраќаме на изминатата гомина а веќе се фаќаме во костец со новата
неизбежно е а да не ги спомниме најбитните настани што ја одбележаја а кои
секако најдоа место во нашиот а секако и вашиот омилен локален месечник.
На почетокот на годината копјата се кршеа околу долгоочекуваниот прием на Македонија
во НАТО - Алијансата а сите со нетрпение го очекувавме исходот од самитот во
Букурешт каде што поминавме слично како пред 100 тина години кога на истото место
истите (веле)сили ја разделија Македонија по нивен воус.
ЕПИЛОГ- Владата претходно најави доколку Грција ни стави вето и го проблематизира
влезот на нашата земја во НАТО сојузот противудар од повеќе мерки.
Меѓудругите се спомнаа, прекинување на временската спогодба и сите понатамошни
преговори, официјално барање до ООН за признавање под уставното име, процедура за
враќање на старото знаме, постапка за малцинското парашање за македонците во Грција
и нивните имоти, преименување на улици, патишта, плоштади, стадиони со имиња
од античкиот период како и изградба на споменици од истата епоха.
Покрај големиот притисок од страна на петтоколонашите како и “дузината независни
интелектуалци” владата презеде иницијатива за поведување на постапка за правата на
Македонското малцинство во Грција како и правна помош за враќање на имотите на бегалците
од граѓанската војна во Грција. За првпат се осмеливме да ја тужиме Грција
пред меѓународниот суд во Хаг за кршењето на времената спогодба со што се демантираа
сите скептици во однос на делувањето на државниот врв по однос на најбитното национално
парашање. Секако ова би го издвоиле како најпозитивно дејствување на
владата.
Во истиот период се случи и скандалот со колегата од Битолски Весник Менде Младеновски
оти ја објави прекршочната пријава за заменик претседателот на Апелациониот
суд во Битола Васко Кузев дека бил фатен како вози под дејство на алцохол, со што
заработи парична Казан од над 700 000 денари.
ЕПИЛОГ- Иако реагираја здружението на новинарите на Македонија , неколку медиуми
сепак премлака беше реакцијата во однос на големината на аферата со што буквално
се приватизираше судството во Македонија.
Потра апелациониот суд во Скопје го отфрли барањето и го врати случајот на повторно
судење.
Некаде при крајот на летото актуелни беа настаните од културата но нажалост повторно
не ни останаја во добра меморија. Прво се случи скандалот во театарот и откажан
беше мега проектот “Алкмеон од Коринт” за потоа да се случи најцрниот настан годинава,
кражбата на Интернационалниот фестивал на филмската камера Браќа Манаки
од Битола во Скопје.
ЕПИЛОГ- Случајот со претставата Алкмеон од Коринт покрај меѓусебното препукување
помеѓу директорот на фестивалот од една и режисерот со неговата екипа од друга
страна го очекуваме после судскиот расплет кој се надеваме ќе ги разреши сите необјаснети
делови од овај несакан настан.
Што се однесува до фестивалот Браќа Манаки за среќа после скандалот си замина директорот
на истиот а се најави враќање на Манаки назад во Битола.
Накрајот мора овде да ги спомениме и штрајковите организирани од страна на
синдикатите за подобрување на социјалната ситуација на работниците кои освен минорни
промени не донесоа некоја благодет за најпогодената категорија на граѓани во
нашата земја и засега епилогот изостана но со надеж за промени во блиската
иднина.

No comments:

 

BLOK © 2008.