Thursday, February 5, 2009

Алтернативни вести

АЛТЕРНАТИВНИ ВЕСТИ - АНДЕРКАРЕНТС
Андеркарентс е независна продукција која се занимава со продуцирање и дистрибуција на видеа кои ја рефлектираат глобалната контра-култура. Најголем акцент е ставен на изработувачите на видеа и заедниците кои се маргинализирани од страна на големите ТВ мрежи а се фокусирани на социјалниот и енвиронменталошкиот активизам.
Добредојдовте во Undercurrents, онлајн форум за дискусија околу меѓусебните врски помеѓу расите, половите, технологијата и глобализацијата. Undercurrents listserv беше лансирана во 2002 од Ирина Ариштаркова, Марија Фернандез, Коко Фуско и Фејт Вилдинг (Irina Aristahrkova, Maria Fernandez, Coco Fusco and Faith Wilding). Тековни модератори се Гита ХаШеми, Анџелика Сагар, Ингрид Хуфд и Лусија Сомер (Gita Hashemi, Anjalika Sagar, Ingrid Hoofd, and Lucia Sommer). Следниов опис е од воведното изјава на листата:
што е Undercurrents?
- струи под површината
- скриени мислења или чувства, често спротивни од оние кои се прикажуваат јавно
- електронска комуникација од други сајтови
- претходно неискажани прашања околу расната политика на нет културата, новите меиуми и сајберфеминизмот
Undercurrents е нова онлајн дискусија околу тоа како феминизмот, новите технологии, постколонијалноста и глобализацијата се меѓусебно поврзани. Иако секој од овие поими има создадено сопствена дебата, забележуваме потреба да ги споиме овие полиња на испитување. Се обидуваме да ја предизвикаме утописката идеологија на сајберкултурата која ја претставува технологијата, според зборовите на Лиза Накамура, “како општествен изедначувач кој ги изгладува расните и половите неправди, со оглед на фактот што телата се изоставени во сајбер просторот.” Веруваме дека постојат многу практични и филозофски причини да ги ставиме под знак прашалник слободоумната карактеризација на електронската култура и виртуелната реалност. Колку и да ги поддржуваме демократските цели на многуте кои придонеле за алтернативни мислења во рамките на нет културата, не се согласуваме дека идеалот на дигитани заеднички добра, феминистички или поинакви, без исклучок ја надминува проблематичката логика на расите и расизмот. Длабоко сме скептични околу таквите претпоставки, бидејќи сфаќаме дека расите и расизмот вклучуват многу повеќе отколку само кожата, телата, отвореното издвојување или физичкото насилство. Сметаме дека наместо тоа, расата се манифестира и во суштинските потфати на правото и науката и во областа на перформативноста кои го прават отелотворувањето неприродно и несуштинско, вклучувајќи го и сајбер просторот.
Ние веруваме дека електронската комуникација и постколонијалната миграција се паралелни сили кои заеднички влијаат на тоа кои сме како човечки заедници и како живееме без оглед на тоа дали самите сме мигранти. Ја лансираме листсерве повеќе за да ги здружиме размислувањата со оние кои сакаат да дискутираат како овие феномени се во меѓусебна врска, отколку за да претпоставуваме дека виртуелниот свет може или треба потполно да ја достигне општествената, политичката и економската сила на преживеаното искуство во физичкиот свет. Дигиталната поделба е едно важно прашање кое многу активисти се обиделе да го постават во врска со ефектот на расизмот на пристапот кон новите технологии, но тоа не е единствениот начин на кој се манифестираат расните нееднаквости во новата култура и теорија на медиумите. Нашиот свет останува расно поделен и во него оние кои не се бели се оние кои најчесто се експлоатираат како лабараториски глувци за биотехнологија, како евтина работна сила и како сексуални робови. Визуелната содржина на електронската култура е обликувана од расно одредените врски на моќта на физичкиот свет - во фантомската територија на сајбер просторот тие реалности се реконфигурирани, но не се надминати. Во оваа ера на расистички напади против оние кои не дел од белата раса низ цела Европа, растечката ксенофобија во Северна Америка и претежно расистички теполитики за имиграција ширум развиениот свет, кои тврдат дека “ние ја имаме надминато расата”, не само што наликува на намерно незнаење, туку претставува и чин на политичка негрижа во служба на белата хегемонија.
Универзалната ”белост” (припадност на белата раса) е стратегијата / Просторната реторика е тактиката
Стана вообичаено во современата културна теорија за интернетот и виртуелниот идентитет да се опишува нет субјективноста како номадска, детериторијализирана и хибридна. Овие термини ги отфрлаат искажаните искуства на сиромашните и најчесто луѓе кои не и припаѓаат на белата раса, во просторни рамки, маскирајки го нивното општествено-историско потекло. Во исто време, многу често во дискусиите за културната политика на мрежата, обидите на обоените луѓе да го покренат прашањето за расата се отфрлаат од белото мнозинство како “политики на идентитетот” кои не припаѓаат на анализите на сајбер просторот. Веруваме дека постојат добри причини за испитување на тенденцијата во нет културата да присвојува терминологија која ги опишува искуствата на радикално маргинализираните луѓе и оние кои се лишени од своите граѓански права, од кои најголем дел не се бели и кои имаат мал избор во однос на нивната судбина, која ја претставува замислената слобода која најголемиот дел од белите корисници на мрежата ја поврзува со присуството во сајбер просторот. Склоноста на сајбер теоријата да ја гледа постколонијалната реалност низ очите на ограничен делеузеов речник и симултано да ги отфрли и расата и автоетнографијата како застарени, ја ограничуваат нашата способност да го сфатиме комплексното меѓусебно влијание на идентитетот и технологијата онлајн и офлајн. Овој приод ефикасно ги замолкнува постколонијалнте теми преку делегитимирање на стратегите кои се развиле во текот на пет века за да ја опише колонијалната доминација во која освојувањето на територијата и наметнувањето на расната логика биле наложени како клучни средства за командување и контрола на населението. Вековите атиколонијален и антирасистички културен отпор не треба да бидат погрешно протолкувани како исто со неколку години бирократски мултикултурализам во Северна Америка, период кој обично се отфрла, заради “политичка коректност”. Да не заборавиме дека овој епитет произлезе од културните војни во САД, кои беа создадени за да се прочисти културата од било која уметност која се доведува во врска со општественото. Современата сајбертеорија, чиј дел е и сајберфеминизмот, одржува складиште на тактики кои ги потиснуват расните прашања и на тој начин тактички инвестираат во припадноста на белата раса како универзален идентитет кој ја потпира мрежната култура. Овие тактики не мора да се свесни за да бидат ефикасни - напротив, најдобро функционираат кога се усвојуваат како нормативи.
Undercurrents е алтернативна новинарска агенција односно медиум кој настана во 1994 со VHS касета со вести за кои основачите (Xejmi Harcel, Pol O’Konor, Zoe Brouton i Tomas Harding) сметаа дека не се опфатени од стандардните медиуми. Едно од прашањата кои биле опфатени било воведувањето во Нацрт кривичниот закон, чии различни мерки вклучувале обиди да се прекинат масовните собири на патниците и рејв забавите и го квалификувале директниот протест како прекршок. Втората снимка биле пуштена пред крајот на годината. Бендовите како што е Левелерс (The Levellers) ги вклучиле препораките на Undercurrents на обвивките на нивните CD-а. Рејдиохед (Radiohead) донирале средства, а комичарот Марк Томас дозволил Undercurrents да го продуцираат и дистрибуираат неговото прво DVD за прибирање парични средства. Undercurrent била меѓу првите групи кои ја создадоа фразата “видео активизам” - употреба на камери за општествена промена. Соосновачот, Томас Хардинг, го напиша прирачникот за видео активисти издаден од Плуто Прес. Undercurrents сега дистрибуираат филмови преку DVD и во 2007 го лансираа Висиононтв - Интернет ТВ канал.
Статус
Undercurrents потоа стана непрофитна компанија и добротворна организација. Ја преселија нивната канцеларија од Лондон во Оксфорд и сега се наоЃа во центарот на Свонси (Swansea).
Судења
Некои од нивните снимки на политички протести се користени во судења, вклучуваји ја и снимката од Самитот на Г8 го ѓенова и полицискиот упад во работните простории на Indymedia.
Актуелни / тековни проекти
Во 2007 Ундерцуррентс го издаде Eco Village Pioneers (Пионери на еко селото) - документарец кој ги истражува одржливите заедници со мало влијание на околината Ширум светот. “Reach for the sky” (“Посегни кон небото”) беше премиерно прикажан на фестивалот Беѕонд ТВ, во продукција на Undercurrents, а кој се фокусира на аеродромот во Свонси и на фактот што експанзијата на неконтролираната авијација е неодржлива. На аеродромот во Свонси, му беше дозволено од Советот на градот да оперира во центарот на полуостровот Говер (Gower), област со извонредна природна убавина, прва од таков вид во земјата. Јавниот притисок го принуди аеродромот да затвори. Ер Велс (Air Wels) кој работеше од аеродромот во Свонси, сега престана со работа.
Многу од нивните последни снимки се наоѓаат на веб страната Clearer channel.
Undercurrents моментално продуцираат мултимедијални содржини за проблеми со животната средина, како што се климатските промени. Видео содржините опфаќаат сурфање, живот и преживување во природата (bushcraft) и одржливо домување. Тие може да се погледнат на веб страницата на Undercurrents.
Списанието Undercurrents започна како медиум за радикални погледи на научните и технолошките теми; беше издавано во Англија помеѓу 1973 и 1984 - вкупно 63 изданија. Голем дел од тој период излегуваше секои два месеца, а најголемиот тираж беше 7000 примероци во доцните 70 -ти. Списанието постоеше да ја промовира алтернативната технологија - бескрајно еластичен концепт кој ја опфаќа речиси секоја тема за која т.н. “вистински” научници не беа заинтересирани.
Некои од тие теми, како што е барањето вода, метали или енергија без научни инструменти, остануваат надвор од границите на научните обиди. Но други, како обновливата енергија и рециклирањето на отпад, станаа конвенционална мудрост на 21-от век. Неодамна, двајца од неговите уредници започнаа да го реиздаваат списанието на Интернет. Тие истакнуваат: “Целта на овој сајт е целата содржина на Undercurrents да им биде достапна на идните генерации. Останатите изданија ќе бидат додавани, но започнавме со Undercurrents 9 (Јануари - Февруари 1975), бидејќи го обработуваше прашањето на нуклеарната енергија, кое по 30 год. повторно сите не преокупира.”
Undercurrents беше серија вести на канадската телевизија во 90-тите, која ја водеше Венди Месли.
Серијата која првпат беше емитувана во 1994, главно се концентрираше на извештаи од истраги и документарни филмови за медиумите и технологијата, како што е прегледот на медиумската покриеност на контроверзни прашања. Месли освои две Џемини награди (Gemini Awards) за нејзината работа на Undercurrents, во 1999 и 2000.
Во 2001, Undercurrents беше додадена во новата серија ЦБЦ Вести: Разоткривање (CBC News Disclosure), која заедно ја водеа Месли и Дајана Свејн. Новата програма не продолжи да дискутира за медиумите или технологијата, на големо разочарување на лојалните гледачи на Undercurrents.

No comments:

 

BLOK © 2008.