Wednesday, November 11, 2009

Интервју со Никола Димитровски

Имавме чест да разговараме со еден од организаторите на фестивалот, Никола Димитровски кој даде свое видување за овогодинешното издание на АКТО

Блок: Колку сте задоволни со текот на фестивалот и посетеноста?

Никола Димитровски:Добро е што од година до година фестивалот станува се по посетен и се по организиран. Ова ни е четврта година од одржувањето на фестивалот. Секоја година и запазуваме принципите на фестивалот на кои што се темели самиот фестивал а тоа се: темата на фестивалот која одлучивме оваа година да биде поколенија. Второто е, нормално, локациите што ги избираме да бидат алтернативни локации, каде што се изведуваат настани како музички настани, уметнички дела, перформанси кои не се вообичаени. Значи го пренесуваме самото дело како готово и го трансформираме во друг простор.

Блок: Зошто оваа година акцентот е ставен врз визуелните уметности, пред се театарот?

Никола Димитровски:Во принцип сакаме фестивалот да го одвоиме од размислувањето на некои луѓе кои што можеби повеќе го имаат сфатено фестивалот како музички фестивал. Сепак се работи за фестивал на современа уметност. Тоа опфаќа музика, изведувачки уметности, теорија на култура и визуелни уметности. Значи сите тие четири сегменти на фестивалот сакаме да бидат подеднакво опфатени, иако можеби за публиката најатрактивен дел е музиката и затоа секогаш најмногу сака да ја следи музичката програма. Сепак ние дел од буџетот на овогодинешниот фестивал одвоивме за продукција на наша претстава, што мислам дека да се направи продукција во ова време на рецесија и економски проблеми е голем потфат. Значи донесовме реномиран режисер од Хрватска, Младен Вукич Фејџа, кој заедно со пет актери од Македонија, Петар Арсовски, Илина Чоревска.

Блок: Отприлика колку од буџетот одвоивте за театарската претстава?

Никола Димитровски:Не можам да ви кажам конкретно. Сепак рачунајте дека тие актери и режисер беа тука, работеа околу петнаесет-дваесет дена. Може да се каже дека се одвои третина или четвртина од средствата, која беше употребена за да се продуцира таа претстава. Но сепак сметаме дека сето тоа се исплати, се направи една квалитетна претстава чиј живот ќе продолжи понатаму. Премиерата беше на отварањето на овој фестивал.
Блок:Дали претставата ќе се игра на други места?

Никола Димитровски:Имаме план претставата да се прикажува и понатаму, да учествува на други фестивали, во други градови, во други држави. Значи да не згасне животот на претставата со премиерата на почетоткот на фестивалот.
Сакавме да биде сериозна претстава изработена со професионални актери и режисер и сценографија. Тоа беше прва цел во однос на претставата. Мислам дека допре до публиката со својата невообичаеност за голем дел од оние кои ја гледаа. Знаеме дека беше ограничен бројот на луѓето. Се потрудивме да има и премиера и претпремиера, само поголем број на актери да присуствуват на неа.

Блок: Кажи ни нешто за релацијата помеѓу поколенијата и настаните во текот на фестивалот.

Никола Димитровски: Темата на фестивалот е поврзана со визуелните уметници, кои своите дела ѓи подготвуваат индивидуално за фестивалот и во однос на темата се водат и тие самите. Но сепак врската норално може да се пронајди како во претставата ,,Разбојници,, која што има голема поврзаност во приказната за таткото и неговите синови-тоа има поврзаност со темата ,,поколенија,,

Блок: А во однос на другите активности?

Никола Димитровски:Во однос на другите активности, поврзаноста и со локациите. Затоа за овој фестивал како место го одбравме култното битолско кафе ,,Висаж,,. За самиот тој настан се поврзаа се поврзаа многу генерации кои во последните петнаесет години поделиле многу добри моменти. И во никој случај, иако некои од луѓето сфатија дека ние сакаме да поттикнеме некоја носталгија – како било порано, па да го вратиме истото. Сепак ние сакавме да му дадеме нов дух на местото, значи да го вратиме местот за една вечер. Значи во ова време и на ова место, без разлика на цела носталгија со некаква поврзаност на сите тие генерации за една вечер повторно да се вратат на тоа место.

Блок:Дали сметате дека Битола заслужува некој алтернативен културен простор и како АКТО дали би се нафатиле да има програма во текот на целата година?

Никола Димитровски:Јас можам да ви кажам дека Битола како град заслужува многу, сепак само ние кои го организираме фестивалот знаеме кој напор е да се изведи самиот фестивал од идеја до предпродукција, продукција, реализација и завршна фаза.

Блок:Дали би вложиле енергија за да има такво место?

Никола Димитровски:За тоа треба разбирање. Ете за овој фестивал имаме поддржка од општината, но сепак треба повеќе спонзори, разбирање и најмногу поддржка од публиката. Без поддржка не може да се реализира фестивалот. За нашиот фестивал не е доволно да се привлечи само битолската публика, туку да ја привлачиме и пошироката публика. Конкретно денес беше организиран АКТО превоз со воз. Со еден бесплатен вагон од Скопје имаше журка во возот. И многу луѓе од Скопје се сега тука за фестивалот. АКТО е единствен фестивал со ваков карактер во државата и е еден од неколкуте фестивали кои егзистираат толку долго во нашиот град. Мислам не само ние како организација туку и тие кои помагаат сме околу педесет луѓе, туку и сите оние кои кои ја сакаат уметноста и сегментите опфатени на АКТО фестивалот, тие навистина сакаат да живее културата во градот и сакаат на било кој начин да го поддржат, на пример со посета на настаните.

Блок:Не интересира дали подарежливи
се фондациите или спонзорите?

Никола Димитровски:Не можам да кажам колку кошта фестивалот. Доколку се собери цела енергија што ја влож

ваме во фестивалот како и време и напор средства и труд тогаш мислам дека е бесценето да се зборува за финансиски средства. Сите ние се трудиме и сакаме да ги поместиме границите на возможното. Значи се она што изгледа невозможно, да се обезбеди некоја локација, одредена група и настан. На пример оваа година беа рачно израбтени петсто постери. Од тоа можете да видите колку труд се вложува.

Блок:Дали мислите дека е толку битно да има толку постери?

Никола Димитровски: Ние сакаме фестивалот да има одреден имиџ. Квалитет на програма, дизајн, настани. Значи не ни е важно само да донесеме некоја група. Ние сакаме да има некој препознатлив знак што ќе го истакне АКТО фестивалот. Самиот фестивал станува бренд и се трудиме работите кои можат да се изведат просто да се изведат посложено.

Блок:Да ни кажете нешто за локациите. Имаше примедби дека во официјалните флаери за повеке настани пишува ,,ексклузивен простор,, или јавна локација и небеше баш лесно да се пронајдат.

Никола Димитровски:Се потрудивме оваа година граѓаните да бидат максимално информирани. Единствено не беше откриена локацијата за изложбата на бугарските уметници која се викаше ,,Шпионка,, но не затоа што сакавме да ја скриеме локацијата, самите уметници сакаа кога ќе дојдат да одберат место. Сите други локаци беа откриени. Втората изложба на визуелни уметности ќе биде во свиората и ќе биде со преку петнаесет уметници од Балканот. И сигурен сум дека сите што ќе ја посетат таа изложба ќе бидат импресионирани.

Блок: А имаше и некои промени. На пример куклената претстава не беше на железничка станица.

Никола Димитровски: Двете промени кои се случија беа поради временските услови. Затоа што е дождливо време не можиме да одржиме настан надвор. Ние се трудиме да ги задржиме локациите, но имаме за сите локации и втора варијанта за во случај на лоши временски услови.

Блок: Можи да ни кажите нешто за музиката?

Никола Димитровски:Оваа година се потрудивме да донесиме квалитетна музика од Македонија и балканските простори.

Блок :Кој изведувач мислите дека е највлијателен.

Никола Димитровски:Мислам дека интересен ќе биде бендот од Србија кој носи нов бран на панк алтернативен звук. Оваа група беа учесници на овогодинешниот ,,Егзит,, фестивал, во Битола гостуваат прв пат, Важно е дека АКТО фестивалот е на нивната агенда и сакаат на овој фестивал да го промовират својот нов албум. И има бенд од Скопје со многу хитови меѓу кои една песна беше одбрана за хит на годината на радио 103, тука се нормално и локалните диџеи Сашо Рејсид, Горан Тек, Никола Кунич. Значи иако ке има музика од пошироко, мора да се промовираат и локални артисти. Многу од нив веќе имаат оставено белег по своите кариери. Би ја спомнал и DJ Илина Анѓел која доаѓа од Скопје, позната е по својот проект ,,Видео Дром,, кој што го изведува во многу локали низ Македонија и за крај ,,Ектр Ван,, тие се двајца диџеи од Грција. Тие го организираат еден од најголемите фестивали за електронска музика на Балканот. На овој фестивал тие ќе оддржат работилница и промоција на нивниот фестивал кој што се оддржува во Септември. Исто така имаме одложен настан кој ќе се одржи во самата зоолошка градина.

Блок:Некоја порака за крај?

Никола Димитровски:За крај сакам да се заблагодарам пред се на сите кои го помогнаа фестивалот. Волонтери, тим на продукција, некои кои овие шест дена работеа напорно. И би сакал да апелирам до битолската публика да го цени фестивалот, да го подржува и да направи се за фестивалот да живее и понатаму.

No comments:

 

BLOK © 2008.