Wednesday, November 11, 2009

Битола Отворен Град

Во манирот на изминатите седум фестивалски изданија, Битола отворен град започна на 26 Октомври за во наредните 4 дена да се покажи не само како фестивал на сувопарно излагање на културата и уметноста, туку и како настан кој преку бројните работилници направи исчекор покажа како таа се создава и како може да биде создадена.



Воведниот дел беше наменет за електронската музика претставувавајќи ја битолската техно сцена, Ди Џеите T: Zobe, Dejan Dex, Chico, L-Kid, и Danny_L , имаа целовечерен настап на просторот помеѓу кафулињата Iguchi и Симбол каде нивните сограѓани, разминувајки се еден со друг можеа во исто време и да се забавуваат со неколку бугарски танчари. Во наредниот дел од фестивлот, и тоа на просторот околу фонатаната кај музејот, настапија Fadin’ Black, Symptom, Nightfall а специјални гости им беа Against Them All (A.T.A). Кога сме веќе кај гостите, нив ги имаше и од Црна Гора. Бендот се викаше Qtera, а нивниот настап го преполана кафулето Инстикт.
Во секој случај треба да се спомене и за театарскиот перформанс кого го изведоа волонтери од Полска, Србија, Германија, Јужна Кореа, Јапонија, Италија и Велика Битанија кои уште еднаш докажаа дека културата секогаш има место за различностите. Во продолжение, на затворената улица кај хотел Епинал, место за своите фотографии најдоја повеќе битолски фотографи, кои со своето присуство на настанот, ги задоволија љубопитните минувачи. Александар Буневски, Златко Марковски, Петар Тасевски, Владимир Ивановски и Сашо Каракамишев.
Во рамките на овај младински фестивал пред центарот за култура беше изложена уште една изложба на фотографии, овај пат од Јован Јариќ, а после Нови Сад Битола е втор град каде што се прикажуваат прекрасните фотографии со едни специфични мотиви и тоа огнот и човекот каде сложените меѓусебни односи се исконските времиња па се до денес. Изложбата привлече навистина големо внимание што и овај пат докажа дека на нашиот град му фалат вакви уметнички претставувања.
Помеѓу креативните работилници, свое место најдоа HIP HOP Macedonia и како и работилницата подготвена од Sarah Fazekas насловена Како се прави списание и тоа на отворен простор достапен за сите заинтересирани, околу градската саат кула
.
Кулминација фестивалските случувања доживеаја сигурно последниот ден за време на оддржувањето на музичкиот хепенинг кој годинава имаше најзвучно и најактуелно име во Белградската рок атракција Ван Гог кој сигурно се најдобриот бенд од поранешните ЈУ простори, а по прв пат настапуваат во нашиот град.

Први, невообичаено за нив откога не се веќе андерграунд бенд и станаја масовна атракција настапија Паркети и тоа без Марија, која уживала на медениот месец како што не информираше Саше. Покрај вообичаеното засмевање на публиката често на своја сметка и стандардниот репертоар од старо нови хитови овај пат како да сакаја да ги демантираат сите оние кои се посомневаа дека изгубиле дел од својата бунтовност или не дај боже се продале на музичкиот естаблишмент после неколку години ги изведоја дел од нивните фаворити од почетокот на кариерата. Имавме можност да ги слушниме Бабати на летање и Бандиера роса во нивна изведба кој предизвикаа задоволство кај нивните постари фанови а помладите добија ретка можност да се запозннат со нивното творештво од раната панкерска фаза. Втори на сцената се појавија Памперс со новата постава кој две години по ред настапуваат на БОГ а со тоа потврдуваат дека се бенд кој сигурно најмногу напредувал во претходната година. Секако најмногу на тоа се должи вртењето на спотовите на МТВ каналот каде високо котираја, а во изминатиот период имаја забележителни настапи низ државата а посебно поддршката на Прљаво казалиште во Охрид. Се претставија со добро познат репертоар од нивните најголеми хитови кои беа прилично добро прифатени од публиката и да се надеваме дека во иднина ќе продолжат во уште подобра насока претставувајќи ја на најдобар можен начин битолската рок сцена. Потоа следуваше мала пауза во исчекување на звездите на вечерта кога се случи најнепотребниот момент вечерта, кога водителката на емисијата Ритамот на градот на ТВ Тера се качи на бината да го најави градоначалникот на Битола г-дин Владимир Талески. Маја неочекувано од публиката беше исвиркана а пораката беше одпојќе јасна – Оставете го рокот на рокерите а вие си ги имате турбофолкот, турбопопот и вашите малограѓански клонирани забави, а битолската публика докажа дека не е аморфна маса со извршена лоботомија и без знаци на разум и отпор пред се.
Нејсе... се појавија и звездите на вечерта Ван Гог кои сосема опуштено и непретенциозно го започнаја својот настап жестоко подржани од обожавателите. Кога сме кај публиката мора да се спомне дека ја имаше од цела држава што ретко се случува на некој настан во Битола. Се редеа хитови од цел опус на бендот кога се случи моментот кој ја одбележа вечерта, специјално за Битолчани ја исполнија Трагови прошлости нивниот хит од 1986 година кога беа на почетокот од кариерата во сосема различен состав со друг вокал и со тоа ми се исполни една моја а се надевам и желба на многу фанови на бендот да ја слушнат во живо. Некаде средината од нивниот настап подзабавија и претежно можевме да слушниме поспори композиции од нивните понови албуми. Свиреа невообичаено долго со се сите паузи дури повеќе од 2 часа а Ѓуле и екипата не престануваја да ги забавуваат сите а посебно оние кои имаа среќа да бидат во првите редови од кои најсреќните добија различни поклони. Кулминација концертот достигна на самиот крај кога на бис ги изведоја големите хитови Списак Разлога и Нетко те има ночас која ја испеаја во еден глас заедно со публиката. Понатаму за обожавателите на електронската музика се претстави ди џејот Хенри Саинз кој имаја можноста да го проследат преостанатите најупорни посетители. Да се надеваме дека за брзо време ќе се промени ситуацијата со концертно-забавниот во градот и нема да има потреба да чекаме повеќе од 20 години да проследиме големини како што се Ван Гог.

No comments:

 

BLOK © 2008.