Tuesday, November 10, 2009

Имате ли срце за животните?

Од нивното основање го издаваат и списанието „Глас на животните“ и досега имаат издадено 8 броеви, кои се дистрибуираат низ киосците во Македонија, но и се дел од стручната литература за студентите од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Имаат издадено многу налепници, флаери, видеа, и т.н. Многупати гостувале на национални радио и ТВ станици. Досега учествувале на 7 саемски манифестации, а на 4.10.2008 го организиравме вториот ГОЛЕМ ВЕГЕТАРИЈАНСКИ ПИКНИК во градскиот парк во Скопје. Минатата година Министерството за животна средина и просторно планирање одобри еден од нивните проекти (продукција на 25 документарни видео емисии) за 12 месеци, проект кој уште се реализира. Имено, дел од овие емисии се снимаа и во Битола и околината. Повеќе информации за нив на интернет (www.srcezazivotnite.org.mk). Оваа година имаат во план уште неколку проекти:
Нивни главни насоки на делу¬вање се:
1. Подигнување на јавната свест, свесни дека она што се случува со животните и нивната состојба е одраз на односот кој го имаат луѓето, секој поединец (преку издавање: списанија, флаери, пла¬кати ..., учество и гостувања во ТВ и радио емисии, организирање прес¬конференции, настап на саеми ...)

2. Укажување на конкретни негативни појави против животните.

3. Подготовка на предлогзакони од областа на заштитата на животните (досега имаме подготвено и предложено 2 draft-верзии кои може да се погледнат на нивната web-страница);

-проект за воведување волонтерска дежурна служба за повредени бездомни животни во град Скопје, кој беше инициран од фактот дека во Скопје, иако главен град, има околу 8000-10000 кучиња на улиците, а во градот има само едно возило/служба за овие животни препуштени на улиците (така, доколку некој се јави за некое по¬вредено животно на улиците, никој не може да помогне). Заради тоа, им се потребни финансии за во¬зило, да организираат волонтерска дежурна служба за повредени бездомни животни во град Скопје. Факт е дека многу граѓани им се јавуваат -"Видов повредено животно на оваа адреса..." é обично одговорот беше дека немаат возило и финансиски можности да ја набават неопходната опрема за заловување, медикаменти и сл. Активисти и ветеринари (волонтери) веќе имаат. проект: подготовка и печатење на едукативно списание наменето на децата од Основните училишта во Македонија, за што имаме поднесено барање до Министерството за образование и наука и се надеваме на позитивен одговор.

Најголеми проблеми со кои се соочуваме е „незгодното законодавство“ кое не е баш благонаклонето за добробит на животните, но и со неприменување на законите. Огромни се проблемите со масовно труење животни, непостоењето на ниту едно прифатилиште за жи¬вотни во државата, масовна злоупотреба на животните при секој чекор. Дури и појавите кои се забранети со закон, нема ниту трага од некаков ангажман за ситуацијата да се промени é досега нема от¬криен ниту еден сторител (на пр. за фрлање отров и труење), а да не говориме за негово санкционирање. Нивната соработка како Здружение највеќе е насочена во светски рамки: членуваме во WSPA (Светското здружение за заштита на животните), во постојана комуникација сме со повеќе светски организации за заштита на животните: PETA, OIPA, IFAW, RSPCA, Brennglas; здруженија од регионот: од Србија, Хрватска, Словенија и многу други; но, соработуваме и со Здруженија во Македонија. Во Битола тоа се „Форум на млади“ и „Молика“, по¬себно сега, откога „Срце за живот¬ните“ отвори огранок на Здружението во Битола.
Со цел да ја доближиме работата на огранокот на здружението во Би¬тола, поразговаравме со одговор¬ниот Драган Максимовски.

Блок: Која е целта на вашето формирање во Битола?

Во иднина, што се однесува до огранокот во Битола, најбитно ни е да го омасовиме членството а потоа да продолжиме со соработката со локалните медиуми се со цел за подигнување на јавната свест, заради тоа што знаеме дека она што се случува со животните и целата нивна состојба е одраз на односот кој го имаат луѓето кон нив. За таа цел во иднина, во планот за нашата работа, опфатени се едукативни трибини, предавања, семинари и повеќе проекти кои мислиме дека ке допринесат за менување на сегаш¬ноит однос на граѓаните на Битола кон животните.


Блок: Што се случи со акцијата на масовно труење на животни во Битола?

Имавме прес конференција со цел да се информира пошироката јавнот за последната масовна акција на труење која се случи на 24 и 25 декември 2008 год. каде на повеќе локации низ градот и надвор од гра¬дот биле видени отруени животни. Воедно прашуваме, на кого му сметаат животните, па организирал ваква несовесна акција на растурање на многу јаки отрови на јавна површина каде покрај животните бездомници, настрадаа и домашни расни миленици со педигре. На
овие површини покрај покрај животни поминуваат и луѓе, играат мали деца и не знаејќи се подложени на ризик од труење. Нашите информации од теренот покаживаат дека ваква акција на масовно труење не е возможно да ја органи¬зира поединец туку се сомневаме дека станува збор за органинизирано уништување на некоја организирана група. Доколку оваа акција е организирана од некоја надлежна институција, прашувме зошто не се иформирани граѓаните за ваква акција и зошто ваквите отрови се расфрлени на јавна површина. За овај случај ја информиравме и полицијата, државниот ветринарен испекторат и комуналната инспекција во општината и од нив баравме да ги преземат сите мерки за да ги најдат виновниците, и воедно да се воведе строга контрола на продаж¬бата на вакви јаки ортови.

Блок: Каква е соработката на ва¬шата организа¬ција со сруги сродни организации?

Пред некое време доста¬вивме барање до комисијата за урбани заедници во Општина Битола, тие еднаш го одбија, каде баравме да ни дадат просторија од 6-9 м ако не ни дадат ќе плаќаме некоја минимална кирија од тие средства. Моментално,повторно сме ангажирани со изнаоѓање просторија за нашиот огранок и каде јавно изразуваме барање до сите граѓани доколку можат, пожелно е да помогнат со спонзорства или било какви донации, а воедно и објавуваме повик, кој е заитересиран може слободно да стане и наш член.

Блок: Кои се вашите идни планови како новоформирано здружние?
Наша активност која е веке е вотек е поднесувања на барања за соработка на сите ветеринарни амбуланти во градот, во смисла добивање на бесплатна медицинска помош на болни животни кои
ние ќе им ги однесиме, барање до разни продавници за одреден попуст за храна за животни на нашите членови, исто така сега во план е изготвување на проект за центар за стационар на мачки и кучиња по примерот на анимал планет кое ќе опфаќа поседување на возило заедно со ветеринар каде ке се собираат, ке се лекуваат, или превентивно вакцинираат и ке се пуштаат пак назад. Во рамките на подигнувањето на јавната свест кај луѓето во план е да се направи, односно да се изготви проект кој би се спроведувал и тоа на деца од прво до трето одделение кога тие стануваат свесни за самите себе и околината околу нив каде ќе се оди на тоа уште од мали нозе да се влијае на свеста во однос на животните.

Блок: Дали до сега сте наишле на соработка од одредени инститции?

Да да, морам да ја споменам соработката со ветеринарната амбуланта и аптека за животни Фарма
лек,која на многу пати ни излегла во пресрет во нашата досегашна работа, а исто така имаме соработка и со ветеринарен лекар Томе Анастасов.

No comments:

 

BLOK © 2008.