Thursday, February 5, 2009

Отпорот на Битола

Колку и да сака чоек да остани рамнодушен и да не му влијае
сегашната општествено-политичка ситуација а посебно тензијата околу
ветото од Грција за нашето приклучување кон НАТО - Алијансата. Сите
сме сведоци какви се најви не се наслушавме претходно доколку се случи
блокирање од Грција за нашето интегрирање во НАТО. Да потсетам се
споменуваше меѓу другото, прекинување на времената спогодба и сите
понатамошни преговори, официјално барање до ООН за признавање
под уставното име, процедура за враќање на старото знаме, постапка
за малцинското прашање за македонците во Грција и нивните имоти,
преименување на улици, патишта, плоштади, стадиони со имиња од
античкиот период и изградба на споменици. Сведоци сме дека од сите
претходни силни најави ништо не се случи ниту пак некој има абер да
потегни некоја иницијатива како противудар на нецивилизираниот чин
од нашиот јужен сосед. Наспроти тоа грците се повеќе земаат залет со
нови закани и ултиматуми, а кај нас ситуацијата пак е комплетно
различна и од цврстите првични ставови за неменување на името дојдовме
до ситуација дури 36 % од жителите во Македонија да се сложат со
сложено име. Потпомогнати секако од лидерите на некои партии кои од
петни жили се трудат да ни објаснат дека промената на името не би ни
го сменил националниот идентитет !?! Поголема глупост и апсурд во
животот немам слушнато.
Во овие услови секако дека Битола би требало да биде првиот
браник од атаците на грчкиот националшовинизам насочен кон земја и
народ кој несамо што непретставува некаква закана за некој а, најмалку
за нив туку и со својата мирољубива политика е пример и за Европски
стндарди.
И која е реакцијата? Како по традиција никој не се замара нешто
да направи недајбоже да организира некаков протест или отпор кој
одповеќе го заслужуваат грците, а најмногу се разбира заради нас самите
и нашето опстојување како нација и држава кои никогаш како досега до
оваа мера не биле доведени во прашање. Нас ионака животот ни е
преубав па да се замараме со “небитни” работи. Дека секој исклучок го
потврдува правилото а во нашиот случај тој е секако Ице Спанаќо, неуморен
и бескомпромисен како и секогаш, макар и се работело само за истакнат
транспарент на Широк С окак. Несомнено дава пример за
активистичко делување кое кај нас е повеќе од неопходно и би требало
да делува за промена на свеста и пред се однесувањето кај нашите
согрѓани. А останатите трк на шопинг во Солун и налето во поход на
Халкидики.

No comments:

 

BLOK © 2008.