Thursday, February 5, 2009

Законот и реалноста во колизија

ЧИСТО ФОРМАЛНАТА СТРАНА НА ЗАКОНОТ

Начелата на државата почиваат врз постулатите на правото и на правната држава.Правната држава почива врз постулатите на доверба на граѓанинот во неа и во поделеност на власта на законодавна,извршна и судска;а сево ова своите темели ги поставува врз основа на законот и уставноста и на нивно доследно почитување како од страна на државата и нејзините институции,така и од страна на сите граѓани...
Прокламираното право дека живееме во правна држава е точно доколку се разгледува од страна на сеопфатност во законот на сите аспекти кои го регулираат општествениот живот на човекот
.И да,со исклучок на одредени правни празнини кои неминовно постојат од аспект дека ние сепак сме релативно млада држава и во транзиција,сепак,може да се констатира дека кај нас постојат добри закони,но често само од формална страна;односно често само на хартија...
Заради тоа;се јавуваат ситуации каде законот и реалноста се спротивставени еден на друг т.е. каде двата факта реално постојат,а не би требало...
Типичен показател за тоа претставува примерот со актуелните случувања по основ на кои деновиве сме сведоци,во однос на континуираните исклучувања на струјата заради неподмирени сметки за истата,но кои сметки датираат на неколку илјади денари,со четири или повеЌе нули, по основ заостанат неподмирен долг и за повеќе од една година!
Спротивен факт на тоа претставува член 367 од Законот за Облигациони Односи кој вели дека за една година застаруваат:побарувањето на надомест за испорачана електрична и топлотна енергија, гас, вода, за оџачарски услуги и за одржување на чистота, кога испораката, односно услугата е извршена за потребите на домаќинството;
Значи,иако според законот,застарувањето на побарувањето за сметките на електрична енергија застарува со истекот на една година и истото побарување натаму би требало да се одвива по судски пат,деновиве,сведоци сме на активно исклучување на електричната енергија од страна на единиците на ЕСМ -ЕВН.
. Овие исклучувања претежно се изведуваат кај сиромашната популација ,кај нас во Битола нивните мобилните единици беа забележани на повеќе локации низ градот;,низ Карпош,Буковски Ливади и Брусничка Населба,и тоа овие исклучувања претежно се изведуваа кај корисниците на социјална помош,кај кои и покрај за нив доволните проблеми кои произлегуваат од моменталната социо-економска положба на државата,им се наметнуваат овие исклучувања без претходно достоинствено предупредување од страна на приватизираната ЕСМ-ЕВН .
Несомнено,во овие случаи не помагаат ниту молбите на нашите сограѓани затоа што приватизираната ЕСМ веројатно поради недостигот на производството на струја решила да не ја дистрибуира истата онаму каде најлесно може да ја ефектуира својата власт.
Како потврда на тоа претставува и нивниот конечен одговор дека заостанатите сметки веќе не можат да се подмируваат на рати,туку ЕДИНСТВЕНО ВО ЦЕЛИОТ ИЗНОС.
По самиот чин на исклучување,следува срамно етикетирање со налепница на местото на исклучување за да се знае дека таму е исклучена струјата.
Тогаш, се наметнува прашањето зошто се воведени новите сметки кои за разлика од старите сега се преклопени со заштитна хартија за да не се знае кој колку троши,должи и плаЌа!
Веројатно,мој став е,кога ќе се размисли и согледа оваа идеја,се доаѓа до позитивна констатација,особено од аспект на почитување на човековата приватност како едно од основните неприкосновени човекови права,меѓутоа самата Компанија си противречи самата на себеси во однос на почитувањето и на доследноста на истата оваа практика бидејќи од една страна се залага за почитување на истите а од друга страна доследни ги крши.
Вториот проблем кој што се јавува а кој ги засегнува граѓаните во голем обем се однесува на трошокот за реализирана електрична моќност со предодредени 33,33%,во склоп на сметката за електрична енергија а кои се исплаќаат на име акумулирана потрошена електрична енергија,кој проблем стигна и до Врховен Суд на Република Македонија од аспект на оценување и преиспитување на законитоста и уставноста на истата таа одлука...
Алармантен е апелот на социјалниот граѓанин за интервенција на власта,во однос на разрешување или реализирање на некое даночно олеснување за оваа категорија на луѓе.На дослух е дека се приготвува закон заради оваа тема,но сепак,останува на времето да покажи.Она што е сигурно,е дека во Центарот за Социјална Работа,започнало уште пред неколку месеци со прибавување со на примерок од сметка со запишан заостанат долг како евидентен доказ за заостанатоста со плаќањето и вредноста на заостанатата сума.Неформално,се наговестуваат два владини поакети кои би требало да содржат даночни олеснувања кои би се однесувале или во подмирување на определена сума од сметката(некаде од 300 до 500 денари),при што државата би го платила тој дел од сметката во стрикно определена вредност,или истата би интервенирала на начин што на оние што разумно ја искористуваат струјата,при поголемото искористување на истата,ќе плаќаат повисока вредност за кило-ват потрошена електрична енергија,и обратно,при помало искористување на истата ќе се плаќа помала вредност за искористен кило-ват
искористена ел.енергија. Со овие позитивни законски измени и интервенции Македонија барем малку ќе заличи на солцијална држава за каква и уставно се декларира.
Што и како ќе биде ,останува да покаже самото време.
Останува и на граѓанинот без струја ,да се врати во времето на примитивизмот и да функционира без струја,што логички е тотално невозможно или пак,во крајна алтернатива да се снајде онака како што тој може,знае и умее,земајќи ги рабвотите во свои раце...

No comments:

 

BLOK © 2008.