Thursday, February 5, 2009

Пролетери од целиот свет одморете се!!!

Никој не би требало да работи, Никогаш. Работата е причината за сите беди на овај свет. Скоро секое зло кое можи да ви падне на памет потекнува од работата или од животот во светот подреден на работа. За да престаниме да патиме, треба пред се да престаниме да работиме. Меѓутоа тоа не значи дека треба да престаниме да се занимаваме со било што. Едноставно треба да се створи нов животен стил базиран на игра, забава, креативност, дружење, уметност и систем на дистрибуција заснован на поклон.     
                                                                                                                         Боб Блек
 Без разлика дали се сложувате со мислењето на Боб Блек како еден од најпознатите теоретичари на идејата за укинување на работата или спаѓате во огромното мнозинство кај кое и самото споменување на идејата за безработништво предизвикува згрозување и неодолива желба за повраќање, мора да се сложите дека работата односно имањето или немањето на запослување се факторот број еден за сите наши радости или жалости.
 Сведоци сме сите за протестите кои ги организираа синдикалците од Македонија односно поворката на ССМ ( Сојузот на синдикати на Македонија ) и стопирањето на наставата во училиштата од страна на СОНК т.е синдикатот на образованиетo, науката, културата. Секој нормален би ги подржал протестите на работниците за остварувњето на своите права, вклучително и правото на штрајк изразен со стопирање на работниот процес. Нема ништо чудно доколку истото се направеше кога се донесе срамниот закон за измените на работните односи кога истиот тој СОНК нормално како добар партнер на владата се сложи со сите измени а сега гледаме штрајкуваат за некојси поголем надоместок за оброк и сл. Одме се гледа дека нешто е матно во целата приказна, не се реагира  за законски измени со кои работниците стануваат робови а радикално се штрајкува за речиси банални причини. Само да потсетиме за измените во новиот закон. Право газдата да те брка кога сака и како сака а за то да не сноси одговорност  иако во меѓувреме си го добил спорот на суд тој не е должен да ти надомести ништо за периодот дури си бил избркан отприлика од 5,6 години. Tаман да заборајш за шо си се тужел. Понатаму предвидено е верувале или не неограничена работа во  ноќна смена ?! Идеално после неколку недели работа да станиш зомби и да си го замаразиш животот дотолку така да газдата нема потреба тој да те  брка од работа. Да не збораме за скратувањето на правото на платен одмор кое одамна кај сите работници вработени кај приватници беше минато определено свршено време.
 Зошто СОНК тогаш не реагираше ? Многу едноставен и јасен е одговорот кој ќе го добиете во вид на прашања.
Дали наставниците и културните работници работат ноќна смена ?
Се случува да биди избркан некој професор од работа ?
Има шанси помалклу од 3 месеци да одмораат ?
  Појќе од очигледно е дека се работи само за гледање личен интерес и негрижа за мануелните работници кои како и во секоја земја се најмногу изложени на кршење на своите права. Само со сеработничко обединување и вистински синдикат кој ќе се грижи за правата на сите работници без разлика од која сфера доаѓаат можат да се решат проблемите кои се нателожени со години.
  Слушам деновиве популарен бил Маркс и неговиот комунистички манифест во западниот свет со се САД. Мене приказната ми личи иста ко со нашите синдикални лидери. Цел живот живеј на грбот на работникот, продавај демагогија и уживај во природа. Па  шо намери имал читајте другари и господа пролетери од сиот свет.
 Пролетерите го презираат прикривањето на своите  погледи и намери. Тие изјавуваат отворено дека нивните цели можат да се постигнат само со насилно уривање на целиот досегашен општествен поредок. Нека владејачките класи се тресат пред комунистичката револуција. Пролетерите во неа нема што да изгубат освен своите окови. А ќе го добијат сиот свет.
                     Пролетери од сите земји, одморете се !
                                                                                                                        Карл Маркс

No comments:

 

BLOK © 2008.