Thursday, February 5, 2009

КРАДЦИ НА ФЕСТИВАЛОТ!

Кога во еден од претходните воведници се понадевав оптимистички дека ќе дочекаме подобри времиња изгледа салам сум се излажал. Со бескрупулозната и срамна кражба на Интернационалниот Филмски Фестивал Браќа Манаки од страна на филмските работници и неговата преселба во Скопје се потврдија највите од претходните години за идејата за кражба на фестивалот. Битолската јавност а пред се одговорните кои можеле навреме да интервенираат и барем да се обидат да ја спречат кражбата, по традиција затечени се од неочекуваната ситуација слично како снегот и комуналните работници на сред Јануари.
За Скопје и скопјани не од вчера се знај дека дека Битола му е трн во окото и сакат да дрпнат се шо е квалитетно од битола без разлика дали се работи за спорт, култура, уметност или некоја друга дејност а пред се нашата традиција која за нивна жалост ја немаат. Некој ќе речи не се сите такви ова е потег филмаџиите. Да и то е точно но освен ретките поединци и пред се кинотеката на Македонија сите останати ја славеа кражбата на свеченото затворање во Скопје.
Туку ај да ги остајме нив настрана и да видиме колку сме ние самите одговорни и колку сме придонесле ова да ни се случи. Секој чесен филмофил кој години наназад бил дел од фестивалот знае дека плански се правеа напори да се уништи фестивалот. Со никаква реклама, просечни филмови и пред се катастрофалната организација неможеше да се насети ништо друго освен преселба на фестивалот. Апсолутно никој не реагираше во Битола и не се превзеде ништо. Никој не ја послуша екс директорката на центарот за култура Ана Бегајовска Битола и битолчани да го организираат фестивалот. Градоначалникот иако декларативно ја поддржа ова идеја ненепрај ништо да се оствари а уште помалку да се спречи срамот. Освен спектакуларниот говор на отворањето и паралелното затворање се друго беше тешка демагогија и популизам. Прво изјави дека несака да верува дека политиката била инволвирана во настанот и дека (гледај чудо) треба да им се даде уште една шанса на организаторите ?!? Се прашвам само за шо да го доукрадат скроз целиот фестивал во Скопје ? Понатаму по 2 дена сам се демантираше дека длабоко била инволвирана политиката во фестивалот и побара да му ги врати Томи парите за рекламен материјал. Ќе му ги врати да нема лошо само незнам дали другото лето или идната зима. Кога на ова ќе го додадеме намалениот интерес на публиката за филмовите последните години, дебилните новинари појма шо немат ниту за фестивалот а уште помалку за филмовите како ги интервјуираат имбецилните политичари и директори на црвениот тепих и констатираат дека нон стоп се на проекциите а филмовите биле лудило а сите заедно еден и пол филм немат гледано. Би било смешно да не е трагично.
За среќа и за да не е се така црно се погрижија група филмофили кои храбро протестираја дури и во Скопје а собраа и неколку илјади потписи за враќање на Манаки во Битола. Секоја почит и респект за организаторите.
На крајот мора да спомнам дека повторно го погодија филмот на отворањето на фестивалот Другата сестра Болјен”. Средновековна Англија, го има Хенри 8, има принцој, принцези дворски будали и пред се интриги, исто ко кај нас сега единствената разлика е само како се нарекуваат.

No comments:

 

BLOK © 2008.