Thursday, February 5, 2009

Работнички права

Реален предизвик или недостиг на волја за сопствени промени
Неинформираноста на работниците за правата кои што произлегуваат од работниот однос претставува една од главните пречки за правилна реализација на таквите права и последиците кои што произлегуваат од непознавањето на конкретните права во даден момент.
Игнорантноста од непознавањето и непримената на работничките права се појавува не само како моментален проблем, туку како проблем кој што остава длабоки последици врз целото општество.
Како особена конотација наведувам и останувам на ставот дека сепак индивидуализмот за било кој проблем во нашиот менталитет изостанува а слабиот секогаш останува да се крие зад грбот на другите и така во низа секој за секого, во услови и со краен резултат кога никој не се охрабрува да биде водич и така обесхрабеноста на секој поединечно претставува пропаст за целината како колективитет.
Прокламираната средна класа,која што ја сочинува токму-работничката популација,од ден на ден се повеќе исчезнува.Неспособноста на работникот за соочување со конкретниот проблем од работниот однос пропратен со стравот од евентуалното отпуштање од работа, налага несоодветно и неволево однесување на работникот, кое особено е изразено во приватните претпријатија од типот на текстилните фабрики.
Самата експлоатација се јавува првенствено како недоволно исплатена плата која плата често е еднаква на маргините на најниската плата на ниво на стопанството и покрај дополнителните екстра изработени часови во текот на денот, викендите и ноќните смени.Се јавува и проблемот со неосигурувањето на работникот и во вид на здравствено и во вид на пензиско осигурување, што самото по себе повлекува долгорочен проблем во текот на понатамошниот дел од животот при пензионирањето.Чести се и неадекватните дисциплински прекори со кои се одзема дел и од онака прениската плата која е недоволна да ја пополни потрошувачката пресметана месечна кошница за исхрана а не и за да остани за нешто друго,како на пример сметките.
Овие права на работниците кои што работат во приватните претпријатија, пред се стопанските работници, се наоѓаат на релативно висока дистанцираност со правата кои што ги уживаат работниците вработени во државниот сектор.
Битен сегмент за реализација на овие права претпоставуваат работничките синдикати кои кај приватните претпријатија изостануваат, а секаков обид за нивна активација зе чини предвремено е задушуван и тоа и директни и индиректно.Директното задушување настанува како резултат на наметнување на волјата на работодавецот  а индиректното преку самата неинформираност на работникот за начинот и пристапот кон реализацијата на овие права.
Доколку пак овие синдикати на работниците би се востановиле онаму каде што не постојат а каде што е битно нивното формирање, би значело чекор напред кон она што би значело минимална гаранција за нивна реализација, а во секој случај и отворен пристап кон целокупната проблематика на работникот, за чии што интерес таа синдикална организација би постоела.
            Нашата организација-“Форум на млади“ од Битола, се наоѓа во подготвителна фаза,за реализација на проект кој би се однесувал токму на проблематиката со работничките права и афирмацијата на истите.
Проектот е замислен да трае неколку месеци, со особен интерес за негово продолжување, а преку истиот да се овозможат три вида на пристапи кон она што значи особен осврт кон работничките права.
Примарна цел, за запознавањето со правата од работниот однос произлегуваат по пат на информираност за истите.
Она на што се надеваме дека ќе успееме да го реализираме, а што би значело особена поволност за работниците претставува давањето на нивна директна помош при конкретен проблем.
Конкретната помош би се состоела или во давање на правен совет преку востановена СОС-телефонска линија за проблеми од работниот однос,која би се реализирала со посредство на нашата канцеларија, и како директна помош дадена од страна на стручно лице-правник.
Третиот вид на интервенција би се состоело во издавање на прирачник во кој што би силе опфатени овие права, и преку кој прирачник секој би се запознал за она што значат права од работниот однос и начини за нивна реализација,вклучувајќи го и запознавањето со институцоиите на системот, како и потенцирање на битна улога која што би ја одиграл синдикатот во овој аспект,по пат на формирање на нови синдикати и активирање на веќе постоечките; и со давање на акцент на невладино ориентирање и чисто правно,законски и уставно загарантирано. 
            Меѓутоа сепак како повторен проблем кој што ми се чини се врти во круг,и ќе се врти, претставува самата достапност, пристап и желба на работникот за соодветни промени во негова корист. Информирањето не само што се јавува како потреба, туку се појавува како неопходност за идните промени. Самата активност на работникот, би значела и возмжност за директна интервенција во нашето законодавство а со тоа и директен пристап кон својата судбина, за што нашиот работник знае, но не се осмелува да направи чекор напред кон истапување.
Затоа се јавува и потребата од интервенција на синдикално ниво.
            Од јануари 2009  година, во примена ќе биде новиот изменет и дополнет закон за работни односи со кој што потребата од решавање на потенцијалните проблеми од работниот однос со помош на Синдикатот ќе се јави како дополнително неопходна.
Новиот закон ќе ја зајачи улогата на работодавецот со што на овој начин улогата на работникот како начин на реализација на сопствените права единствено ќе може да се оствари по пат на интервенција во колективниот договор а сето тоа со помош на Синдикатот.
            Останува, сепак и покарај потенцираната битна улога, работникот првенствено да се запознае со самото материјално право.
Факт е дека работничката класа претставува сином на работник на физичка активност кај која работничка класа изостанува ова непознавање на фактичката страна на законот но и начинот на таа реализација.
Материјалната страна на законот ја претставува содржинската страна на законот , за тоа колку дневно,неделно и месечно смее да се работи, кое е нивото на дозволени денови на годишен одмор , кој е начинот и дозволеноста на дисциплинските казни и сл.
            На крајот ја завршувам статијата со констатацијата дека и од оваа страна на законот, и на овој проблем има уште многу на што да се доработи.
Завршувам и со прашањето дека понекогаш треба да се запрашаме која е конечната цена која што треба да ја плати работникот?
Како краен пример го назначувам сеуште актуелниот минатогодишен пример со смртта на една наша сограѓанка во текот на месец јули 2007 година, во едно од овие приватни претпријатија.
Реален предизвик или недостиг на волја за сопствени промени по пат на единствениот начин-правото, доколку при потребата се дозволи ?!

No comments:

 

BLOK © 2008.