Sunday, January 25, 2009

Другиот поглед кон Битола и Македонија

За време на мојот седуммесечен престој во Битола како волонтер на НВО- Форум на млади имав можност да се запознаам со многу интересни работи кои би сакала да ги споделам со вас.

Без сомнение, има многу песни за Битола и дознав дека многу е напишано за Битола од страна на славната “од надвор” перспектива. Во овие записи е веројатно доволно спомнато колку е убав пазарот и колку се гостоприливи луѓето. Еден извештај за тоа што се случува дневно на широк сокак веројатно не е повеќе возбудлив за некои Битолчани и пеењето на Оџата за странците кои не се навикнати на тоа, е возбудливо за нив, а е исто така добро познато. Описот на вкусниот мирис на Ајвар...



Па што: Зошто уштее ден запис за Битола? Во следните, некогаш контроверзни мисли за Битола и Македонија.



Дожд во Битола

Студена вода ви се заканува од неколку страни. Од една страна патот, ако е лоциран на рид, скоро тече, на планината, бидејки има само неколку одводи и овие неколку одводи се лоцирани најчесто на мали згради. Затоа е многу забавно, ако поминат коли, каде морам да признаам дека повеќето внимаваат на пешаци, но ако сретнете само една која брза на пат за дома, тоа е доволно за да сте сосема водени. Покрај тоа, треба секогаш да обрнувате внимание поради водата од покривите која течи од далечина од еден метар кон патот.



Возење со такси

Оваа удобност беше нова за мене, бидејки досега, само два пати во животот користев такси во Германија бидејки е едноставно премногу скапо. Сепак во удобноста овде треба да се ужива со внимание бидејки некои таксисти овде се религиозни но не ги сакаат многуте едноставни сообраќајни правила. На местото на патникот неколку пати размислив дека треба да возат без ризични маневри наместо да пресекуваат на секоја раскрсница. Кога и го кажав тоа на пријателка Македонка, таа мислеше дека само возачите кои ги прават овие маневри би имале искуство во тоа. Но дури и ако на кривина 10 пати никој не дојде, за жал тоа не е гаранција за ништо.



Теории за вечавки.

Минато: Секој викенд коли што свират поминуваат низ градот и од сите пријатели постојано слушам дека треба да одат на секоја венчавка на поранешни школски другари.

Тврдење: Има многу венчавки овде а луѓето се често доста млади.

Можно објаснение: На многу од луѓето помеѓу 20 и 30 години им треба посебна дозвола ако сакаат да останат надвор подолго од еден часот навечер и повеќето родители не дозволуваат невенчани парови да преспиваат заедно во станот на родителите.

Чуден заклучок: Брак како пат кон независност?



Празници- Зњаи таге дреѕ параде ( 2 дена 3 празници)

Според моето мислење овде, има многу. Целата прва половина од Јануари имав чувство дека секој ден беше празник. После тоа имаше многу важни денови на Светци каде што не се случи нешто посебно. Но реагирав малку со неверување кога едно мало дете ми рече сред Март “Утре не одам на училиште бидејки е денот Засади дрво”



Поглед кон Скопје

Мене ми се чини дека во Битола дека многумина немаат позитивен став кон Скопје, што е делумно поврзано со тој силен локален патриотизам на Битолчани. Како и да е изгледа многумина не сакаат да прифатат дека Скопје е главен град на Македонија а не историскиот град Битола. Веројатно затоа заеднички се вели дека најдоброто пиво, најдобрата минерална вода, најдоброто млеко итн потекнува од Битола. Дури може да е изненадување: Најинтересната локација во Скопје не е Рамстор туку Стара Чаршија каде што не само што останувате живи и здрави, дури и непознати ве канат на кафе.



Тогаш, сакам само да спомнам: Речете им на луѓе од странски земји да го исклучат болјерот додека се тушираат. Бидејки стануваат зачудени многу повеќе отколку со мајчиното млеко и можете да ги спасите од едно или повеќе непријатни искуства.



За крај би сакала да спомнам, бидејки можеби не звучи така, но навистина уживав во мојот престој овде имав многу убави моменти и сретнав многу добри луѓе и, многу важно, јас ги сакам Битола и Македонија.


Anne Katrin Gunter

No comments:

 

BLOK © 2008.