Tuesday, November 10, 2009

Македонско грчки односи

Залудно некој ќе ги убедува ѕидољубивите дека ѕидовите не се потребни и дека од другата страна има некој што сака да подаде рака, заедно да гради нешто далеку покорисно од ѕидови. Џабе! Сред својата самонаметната хистерија, ѕидољубивите гледаат само непријатели и данајски подароци. И ако му цркне козата на комшијата, тие славје прават!
За среќа, постојат и мостољубиви луѓе. Тие наместо ѕидови, градат мостови. Наместо затвореноста ја сакаат отвореноста. Ја прифаќаат подадената рака и сакаат да им подадат рака на оние од другата страна. Пред себе гледаат полиња за културен натпревар. Уште повеќе, полиња на културна соработка! А онаму каде што полето ја пресекува река, веднаш градат мостови. Знаат дека отаде реката живеат луѓе како и нив, кои се радуваат на истото на кое и тие се радуваат и кои ги мачи истото што нив ги мачи. И ги градат мостовите за да изградат едно поубаво утре заедно!
Ѕидољубивите од Македонија и Грција во последно време повторно кренаа глава. Повторно ги распалија огновите на омразата. Повторно почнаа да фрлаат камења едни врз други и да ги убедуваат луѓето во нивните дворови дека треба да заборават на сите проблеми што ги мачат и цела енергија да ја вло¬жат во градењето што повисоки ѕидови и фрлањето камења врз луѓето отаде нивниот ѕид.
Ама, овој пат и мостољубивите од Грција и Македонија се организираа. Сфатија дека борбата против сопствените єидољупци можат да ја водат далеку поуспешно обединети меѓу себе. И си подадоа рака и здружно ја поведоа борбата против ѕидољупците.
Позитивниот ефект од неодамне¬шното распалување на македонскиот и грчкиот национализам е што се отвори широко поле за контакти помеѓу македонските и грчките антинационалисти.
По протестот против НАТО што беше одржан во Скопје во април оваа година, грчката левица
се увери дека и од другата страна на границата има прогресивни луѓе и стапи во контакт со нив. Веднаш процвета соработката! Во мај во Скопје дојде група од 50-тина грчки левичари на Македонско-грчки дијалог на кој остро ја нападнаа политиката на грчката влада и се залагаа нашата земја да се вика Република Македонија! Следуваа неколку посети на македонските левичари на Грција на кои тие го осудија потпалувањето на национализмот од страна на македонската влада. Грчките другари возвратија со посета на Битола во ноември и со состанок со бегалците од Граѓанската војна во Грција. Целта на состанокот (кој самите го иницираа!) беше да слушнат од бегалците како тие во Грција можат да им помогнат околу враќањето на државјанството и имотите. Македонската јавност, еднострано информирана и затруена од националистичката пропаганда, беше вчудоневидена од она што го слушна: грчките антинационалисти не само што се залагаа нашата земја да се вика Република Македо¬нија, туку го признаваа македонскиот јазик, македонскиот народ бараа малцински права за Македонците во Грција и самите, без никој да го побара тоа од нив, сакаа да помогнат околу враќањето на државјанството и имотите на бегалците! Боговите паднаа на теме, или македонските националисти дебело лажеле за вистинската ситуација во Грција?
Обединети против национализмот
Не ни служи на чест незнаењето на борбата на грчката левица против грчкиот национализам. Кога тој беше најсилен, во периодот до 1995 година, поради ставот нашата земја да се вика Република Македонија, во 1992 година шест членови на Организацијата за Обнова на Комунистичката Партија на Грција (ОАККЕ) беа осудени на 6 месеци затвор, а следната година петмина членови на денешната Социјалистичка Работничка Партија беа изведени пред суд поради истата причина. Се прашувам, колкумина од македонските националисти се подготвени навистина да се жртвуваат за Македонија, наместо по обичај само да бидат јаки на вилица? Еве, наспроти нивната пропаганда дека сите Грци биле националисти, има и Грци кои се до таа мера антинационалистички настроени што се кршат работничките права. Во Грција го прочитаа нивниот премиер и не дозволуваат да ги замајува со национализам повеќедневните протести се најочебиен доказ за тоа. Наспроти тоа, во Македонија национализмот доживува ренесанса, а премиерот е апсолутно најпопуларен политичар. Во секој случај грчките националисти треба да им честитаат на македонските националисти: на вторите им успева она што првите залудно се обидуваат да го направат.

Во Македонија национализмот е дотолку успешен што речиси никој не е свесен дека постои нешто како македонски национализам. Првата битка против єидољупството, про¬тив национализмот, е на ова поле. Мора да се сфати суштината на на¬ционализмот, а тоа е дека тој секо¬гаш се маскира себеси како патриотизам. И кога патриоти и... српски националисти, македонски националисти, грчки на¬ционалисти. По истата логика за грчките националисти постојат: грчки патриоти и... македонски националисти, турски националисти, албански националисти. Итн. Лесно, премногу лесно е да се идентификува национализмот кај другите. Она што е тешко е идентификувањето на национализмот кај припадниците на сопствениот етнос. Конкретно, за Македонците не претставува проблем да утврдат дека картата на Голема Албанија не е карта на Албанија во етничките граници. Ама, тешко им е да го распознаат национализмот кога онаа картата Вардар-Егеј-Пирин ја претставуваат како карта на етничка Македонија, а не како карта на Голема Македонија.Национализмот раѓа национализам. Ако се разгорува македонскиот национализам, тоа придонесува да се разгори и грчкиот национализам. Излезот е на другата страна е преку заедничка борба против македонскиот и грчкиот национализам да се изгради пријателство помеѓу двата народи. Изборот е на секого од вас: дали ќе придонесувате кон разгорување на македон скиот и, следствено, на грчкиот национализам, или ќе го разобличувате македонскиот национализам, обезоружувајќи го на таков начин грчкиот национализам. Дали ќе се вклучите во градењето мостови, или ќе ја трошите енергијата на градење ѕидови. Дали ќе почнете да размислувате со своја глава или ќе дозволите некој да ве влече за нос?

Здравко Савески

No comments:

 

BLOK © 2008.