Tuesday, November 10, 2009

Стрејт Еџ

Straight Edge е стил на живеење кој што започна во времето на панкот и претставува негов подстил. Филозофијата на Straight Edge подразбира апстиненција од алкохол, цигари и дрога. Терминот straight Edge потекнува од истоимениот наслов на песната на групата Minor Threat, која што егзистирала во осумдесеттите години. Во кратки црти ова движење може повеќе да се дефинира на еден вид на филозофија или начин на живеење на одредена група на луѓе. Коренот на нивното „учење„ би била контролата (контролата кон себе).
єХе (како што скратено се пишува), е единственото малдинско движење, кое што пропагира апстиненција од цигари, алкохол и дрога и се залага за здрав начин на живеење, а со тоа и здрава исхрана. sXe не е догматичен. Тој не настојува по секоја цена да ја натера младината да ги следи. Не постојат никакви правила. Што би се прифатило или не, тие оставаат на младите.
Кога веќе еднаш ќе се достигне нивото на сопствена контрола, тогаш, природно е да се започне да се помага и на останатите. Сето тоа доведува да се допринесе нешто позитивнo и врз општеството во кое што се живее. Многу следбеници на Straight Edge се членови и на организации како што се Green-peace и Amnesty International. Tие исто така имаат отворени погледи и кон хомосексуалците, и воопшто не им пречи сексуалната ориентација
на нивните следбеници.
Straight Edge-ер се станува и доколку претходно сте биле “грешни“. На крај, на секој што ќе се покае, треба да му се прости.
Симбол Знакот “Х“ е заштитниот знак на ова движење. Најчесто се среќава како
тетоважа на надворешната страна на едната или двете раце, и всушност претставува еден вид на маркирање или обележување. Исто така може да се забележи и на другите делови од телото.
Како виновници за создавањето на овој симбол, се сметаат Teen Idles.
За време на нивниата свирка во San Francisco, организаторите забалежале дека сите челнови на групата се малолетни и се под дозволената граница за да конзумираат алкохол. После долги преговори нивните менаџери успеале да најдат решение, така што на сите челнови на групата им биле обележани рацете со знакот “Х“ за вработените да не им точат алкохол. Откако се вратиле назад во Washington истиот принцип на работа го предложиле и во тамошните клубови, со што би им се дозволило и на тие што се под легалната граница за пиење на алкохол, да можат да присуствуваат на нивните свирки.
Straight Edge се развивал низ неколку периоди:
Old school (доцни 70-ти и рани 80¬ти години)
Идеите на Straight Edge-от за првпат се појавуваат некаде на крајот од 70-тите години во некои песни, како што се "I'm Straight" и "She Cracked" на групата Тhe Mod¬ern Lovers. Иако ова движење започна во Бостон,Вашингтон и Њујорк, а брзо се раширило и низ САД и Канада.
Youth crew (средни 80-ти) За време на youth crew ерата, која што започна во средината на 80-те години, може да се каже дека Straight Edge движењето го достигнало врвот на својата популарност. Исто така, преку ова движњење и преку групата Youth of Today, се отворило прашањето за вегетаријанството кое што го
започнало и трендот за борба за правата на животните кој што во следните години ќе има се повеќе следбеници.
1990ти Во текот на деведесеттите години Straight Edge é от станал доста агресивен во промовирањето на својата култура. Тие покажуваа се помало разбирање за оние кои што не се како нив, односно кон оние што пушат, конзумираат алкохол и се уживатели на дрога, до тој степен што понекогаш се служеле и со физички пресметки. Во ова време, начинот на исхрана на Straight Edge-ерите, започнал се повеќе да се промовира.
Денес, како резултат на контроверзиите кои што ги следеа овие луѓе, Straight Edge é от полека започна да исчезнува, а за тоа доста придонесоа и медиумите кои што ги етикетираа како банди.
Minor Threat е американски хардкор панк бенд кој егзистирал на музичката сцена од 1980 до 1983 година. Нивната песна “Straight Edge” стана химна на sXеé движењето. Нивните песни најчесто се кратки, брзи и со голем голем аудио квалитет, што не било својствено за алтернативната музика во тоа време.
Познатиот телевизиски канал Na¬tional Gographic chanel пред една година го сними документарецот посветен на оваа група на луѓе. Во него портретира Straight edge-ри од двете најчести групи: позитивната и милитантната.
Иако филозофијата во двата случаи е иста, сепак тие се разликуваат во начинот на кој што тие го презентираат својот став. Т.н. Позитивци се оние луѓе кои што, пред се, настојуваат преку апстиненцијата од денешните пороци да успеат да воведат контрола врз самите себеси. Со самото тоа што тие ќе ја постигнат таа позитиван контрола врзи нивните животи тие формираат и позитивен став за околината во која што живеат. Додека милитанниот огранок го сочинуваат луѓе кои што исто така се придржувата кон истите принципи (без алкохол, цигари и дрoга), но за разлика од другите тие присилно им го наметнуваат нивниот став на останатите. Нивни најчести жртви се пијаниците, корисниците и дилерите на дрога. За нив немаат никаква милост. Доволно е да начекаат некој таков на улица и да го претепаат. Често се случува некој да биде претепан и до смрт. Во кратки црти,
целта на милитантите е да го исчистат светот од пороците, што за скоро време нема да се случи. Како да се придружам на Straight Edge?
Секој може да биде стрејтеџер.
Тоа не е како останатите “ религии“, нема главен кој ги води и нема храмови или списоци. Тоа лична филозофија и начин на живот. Важна е само контролата. Штом ја достигнеш конторлата кон својот живот, преку трите основни правила на straight edge-рите, тогаш и ти си дел од нив. На многумина тетовираните луѓе им личат на алкохоличари на наркомани и сл. Но, кај стрејтеџерите тоа е само дел од нивниот стил. Тоа е уметност преку која што ја искажуваат својата припадност. Најмногу моментно ги има во Солт Лејк Сити и Рино, Невада, во државата која е позната по легалната проституција, коцкарите и наркодилерите. И имајте на ум дека, иако во денешно време се помалку се оние луѓе кои што живеат таков живот, сепак, ваквиот начин на живот постои!

No comments:

 

BLOK © 2008.