Tuesday, November 10, 2009

Европски волнтерски сервис

Една од многуте корисни можно¬сти на Европската Комисија кои го надоградуваат формалното образование, покрај големиот број на семинари, тренинзи и кампови надвор од нашата држава, е и Европскиот волонтерски сервис. Се работи за можност за долгорочно волонтирање во земјите од Европската Унија за младинци на возраст од 18 до 30 години, да земат учество во волонтерски ангажмани. Единствениот услов е возраста, а пожелно е волонтерите да имаат основни познавања од англискиот јазик со цел полесно да се вклопат во новонастанатата ситуација и новата средина. За промовирање на оваа можност, Форум на млади од Битола организира проект кој го спроведе низ средните училишта и факултетите од нашиот град а се состоеше во одржување на информативни предавања за целата оваа програма. Предавањата што се одржаа во средните училишта, односно во економското средно училиште “Јане Сандански”, Гимназијата “Јосип Броз Тито”, медицинското средно училиште“Др. Јован Ка¬лаузи”, техничкото средно училиште “Ѓорѓи Наумов” и во централното општинско училиште “Таки Даскало” беа наменети за учениците од четврта година, додека на Факултетот за учители, Техничкиот факул¬тет, Факултетот за биотехнологија и Факултетот за администрација и менаџмент на информациски си¬стеми беа опфатени студенти од сите студиски години. Заинтересираноста на потенцијалните волонтери беше воочлива уште за време на предавањата каде преку кон¬кретни прашања, одговори и дополнувања се создаде атмосфера на интерактивни предавања со кои беа опфатени сите детали и поединости што ги нуди Европскиот волонтерски сервис. Предавачи беа Христина Тром¬бева, Анета Печипајковска и Дијана Арбовска. Проектот беше успешно спроведен и ја постигна својата цел е да ги информира младите кои учат и студираат во Битола за можноста која им е на дофат а за која, за жал, само мал број се свесни дека постои. Во ова време кога границите меѓу земјите на европскиот континент постепено се бришат и исчезнуваат но само за еден дел од европските жители, со оваа програма на Европската Комисија младите од Македонија имаат шанса да ги прошират своите хоризонти и да ја почувствуваат привилегијата на слободното движење, а во исто време да го збогатат своето досегашно образование со нови практични искуства.

No comments:

 

BLOK © 2008.